Јас па ја бањав со еуцерин маслена и тело и глава, само ја мазнев некако полека. Може дека имав осет како може дека јас бев исто со сипаници, и само со вода како да не се миеше пената. После тапкав со тетра да се исуши и пак мачкав пена. Откако се крастички треба баш да се пази да не се откорнат. Кога станаа красти по еднаш на ден ја мачкав клин покс ама брзо веќе да паѓаат и престанав со мачкање. Ќе има пигментација на местата каде имало сипаници, и ќе се избелат за некоја недела. Внимавај и на сонце да не се изложува, и фактор и под сенка зашто пржи кожата и се зацрвенува. На детево се му се смири и среди кожата за 1 месец од избивањето на првата сипаница. Мали се и брзо се регенерираат.
Минатата недела кога бев на љуљашки,малата се стрча по едно дете. И бабата ми викна немој да ја пушташ. Има малиот сипаници. Па го изнела на љуљашки. Ми се стемни .
Големиот веќе го шетам слободно он е веќе слободен преку 20 дена поминаа од утре и во градинка сњ враќа. Го носевме сами кај мајка ми и таму пред зграда да се истрча нема никој таму. Малото му е 9 ден веќе му се суви и паѓаат, три дена го шетам после 7 саат навечер ама он секако сие во количка и нема никој допир со него.
Мајки, како изгледаат сипаници? Малава денес се исфрли црвени точки, по цело тело, имаше темп 39..ама сега пред да си легне немаше пд точките.
Сипаници не излегуваат многу. Значи првично ќе излезат две три брунчиња, па уште 5, па уште 3.... На пример. Не наеднаш како осип од инсект или алергија. Тој осип и бил од температурата.
И јас на нејзина возраст сум прележала мали сипаници, баш ја прашав мајка ми минрече ако се со вода тоа е.. Ама немаше ништо.. Прво таму ми отиде паметот, за сипаници. Фала мајка
Деца со сипаници носат буквално секаде. Вчера сретна маж ми познаник со малото кај Авиончето (таму има миљон деца) и таков Cool вика, аа подалеку од малата со сипаници е, ама може и сакате да го мешате. Не не сакам. Сипаниџи жити му останаа да пројде, може па и да почекаме да зајакне. Е* без осет.
А никој од родителите не кажа? Кај нас баш си кажаа сите. Тоа е. Не било намерно заразувањето од некој, па да има лутење. Идеален момент за зараза нема. Никогаш нема да ни одговара заради ова или она. Ама подобро е да прележат. Не разбирам зошто криење. Миробакт. Препорака од педијатар. И ако случајно од чешање некои се закачени и малку поголеми и црвени и на тие ставав. Малово многу се исфрла. Како на @monik55 баткото. Ми даде матичната изопринозин за да се стопира искачањето.
Ќе се среди кога ќе падне скроз исушеното , ќе се врати во нормала . Кои сипаници ги има , оние крупните или ситните ? Јас " на старост " ( бев втора година во средно ) прележав крупна сипаница , ако ги има тие вака изгледа кога се сушат : најпрво пука и водичката што е внатре ќе се испразни , после почнува процесот на сушење ( ден или два беше кај мене по пукањето ) и тоа траеше можеби недела и половина , по што паѓа и она кога ќе се иуши како кора што е . Е сега ако ги има ситните , не можам да ти опишам како изгледа тоа , затоа што не ги имам прележано тие ( или бар јас не се сеќавам ) . Мојов не сипаници , туку кашлица и тт ми донесе . Веќе една недела е со црвено грло ( малку ) и имаше тт првите 3 дена , сега е добар . Но , бебето префати а и 3 тројки и излегуваат сега , па мака мачиме со неа , ем кенкава е од грлото ја боли , ем тт до 38.9 и оди ноќе .. Бевме на доктор ни даде антибиотик сируп Цефаклор и Парацетамол сируп , плус и ставам водени чорапчиња и така се обидувам да и олеснам колку толку . Маки наши , ама тоа е , дечиња се тие колку да се трудиме да ги заштитиме , не е се во наша моќ . Ќе им помине на сите , брзо оздравување нека им е и со лесно да поминуваат само .
Dragana mi rece kantarionovo maslo otkako ke padnele korupkite pomagalo. Ama ke ja zemam i ovaa. Eve skoro se iscisti, ok projde se samo.padna osven 1-2 korupki sto mozda malce gi podotkorna. Zdravje posle praznikot nazad vo gradinka
Кај големата така е. Неколку се останати само и тоа баш тие кои ги откорнало и кои ми ги кажа Драгана дека може да се инфицираат и да ги мачкам со миробакт. Ете баш тие останаа последни. И кај малово на тие поцрвени што се мачкам.
И вие сте со буба марки? Бебе е при крај само потешко му паѓаат на главчетп корупките. На лице му се паднати сега њ како комарци да го касале. Мене ми кажа матичната на тие поцрвени гентамицин да мачкам.
При сипаници дали се дава Лоратедин секој ден или само ако се чеша многу детето, односно по потреба? Друго прашање имам колку дена е процесот додека избиват брунчиња? И исто ме интересира дали има шанси да крене температура веќе откако е исфрлен осипот, или само пред тоа креват тт?
Јас лоратидин не давав, не ми кажа докторката. Вообичаено е првите 3 до 5 дена да избиваат. Можда на топлово побрзо избиваат. Не би требало да крене температура после избивање.
Ni nas ne ni dadoa loratadin samo bcomplex sirupce.. na mojata i izbivaa okolu 6-7 dena stom izbija prekina temp inaku imase skoro sekoj den