Има, јас сум дома. Ама му скисна дома не знае што со себе па демек затоа го пуштивме... Не знам што да кажам што е паметно.
Јас планирам во понеделник да го пуштам, ќе му се фатат 10 дена дома. Тек 4 издржавме, не се трпи. По неколку пати на ден ќе облече чевли и чека пред врата.
Може малку глупо прашање...течна пудра или некакви други гелови мачкавте на сите брунчиња од најситно, уште "неразвиено" или само на оние кај кои се појавува течноста? Јас ставам на сите ама се мислам дали треба така? Може треба да дозволам брунчињата да ги поминат сите предвидени стадиуми, па после да го сушам или ладам со геловите..
Колку дена обично држи температура? Сабајле имаше малово 38 дадов парацетамол ептен беше легната.Видов брумчиња околу 5. Што да очекувам деновиве?
Ние без температура пројдовме, ама не би требало повеќе од 3 дена. Во следните 3- 4 дена очекувај уште осип. Може и да кашла. Ама и со кашлица немам искуство.
Имаат систина, ремедика не оди. За брисеви јави се прашај. Ама систина е болница се би требало да им функционира. За ковид брис прашуваш?
Нас крвна слика, урина црп ни проверувале. Верувам дека и брисеви може да проверат, само што тоа посекако се чека 2дена за резултати дали ќе има бактерија. Едит: сега гледам Милки за ковид дека ти пишала да не е. Најубаво јави се барем да знаеш дали да одиш ако е само за тоа, мада мислам дека се им функционира откако се преместија во нов оддел одвоено.
Не малата од прееска се жали на болки позади грбот, нема нема почнува да плаче, и кажува каде ха боли се на истото место, и се почесто ја фаќа, модрица нема, не е падната, на моменти ја стега, може крвна слика да се провери и што и да треба сега ќе ѕвонам извинете на грешки
За ковид брисеви не бараат. Обично крвна слика, црп и урина гледаат. Ако ја боли позафи кај грбот измеѓу плешките може и желудникот да ја боли и воздух да не може да зема од болка. Систина 24/7 работи може и Др Душко да ви е дежурен сега он е супер.
Не знам, плаче кога ќе ја фанеш ви раце, плаче ако се наведне, плаче ако се сврти, и така додека седи почнува наеднаш да плаче, и кажува боли боли со рацете позади, и за 1-2 мин веќе се смирува, па после 4-5 мин пак истото, на пат сме за накај систина, ми кажаа дека има две докторки дежурни, кога сакаме да дојдеме детето ќе го прегледаат. И така се спакувавме и на пат сме. Заспа моментално, па таму дополнително плачки ќе има оти ќе и го прекинам сонот. Фала ви женски, убава вечер имајте