И да се вакцинираат не е гаранција дека нема да се заразат, само ги олеснува симптомите и го намалува времетраењето на прележувањето. Во кои градинки виреат сипаници? Голем страв имам од нив.
Ние сме со сипаници веќе 4 дена, градинка Морковче, иако негователката ме уверуваше дека ви јасли нема ниедно дете со сипаници, само во поголемите групи и не ги мешале децата еве мојава фати. Ептен тешко поминуваме, 39 температура, сирота неможе да јаде дури и внатре во устата има и цел јазик,нема кај не се исфрли. Среќа па делува пената Покс Клин не се чеша.
Периодов сегде ги има. Карпош, Ѓорче, Центар. За натака немам информација ама сигурно има. Не се плаши.
Ова се големи сипаници, и кај нас ја нема таа вакцина, затоа што децата релативно лесно ја минат. Во Велес уште нема , ама верувам ќе стигнат кај и да е.
Да не е Кoксаки? Слушам мнoгу гo има пo градинките, дури дека се давала пoгрешна диjагнoза сo сипаници.
Нема плашење од Варичела де за деца. Лесно поминуваат обично. И нема потреба од посебна исхрана и слично. Како и кај секој вирус. Полесна храна. Ама ова за месо да млеко не и слично првпат слушам. Не претерувајте со страв околу тоа. Ние функциониравме нормално и бањање и се. Мачкавме течна пудра и толку. Имунитете малку паѓа после сипаниците, ама тоа е тоа.
Ако има секаде (вклучувајќи под мишка, на уши, во коса внатре, на дланки, на табаните), сигурно е варичела. Синчето исто и во уста имаше, па дури и на капаци на окото и на местата каде што се трепките...
Да, јас користев Покс клин, супер е, тие што и се направија меурчиња одма ги исуши, а тие што не беа уште со меури веднаш ги повлече ( не се ни направија меури) . Мислам дека 2 шишенца цели ги потрошив, ама не се чечаше ич. Тоа пената е одлична. Со лесно да си ја помине.
Кај малава во градинка има сипаници веќе подолго од месец дена, до сега сите се изредија останаа уште мојата и други 5 дечиња што немаат фатено. Вечерва приметив на мешето неколку ситни точки и една позади на ноџето, ама не се меурчиња, не ја чешаат, и нема температура... Така да не знам дали станува збор за сипаници или не, ќе ја следам ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата ако излезе дека е сипаници ќе земам пената одма.