Да те поправам и тебе и @wannaBeMomma , ситна сипаница е варичела, мала сипаница = морбили. Голема сипаница не постои веќе. Син ми фати варичела, ги помина лесно. По 2 недели и ќерка ми која е нецели 8 месеци. Малку повеќе избија кај неа и имаше тт 2 дена, а друго не беше комплицирано. Не беа кенкави двајцата, не се чешаа, не плачеа. Едино им се поднамали апетитот. Користевме пудра и пена. Кај девојчето бањав и со хиперманган Тоа е нашето искуство.
Да, денес им потврдија дека е варичела ситна сипаница. Ако фатил и синко мој кога да очекувам да избијат ако избијат?
Кај син тцми избија на 13 ден.. Кај друго дете 18 ден од последниот контакт. Ама сметам дека 8 дена пред избивање не се пренослови. Ден/два пред и после избивање се најпреносливи.
Ај врати се наназад во темава види што пишувала Јас сум 99,9% сигурна дека ситна е варичела, мала морбили, крупна не постои. Ама ако грешам ете нека ме поправи медицинско лице, затоа 1% оставам луфта
Ако можеш, колку можеш, одложувај. Шест месеци после сипаници, имунитет им е страотно опаднат. Мојов после 2 недели закачи бронхит и тоа речиси пролет беше, а уште не појден пак во градинка. Речиси сите од градинка закачија по нешто...
Така ја учевме порано. Мали сипаници се морбили, а варичелата народски се вика ситна или овча сипаница.
Па трета недела поминува од избивање на осип, не ми е пуштен само поради тоа што сум дома со беба. Да бев на работа секако ќе го пуштев по две недели. Цела група се веќе пуштени во градинка.
Прв пат слушам дека ситна сипаница е варичела. Никој од моето опкружyвање варичелата не ја нарекол ситна. Баш голема и мала ги викаат. Голема - варичелата, мала - морбилите.
За колку време се губат скроз сипаниците? Поминаа 20+ дена а синко има уште по телото како флекички... Паднати се ама како црвенциња стојат...
Па, мојот денес тргна во градинка. Не е веќе шарен како на почеток. Паднати му се ама негденегде има флекички.
Толку брзо го пушти? Нема кој да го чува? Јас имам многу лошо искуство со големиот после прележана варичела. Во октомври ја прележа, лесно, без температура, со малку осип. Ама после штом се повлекоа брунките одма го пуштив во градинка, секоја втора недела беше на антибиотик, меѓу другото два пати гнојна ангина и три пати воспаление на уши. До април месец глава не крена од болести. Затоа, ако имаш кој да го чува, почувај го бар десетина дена дома. Варичелата многу, ама многу го ослабува имунитетот.