Здраво, дали може да се бањаат децата со сипаници или не и како да се измиваме? Голема е 10 год., и има само на неколку места моментално, големи како со гној внтре. И колку дена трае температурата?
Обавезно да се бања. Темп е кај сите различно, некое дете има 1 ден темп, други додека не се исфрлат целосно.
Инаку не ја чешаат, еднаш денес ја намачкав со бела пудра, а гледам има и нови како црвени точки, отпосле стануваат со гној така?
Во понеделникот малата 3 години извади сипаници, веќе почнаа да и се сушат. Не ја мешам со други деца, ама ме интересира на прошетка може ли да се изнесе , така воздух да ја фане
Женски, да ве прашам, малата скришум ми се чешаше, се додека не ја гледав. 3 години е , и да сакав не можев да ја допазам. Ќе отидам во кујна , она ги чепкала брунките, тие сите шо и беа на дофат ги корнеше. На рачињата, на лицето, кога беше гола на мешето и на нозите, значи буквално додека се свртам ги корнеше. Ако некој знае, ќе и останат белези по цело тело, или оти е мала нешто од нешто ќе се регенерира кожичката ?