loratadin nikako samo mackanje so tecna pudra ili pena. Nie sega gi pominuve dodeka izbivashe so 40 tt
Леле зошто Лоратадин никако јас 2 дена и давав , бевме во странство ( е се вративме наредниот ден) ама дека не сме дома ме фати паника, се јавив на матичната по телефон, и ми кажа да ја мачкам со бела течна пудра, ако ја чеша многу пена за ладење, ако крене тт сируп да ја симне и вика Лоратадин, е сеа не разбрав дали секој ден Лоратадин или само едндаш или по потреба, тоа непрашав, и и давав 2 дена додека бевме таму, доза според годините и килажата. Штетен ли е за нешто, инаку девојчето е 5ипол години? ...мене таква паника ме фати, дека сме и со мало бебе,плус несме дома, ни упатство прочитав,....
@sunmoonstars не е штетен, соодветна доза си давала и многу доктори го даваат за чешањето со сипаници. По потреба се дава. Нормално дека доктор ќе слушаш што те советува, не си дала на своја рака.
Имам едно прашање. Ако дете кое било во контакт со некој со сипаници во наредните 5 дена не развие симптоми, дали тоа значи дека не се заразило? Не сакам да бидам се јас „лошата“, ама имаме во блиското смејство деца кои биле во контакт со сипани деца, па дали да го изолирам моето во наредните 5 дена да нема контакт со нив иако немаат се уште симптоми. Знам дека е подобро да ги помине, но само што излечивме вирус со грло, нос и температура, ослабен му е многу организмот од антибиотик, не би сакала да фати и сипаници со температура.
Од каде тоа 5 дена? Можат да се појават и после 2 недели. Нема зошто да си лоша, здравјето на детето е побитно одколку мислењето на другите, а сипаниците имаат над 95 посто веројатност дека ќе се зарази ако е во контакт.
На нет најдов нешто You can spread chickenpox to other people from 2 days before your spots appear until they have all formed scabs – usually, 5 days after your spots appeared. The spots start appearing around 1 to 3 weeks after you caught chickenpox. па сама се тешам, зошто нема шанси да го изолирам 3 недели да не биде во контакт со нив, зошто знам дека ќе биде. Работата е сега на почеток дур се уште и уште немаат симптоми дали има можност да се зарази.
Чикенпокс е варичела, а малите сипаници ако зборуваш за нив се морбили. За морбилите се смета дека се заразни 4 дена пред појава на осип и 4 дена одпосле. Вакцинирано ти е детето?
Да вакцинирано е, и се работи за варичела, барем така кажале во градниката каде одат дечињата со кои имаме контакт. Како и да е, ќе се почуваме во наредните 7 дена, за секој случај.
Kerka mi na primer nikogo ne zarazi od gradinka bar ne prijavija roditelive. Odese cela nedela i toa vo sab i ja primetiv prvata tocka use ne znaevme deka se sipanici. Ama realno do 2-3 nedeli od kontaktot pred isfrlanje ne mozes da nzaes dali fatile i dali ke stanat zarazni posle 2 ili 3 nedeli
Здраво. Детето ми има крупни сипаници. Не дава никако да го намачкам со течна пудра (едвај на некои места успевам со плачење и набрзинка). Ако не го мачкам, дали нема да има никаков ефект? Колку време избиваат и дали од сонце треба да бегаме?
Ако не се чеша не страшно да н не го мачкаш, ама секако подобро е за да не инфицира некоја. Пробај со пената clean pox, брзо и лесно се мачка. До 1 недела трае избивањето. Никако на сонце, болно е детето, а и откако ќе се исушат и паднат не треба да се изложува на сонце, кожата треба да се смири.
Ден, два, макс 3 избиваат. После 3 почнуваат да се сушат. Земи од таа пената Покси клин, не остава бело и немора на точка по точка да мачкаш.
изгледа сепак ги фати. Тмпература има од синоќа и после секоја излегува по едно до две темни брунчиња. Ама јас не гледам да има водичка во нив па се двоумам дали се сипаници. Сега го ставив да се разлади во вода, па мајка ми ме искара не требало туширање ако има сипаници? А ептен расплачен беше и се го чешаше? Да не го туширам?
Може да се првите како точки без водичка, тоа тек кога ќе созреат се полни водичка... Обично брзо излегуваат, па ако е сипаница до утре ќе има уште многу нови.. За туш можеш, а да седи во вода незнам. Јас сред лето фатив (фати тогаш и синко), па си се туширавме. Во пеколот во Август фатив, шанса немаше да не се туширам. По 2,3 пати во ден знаев да удрам туш (башка што бев 7ми месец трудна вриев).
Не знам, искрено, бевме и на дежурен, не пратија на инфективна, не било сипаници, осип од температура и жешкото време, ама само нови му се појавуваат
Не ги отвара сликите... И мојава има осип од сонце од вчера Вчера беше само на гради малку нафрлана, денес до папокот има и на рамената до плешки. Скоро имаше и температура и мислев да не е и од тоа, ама па доста денови поминаа.. Прв патми реагира вака на сонце, вчера беа во двор горе соблечени. Пушти слики од ново, не ги отвара горе.. Мојава вика дека ја чеша многу... Едит: ми отвори сега и твоите слики. Личат на вруќаници (од топло)... Имаш користено хиперманган? Да полееш на крај од бањање со тоа..
@mariz не земав хиперманган, не ми кажаа. На дежурен ме исплашија дека е Косаки, па трчавме на инфективна, таму ми рекоа дека не е ни сипаници ни косаки, туку осип од температура. Ми рече да му давам Лоратадин, а кога ја прашав за мачкање рече ништо, ни течна пудра. Ама еве го не може да спие од што го чеша, а и Лоратадин дадов и плус го намачкав со судокрем на делот под пелената. Инаку јас сум иста ко ќерка ти, алергија на сонце имам од мала. Јас освен на сенка на плажа не можам да седам на друго место. Мене знам мајка ми ме мачкаше Синопен на времето, ама пак прашај си педијатар за поточно да ти каже што да мачкаш. Сега кога гледам јас станувам поцрвена од неа. Ништо нека биде со бела маица кога е најјако сонцето. Ќе мине.
Не е сипаница ова, варичелата чеша кога заздравуваат брунките, не од старт. И осип од температура не чеша, ова е најверојатно од топло нафрлано.