Ти пишала Теди, 14-21 ден. 14 дена од избивањето на осипот кај другото девојче. Не мора да значи дека ќе избие и кај твоето.
Нас ни го препорачаа Изопринозин, се употребува за вирусни инфекции како: херпес зостер, варичела, морбили заушки... Но мојата имаше и респираторни инфекција, можеби затоа(прашај си педијатар). Истовремено давам вит. Ц, б комплекс и а+д3. Мојата за еден месец ќе прави 5 год.
малце поеќе паничам оти е настината сега неделава и со јадење со све зафркава и ептен ќе се измачи со тоа и така е тегава на ниво сега со обична настинка , па и ова плус ама ќе видиме оваа недела дали ќе бидеме точкасти или не (јас со време се опремив со пената и со белата пудра)
И испаднаа на 9 ти Јануар, сите се више засушени, еве пред пола саат испаднаа со татко и да шетнат на пола саат, да ја фане воздух, здиве дома цела недела. Во затворено нема да ја носи, само надвор, и онака нема скоро никој низ Велесов воа време, одлучив да прошета.
И нас на 8ми ни излегоа. Скоро сите се суви она како што викаат како красти. Добро значи може да шета, нема нешто ризик ни за нив, да почнат повеќе да искачаат ваљда...
Па јас сметам дека веќе може да се шета, ние од вториот ден почнавме да ја корисиме Поксклин пената за сипаници, и не и пораснаа како големи брунки, туку малечки и таа одма почна да ги суши, само неколку има големки кои беа со водичка, оти чекавме потрвда дали е Варичела, ама и тие се веќе суви како корузи. Па според тоа се одлучив да се изнесе малце надвор, за другите више не е опасно, само нив шо им е паднат имунитетот, ама па и ако не испаднат како ќе го појачаат. Прошетајте на отворено, добро ќе му дојде на детето, па и пола саат или 40 мин не се ништо, јас така сметам
^Не е страшно шетање надвор. Избегнувајте колку можете затворени простории, собири на повеќе луѓе, па дури и градинка одложете колку можете. Можеби знаете, но чисто инфо, 6м после сипаниците, имунитетот е опаднат до најниски можни граници. Многу често се закачуваат респираторни заболувања, вирусни инфекции и сл. Синми во рок од 3м, два пати доби бронхит, пола група од градинка после сипаниците се испоразболе (вируси, бактерии, пневмонии), на пријателка веднаш доби воспаление на уво. Да не ве плашам, само да ве предупредам да бидете попретпазливи.
Ќе ве замолам за мислење од искуство ваше. Неможам педијатаркава да ја добијам пола ден па затоа реков да ве прашам и вас, дур не се слушнам со педијатаркава. Ми се јави сестра ми да ми каже дека внук ми почнал од сабајлево да вади од ситната сипаница ( пратила слики на педијатарката па и потврдила ). Последно видување/дружење на синко мој со внуците беше во саботата ( точно пред 8дена ). Дали и колку време пред избивање на сипаниците може да се пренесат/префатат ( точно незнам како да се изразам ) ? Знам читајќи ве на форумот дека од како ќе избијат веќе не се пренесуваат. Инаку сега ќе го однесев да фати и моево дур е зима и помал ( немој луда да ме правите ) . Не ми е за мој синко да се разбереме ( да не бидам сфатена погрешно или дека сум луда не се грижам за синко мој ) , но сакам да префатил, да ги прележи вака помал. Но, проблемот е што синко мој беше во дружба со дете од неполна 1година неделава и највеќе тоа ми прави грижа на совест. Се јавив на мајката да и кажам сепак да знае.
3-4 дена пред појава на симптоми може да се пренесат. И не е точно дека одкако ќе излезат сипаници веќе не се пренесуваат.
И откако ќе избијат се преносливи се додека не се исушат. Инаку, нема потреба да имаш грижа на совест. Ти не си виновна. И да фати другото дете, тоа е. А и не мора да значи дека ќе префатат. Мојата беше во контакт со детето на јатрвата и пред тоа да избие и откако изби, па не префати. И јатрвата фати Од својот син, а мојата не.
А зашто треба да прифати морбили? Ретко кој ја има прележано. Да не земаме во предвид ланската епидемија. Има ммр примено?
А како вака од слики им потврдуваат докториве? Нели тоа мора и доктор да го забележи, па мора да се 200% сиг дека се морбили. Нели преку крв се испитува и потврдува за морбиливе?
Не се морбили. Недај Боже да фати внук ми со неговата дијагноза морбили. Инаку синко мој е уредно вакциниран со сите вакцини. Воопшто ни во лудило не би го однела кај дете со морбили. Стануваше збор за обични сипаници и затоа реков дека би сакала и да префати и не баш паничам на таа тема. Не дека сум психо и би си загрозила здравје на свое дете! Читајте убаво пред да изнесете свои мислења. @Mantub тогаш е моја грешка веројатно погрешно сум разбрала дека не се пренесуваат од како ќе избијат. @Black girl работата е што за 4дена тоа дете прави крштевка и прв роденден, па од таа гледна точка ми е непријатно доколку префати. @mariz се работи за обична сипаница која ја фатиле неколку деца ( им избиле ) во групата од градинка на помалиот внук. Од вчера се со избиени по неколку ситни точки неколку деца од групата. Од каде го извадивте муабетот морбили не сте ми јасни. Недај Боже да фати внук ми морбили. Незнам од каде испадна муабетот морбили. Читајте убаво. Немора да се дига тензија. Морбили се морбили, овча сипаница е овча и варичела си е варичела. Прашањето имаше конкретно прашање : колку време пред избиените сипаници дете е заразно. Немам искуство со сипаници па затоа пишав ситна сипаница. Може моја грешка како некој кој не се разбира нит има искуство со сипаници па пиша по нејзино мали сипаници. Ако беа Морбили недај Боже внук ми ќе беше веќе на Клиника, а ја сигурно немаше да типкам на форумов. Некогаш треба да се има осет и да се земе во обзир дека со некој излагања на мислења можете да извдите од памет некој член! Битно малку ме раздрмавте па и расонивте ( читај извадивте од памет ). Сепак фала .
Епа ти си пишала погрешно а не дека другите ти шират муабети. Затоа чил, не избувнувај. Сама си крива, па после друг те извадил од памет. Боже вре. Ситна сипаница - морбили. Крупна сипаница - овча- варичела.