Малиот имаше температура синоќа и грлото го боли,типичен ларингит ми изгледа.Меѓутоа денес видов меурчиња кај двата и најверојатно е варичела.Немам некое искуство кај блиски луѓе,па затоа би ве замолила да ме посочите што да користам,што би било најефикасно.Читав дека Изоприносин се користи и за варичела,сте слушнале за тоа? Однапред ви благодарам
Да, моите и двете пиеја Изопринозин. По шема се пие, ќе одреди матичниот лекар. Прво однеси ги да се потврди варичелата и ќе ви кажат како да го пијат сирупот. И секако Покс Клин пена ќе ви треба обавезно. Многу помага и за побрзо заздравување на меурчињата, а и за чешањето. Со лесно
Мајки малиот цела недела не одеше на училиште поради кашлица. Сега кажаа дека има деца со варичела во одделението. Може да имал од претходно фатено, или пред да излезат се преносливи само неколку дена?
Да. Две недели е инкубација. Ако е заразен, ќе има симптоми за една недела, ако не е, ништо нема да има.
21 ден е инкубација, може да фатил. Јас баш се сеќавам избив на 5ти Август, а синчето на 20ти (15тина дена после мене). Значи фатил и додека не сум била со избиени точки.. Сестра ми го виде 2,3 дена пред да избие он (значи некаде на 17ти), а и избија неа крај на Август, може да беше беше и почеток Септ...
@mariz да, ама пишува дека се преносливи 2-3 дена пред да се појават и во тек на избивањето, а тој 9 дена се нема видено со никој од училиште. Тоа ме буни дали е можно толку денови да се преносливи пред да извадат децата. Денес пишаа дека се појавиле. Јас мислам дека имам прележано многу мала, инаку не знам како ќе поминам 19 недела сум.
Можно е, затоа и Фана ти вика уште една недела и ќе знаеш на што си... Јас знаеш трудна фатив и незнам ни од каде, никој близок немаше тогаш сипаници. Јас бев 28ма нед и матичната рече дека варичелата не е убаво да се фати на почетокот од бременоста и на крајот пред раѓање...
Мајки здр.. Саб бевме во контакт со детето што вчера добило осип... Е сега нели има шанса да се заразил и мооето.. После колку време да чекам ссимптоми? И друго прашање мрп немаме примено требаше утре да одиме ама се јавив кажав и рекоја да чекаме сега нема вакцина... Е сега нз колку е поврзана мрп со големата сипаница.. Дали се заштитени дека ја немааме прримено? Се плашам ради тоа
Крупната ја има тоа дете? Нема вакцина за таа. Мрп ти е за морбили, рубеола и паразит. Инаку може да фати, јас кога прележував префатив од дете што скоро засушени му беа...
Вика не сум го носела на доктпр ддирект земав пудра.. Има осип нема секаде немаа мни не гочеша многу..
Не можам да едитирам место парализа паразит сум пишала @prinstongirl2 мислам дека морбилите се со температура прво па после избиваат. Може да ја има крупната...