Готово, се вративме Велес, крвна слика земено, урина не Се измоча малку госпоѓата и не било доволно, а бев трчав да и купам сок од бензиската, за да се излаже да пие, и да го наполни тоа кесичката, и замислете НЕ САКАШЕ сок, додека бевме таму не полуде, пуштеше вриштење, докторката не даде точна дијагноза бидејќи асоцираше на инфекција, оти се жалеше на болки во грбот, па ваљда си помисли дека е нешто со бубрезите, а да не се лажеме и јас на тоа мислев, утре ќе се трудам да и земам, па сопругот ќе однесе од сабајле. Кај женски тешко се зима мокраќа, усвет ми се фаќа више . Затоа и бевме дотаму за да завршам работа се вечерва и да не се мислам. И дадоа блок макс . Нека се премести сето ова во соодветна тема. Извинете што пишувам тука.
Добра е, нема ништо, туку кажи ми, ако ја седнам во нокшир да се измоча дали може таков пример од урина да се однесе?
Еее, колку сум изнервирана значи, уште од сабајле и дадов сок, ај гледам не сака да пие многу, иначе кога ќе се решам да и дадам сок, му се пушта , го надига и го пие скоро цел, сега го лиже. ај си велам јогурт сака, со повеќе вода и гонаправив, не бре..се напи малце, и толку. Е сега викам ќе ти дадам чоколадо, едно животинско и тоа до пола го изеде, не сака. Се решив со смоки да ја пробам ко демек солено па ќе пие повеќе, ама мочка ептен малце, големата среќна пресреќна , празник чиниш за неа. Од сабајле 3 пати солидно се измоча, оти како ба малава така и на големата мора да дадам, си касна ј чоколадо и смоки, а воа малово душа ми извади. А кога сме нагости или имаме гости , од масата не се трга, јаде лапа, пие сок ко да не видела. Редовно полни пелени, ама не знам зошто по малце мочка.
Навистина не знам, јас еднаш на малиот му собирав урина во чаша директно се измоча ама машко е, полесно е. Знам дека треба да биде стерилна, пробај измиј го убаво нокширот ако немаш друга опција.
После колку дена од избивање на сипаници ги вадите надвор? И со што би можела да мачкам внатре во гениталии, течна пудра само надворешно мачкам ама и внатре има и се чеша многу?
Ти ги прочитав сите мислења, како е малата сега? Да не и се фатил некој нерв па ја болело позади на грбот.....сега се жали ли уште?
Едно прашање, не знам дали како дете имам прележано. Мајка ми не знае ни за неа ни за мене. Ама работата и е таква и ете у контакт со детенце со сипаници. Каде можам да проверам антитела и дали можам? Не ми е за друго, туку сме у фаза за бебе... Малава до сега ко шо знам немала сипаници.
Во институт за јавно здравје да прашаш Приватниве имаа за морбили ама за варичела не знам. Јави се и прашај по приватниве игг антитела за варичела дали испитуваат. Особено е опасна варичелата кај бремени жени во првото тромесечие.
Внук ми има сипаници, 2-3 дена беше малаксан и еве веќе од вчера избиа и има по целото тело. Сакам да прашам од кога смејам ќерка ми да ја мешам со него за и таа да ги прифати? Постарите велат додека се помали полесно ги поминувале. Они цело време си играа со ќерка ми ама овие 2-3 дена слабо а од вчера не се ни виделе. Дали е можно и таа за брзо да покаже или пак треба пак да ги мешаме?
Не мора да значи дека ако има ќе ги фане одма, некои дечиња и спијат заедно, па другото не фаќа. Ако сакате сега да ги прележи, нека си играат по неколку саата, или на крај краева од иста лажица да јадат И да, колку помали толку полесно, само после ќе треба да билдате имунитет оти од сипаниците паѓа, и лесно после закачуваат се и сешто. После 2 недели ќе покаже ако фанала и она. Колку што знам јас ама баш точно по 2 недели. Најзаразен е вирусот од кога ќе избијат.
Кај мене додека имаше сипаници малата, докторката ни рече полесна храна, и многу течности и цедени сокови. Овошје и зеленчук на прво место.
Кај мене Ад секако пиеше сабајле вечер, мала беше тогаш, година и пол. А месо и јајца ни тогаш сакаше, а ни сега не јаде. Така што, за ова не сум стручна да одговорам