Со поголемото дете, никаква мака не видов, само се исфрла. Никавки симптоми, еднаш само се пожали на чешање и толку, поминаа. Каде фати не знам, не одеше градинка пред тоа 2-3 недели, но велат може и од тогаш да е, а да се исфрла покасно. Точно по 15 дена ми се исфрла и бебе. Еве денес 4ти ден, ноќва не можеме да ја поминеме, плачки еден куп, никако да заспие. Втора ноќ со ред не заспа ич. Многу ја чешаат, поготово пеленскиот дел и е најмногу нафрлан, жал ми е, кутрото се мачи, глетката е тажна, можам да замислам чешањето. Мене еден комарец да ме касне, се чешам од нервоза многу, не пак цело тело. Варичела е, ќе помине, се надевам утревечер ќе спие
Може и да не фати. Син ми со другарка му пред избивање се возеа еден до друг во кола она не фати. Читав дека два дена пред избивање биле најзаразни
Има случаи со морбили една мајка тука пиша по темиве исто за детето дека и рекле морбили се. Уницеф скоро апелираа дека бројот растел на заразени поготово веќе маски дека нема. Ја го вакцинирав по календар. Немаше ништо реакција
И јас немав слушнато, а пред некое време на золва ми докторката и кажала дека имало доста случаеви, баш некои извештаи гледала веројатно што ги добиваат докторите за број на заболени
@Jana06 обавезно да се вакцинира за морбили мажот, мислам дека за возрасни е само за морбили вакцината, не е мрп комбинација. Мнооогу е тешка за возрасни болеста. Во авицена може да провери антитела. Варичела исто тешко може да поминеш колку што си повозрасен. Инаку има и морбили и варичела, и рота и се од инфективна болест што беше заспано со ковид
Не знам за морбили и варичела зашто варичела сите освен маж ми имаат прележано ама рота вирусот... Сите не испофаќа во поширок круг и само јас и малиот лесно поминавме. Страшен вирус, преобилно повраќање и дијареа, едно бебенце на блиски 11 дена беше болно. Маж ми и татко ми од кревет не можеа да станат, толкави мажи ги покоси.
Варичела фати другарка од ќерка и, 2 недели не стана од кревет. Со морбили возрасни во болница завршуваат. Прашајте матичен и нека се вакцинира. Инаку, со рота и јас и маж ми на инфузија завршивме, малото вакцинирано со 1 ден повраќање беше. Мали деца со рота без вакцина по 10 дена се со проливи.
Давај пред спиење Зиртек или нешто што имаш за алергија, ќе ублажи колку толку да заспие дете, и туширај пред спиење со малку по ладна вода. Ние така поминавме.
Сипаници ли е ова? Со рота син ми заглави во болница оттогаш проблеми со лактоза и меше, а јас активирав целијакија. Вакцинирајте деца. Страшна е.
Варичела бебево ја прележа на 2 м, од братчето, многу лесно, со 1 точка на главата една на лицето. Големиот и со покс клин и со пудра го мачкав,, релативно лесно без темепартура, само веше доста нафрлан. Ништо не пиевме, го чував дома 1 м, и почна во градинка. И заради тоа не успеавме да се вакцинираме рота. Многу ми е криво, големиот си е по календар вакциниран.
Ептен лесно поминало бебето. Моето не можам да опишам колку е нафрлано, башка девојче, се треси кога се чеша. Не ја оставам, но пак гревотичка е, али се надевам уште ден два ќе се смири. Кај машките подруго е, мислам и полесно поминуваат, поготово ако се поголемки
Личи на почетна Варичела. Вака беше и кај нас, после само поголемки што станаа и како пликчиња со течност... Ако искочат за брзо нови, може да е тоа.. Син ми е 7г и не смее да прими втора доза мрп до крај на годинава поради примена целосна анестезија скоро (другарчињата негови од одд примија). Заштитен си е од првата доза? - дека читам морбили имало..
Да, би требало да е заштитен, јас сега во бременост ко испитував рубела имав антитела уште од вакцината што ја имаме примано ко мали.
Исто сме и ние. Големиот ја помина без проблем, малово 5 месеци се нафрли целиот, најмногу на главата. Имаме и температура од пред 2 дена скоро по цел ден во опсег од 37.5 до 38.7. Еве веке 6ти ден откако почна да се нафрлува. Ама почнаа првите да му прегоруваат па се надрвам за ден два ке помине. Со лесно нека ви е и на вас.
Со лесно и кај вас. Полека исчезнуваат кај бебево, мачкам и со контратубекс за да нема лузни/флеки, пена Покс клин и на freezyderm талк. Има подобрување, лошото се надевам помина. Апетитот забележав намален и е
Јас не знам што е тоа што го тера родителите да не си ги вакцинираат децата и намерно да предизвикуваат нови епидемии на одамна скоро па искоренети болести.. Сфаќам дека се плашат, ама тоа не е вакцина за ковид, за шест месеци измислена и ставена во употреба, мислам МРП вакцината, барем според мене е доста многу поиспитана вакцина и многу повеќе време имаат потрошено на нејзино доусовршување за да биде беспрекорна. Само си размислувам гласно..
Овде ја имало, не знаев јас. Инаку денес се сипаше, јас сега видов. Утре да зимам од пената. А мислев дека не одмина оти тоа од некни беше од некоја бува.