Да. Ама ако има прележано, е заштитено, ама колку? Искуство? Некаде пишува 6 некаде 9 некаде 3 месеци
Јас сум читала дека до 6. Што апсолутно не е гарантирано. Може да фати или не фати сипаници и пред и по тој период.
И јас знам дека до 6 месеци имаат имунитет од мајката но само ако е на ексклузивно доење. Мојата беше 8 месечна но ете не префати. @kikin
Да да, уште нема ама ептен тазе е. Вчера имаше две деца само... Сега ќе чекаме две недели, ама од група му се, не знам овие мислам не се префатни 100%...здравје. Си собирам информации,
Како изгледаат брунките од голема сипаница? Како мали меурчиња се? Детево ми се пожали дека ја чеша на грбот, гледам такво и уште две помали. Нејзината група во градинка цела имаше пред месец и пол сипаници. Веројатно е последна во низата. Утре одам на лекар секако ако има нови
Женски, малата ми фана варичела, е сеа на тело ја мачкам со една пена ПоксКлин, ама ме интересира на дунде и на газе со што дамачкам.Фала ви
Здраво девојки. Што двате на децата од 12 месеци за подобрување на имунитетот после варичела? Дали му дававте пробиотици или витамини за време на вирусот? Фала ви.
Син ми сега во Ноември ги имаше. Цело време додека ги имаше му давав исто што и претходно-Д витамин, Омега 3 и витамински сируп за железо. И гледав што повеќе Ц витамин да внесува тогаш. Од кога му се исчисти се’ продолживме по старо, со трите суплементи Консултирај се со педијатар ако сакаш да бидеш посигурна.
Внука ми има сипаница првото брунче и се појави пред 6/7дена , со девојчето мое беа цело време заедно таа недела дена пред да избие , ја очекувам и малава да покажи , ме интересира за колку време се чекаше максимум да избиат ако а има префатено , оти ја талент само проверувам по телово нејзино од вчера наваму