1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сипаници кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од maweja, 12 јули 2014.

  1. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    1.854
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. Инаку вртам на една сосетка на која детео минатата година прележа сипаници да дојдат да се поиграат и таа ми вели, страв ми е пак да не ги фати...:x I am speechless
     
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.689
    Допаѓања:
    72.586
    Пол:
    Женски
    Тројца прележавме периодов (јас, сестра ми и синчето мое), 3 дена избиваа кај сите.. ако од утре стивнат и приметиш се сушат нема да избиваат нови. Јас од сите тројца поминав најстрашно (лом едно до друго од глава до пети), а сестра ми дали со 15 на цело тело помина :) Викаат колку понизок имунитет толку повеќе ке избијат.... а јас трудна бев 7ми тогаш, абе немаше место каде немам... (на табани имав дури)...
     
  3. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.901
    Допаѓања:
    135.187
    Пол:
    Женски
    О не знам колку има врска со имунитет. Син ми многу малку имаше а малава беше страшно многу исфрлана.
    @No Makeup не го мешај со деца, не за другите туку за него. Многу им паѓа имунитетот и може лесно да се разболе. Јас многу лошо поминав и со двајцата. И откако ќе поминат првитњ месец дена многу се нежни пази
     
  4. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    Ако некој прележал сипаници не значи дека не може да префати пак. Има такви случаи многу. Исто како што некој што не прележал не префатил иако имал контакт со носител. Зависи многу од имунитетот.
     
  5. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Ја видов темата па да прашам како поминуваат поголеми дечиња над 5 години со варичелата? Ќерка ми уште малку ќе полни 5, уште нема прележано сипаници, кога беше помала се молев да не фати сега пак ми е на мисла, нели поголеми потешко прележуваат сипаници.
     
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.689
    Допаѓања:
    72.586
    Пол:
    Женски
    Јас прележав на 24 год, сега, трудна. Не се плаши, боље да ги фати помала.. јас и синчето 2.5год е, исто поминавме скоро... температура до 38, а и многу нафрлени. А сестра ми како комарци да ја каснале, гајле немаше, немаше ни температура... а има 21год :) Зависи до имунитетот... ама во секој случај поубаво помали да прележат..
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.822
    Пол:
    Женски
    Не може да ги фати пак истите, бидејќи вирусите кои ги предизвикуваат сипаниците живеат во организмот на човекот штом еднаш ќе влезат таму, не исчезнуваат воопшто. Само што при пад на имунитетот може да се појават симптоми, ама нема болеста да се прележи во иста форма како првиот пат. Вирусот на варичела зостер е предизвикувач на овчата или ситна сипаница која е честа кај нас, и првата форма е варичела, како болест која се јавува најчесто во детството. Втората форма зостер е честа кај возрасните, не е исклучена кај децата, и не се работи за варичела, т.е за друга форма на истата болест која зафаќа само една страна од телото и е прилично болна.

    Значи, од ист тип на сипаница не може човек два пати да заболи.

    Сипаниците се детски болести, не се секирај. И да ги фати сега, полесно ќе ги прележи од на пример возрасен човек. Кај возрасни да се појави варичела значи дека имунитетот е прилично слаб и затоа потешко прележуваат. А кај децата е полесно. Јас лично имам прележано варичела кога бев некаде 5-6 одделение, значи 10-11 години. И прилично лесно поминав колку што се сеќавам.
     
  8. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    "Само што при пад на имунитетот може да се појават симптоми, ама нема болеста да се прележи во иста форма како првиот пат."
    Тоа значи дека детето пак ќе има сипаница само полесно ќе ја помине т.е. пак ќе ја има?
    Прашувам зошто мене така доктор ми кажал и имам неколку примери во околина со дечиња што два пати ја имале сипаницата.
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.822
    Пол:
    Женски
    Не, нема да има сипаници, туку на пример некои симптоми како растечен нос, зацрвенето грло, евентуално температура. А да има осип не. Ама тоа скоро воопшто и не се случува, најчесто други вируси се во прашање.
    А дека двапати може да се прележи иста сипаница, тоа дефинитивно не е точно. Со прележувањето се стекнува доживотен имунитет, па нема логика да се појави истата болест повторно. Значи зборуваме за сипаници и други детски болести, за обични респираторни и стомачни вируси не.
     
    На *Лорена* и joy1 им се допаѓа ова.
  10. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    1.854
    Пол:
    Женски
    Да и јас знам дека од иста сипаница не може пак да се разболи, затоа малку и се налутив, но нема врска секој си знае за свое дете. Е сега можели некој да ми каже дали може да ја капам, прочитав и со хиперманган и добро, и дали може да ја изнесувам надвор во дворот? Истата сосетка помина не виде и вели не ја изнесувај надвор ке и се подлутат и не ја бањај. Јас во овие бабини деветини многу не верувам.. И колко време ќе ја чешаат дали некој знае?
     
  11. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    Можеби заради тие симптоми викаат детето има сипаница пак а реалноста друга била. Јасно ми е се тоа со вирусот и имунитетот ама изгледа и докториве наши неискажани остануваат или е полесно да кажат така и завршена работа. Во секој случај благодарам за исцрпните одговори, и мене ми реши некои дилеми.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.822
    Пол:
    Женски
    Слободно бањај дете, само не со шампони и сапуни, оти не треба да ја триеш кожата. Со хиперманган нека биде последната вода за плакнење, и да се исуши на неа без бришење со триење. Хиперманганот помага во побрзо сушење на брунките.
    За изнесување надвор, може, ама не ја мешај со други, затоа што имунитетот многу паѓа и може многу лесно да префати и други вирусни или бактериски инфекции. Кога сосема ќе помине сипаницата јачајте имунитет и повеќе на свеж воздух. Најмалку месец дена да не оди во градинка после тоа.
     
    На M&M и No Makeup им се допаѓа ова.
  13. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    1.854
    Пол:
    Женски
    @Annath мене многу ми е страв баш од дополнителна вирусна или бактериска инфекција. Пролистав и по нетов и да ти кажам право подобро да не прочитав. и така и е ослабнат имунитето, мислам дека ешерихијата има голема улога во тоа, а и покрај тоа воопшто не сака свежо овошје и зеленчук. Минатата година се јадеше, оваа ништо не сака како ли не пробав.. Не можам веќе само се подразболува, грлото често ја боли, па спушти ларингитис, хроничен и е веќе. Затоа ми е многу страв од компликации. А инаку детето од кое се зарази, кога бевме на роденде, мајка му видела дента дека почнало да се осипува, исега ми кажува кога веќе и на мојата и се појави. Сакавда ја задавам ми се чини. Многу неодговорно од нејзина страна колку деца е довела до зараза.. Моето со слаб имунитет јадничко ..
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    10.085
    Знае некој да каже дали има информации вирусот на морбили дали е оној против кој ја примаат ммр или е некој див вирус? Бидејќи неофицијално читам дека и деца кои се вакцинирани од истите имаат заболено.
     
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.420
    Пол:
    Женски
    вакцината не ни значи дека оној кој ја примил дека нема да заболи.
     
    На Annath и MissDior им се допаѓа ова.
  16. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.192
    Vakcinata ne e deka deteto ne zaboluva, tuku polesno ja prelezuva bolesta i e pomalku opasna.
     
    На MissDior му/ѝ се допаѓа ова.
  17. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    1.854
    Пол:
    Женски
    Може ли некоја мајкичка да ми каже кога ќе ги снема сите сипаници? Поминаа 16 дена имаа уште, суви се излупени се , но си стојат како белег?А и гледам уште се чеша, а почнавме да се играме со деца па да не се уште заразни? Лекарка ми рече дека не се, но сепак ми е стравза другите деца, да не излезам неодговорна
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.822
    Пол:
    Женски
    Не е заразно детето, слободно може да го мешаш со други деца. Ама јас би ти рекла немој, оти имунитетот страшно паѓа. Оправи го детето убаво, сега е период на вируси и доста променливо, да не закачи уште нешто.
     
    На No Makeup му/ѝ се допаѓа ова.
  19. dade123

    dade123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.181
    Пол:
    Женски
    дали некој има прележано сипаници, мислам дека се мали? после ќе ја носам на матичен малата незнам дали се сипаници, имасе два дена тем качи и 39,4 и после два дена има осип во гушата, зад уши, назад на грбот... додека ја однеам после се мрднав, не се чеша ич, можно е да се сипаници, иначе вакцинирана е со сите вакцини, знам дека вакцината не штити од истото уку полесно може да ги помини.незнам како би изгледале мали сипаници да знам дали се тие
     
  20. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.192
    Osip od virusot ti e toa. Ne se sipanici
     
    На dade123 му/ѝ се допаѓа ова.