Edvaj so pudrata samo na nekoi delovi uspevam so penata e polesno ama neznam koja e podobra. Mala e samo se cesa ne spie samo place
И ние сме со сипаници,денес 6 ден,еден ден температура над 39 , утредента исфрли 5 брумчиња,веќе и се сушат денес прв ден излеговме на воздух, дали смее да се бања ,ништо не ни кажа матичната колку мора дома да седи,дали е веќе заразна ,смее ли да се меша до деца, сега ќе чекам кај малиот дали ќе покаже.
Смее да се бања, само внимателно на бришење после, да се исушат а да не ги откорнете. Нека не се меша со деца непрележани,(и неа и е паднат имунитетот) почекај и кај второто дете, па после
Здраво мајки, Ќерка ми има 5 години, и тераме веќе една недела со сипаници, варичела. Некои веќе се сушат, има подобрување, се приметува. Е сега, прашањето ми е дали можам да и правам инхалација, со физиолошки, или синомарин, бидејки носот и се затна. Обично така се лечиме, со инхалација, но сега со сипанициве ми е поразлична ситуација?! Има и во устата 3-4 сипаници, па со инхалаторот да не направам бетер беља, тоа ме мачи..... Дали некој има искуство?
@macalavica син ми беше многу исфрлан, бараше да се бања, па му ставав овес внатре во водата, валда го смируваше пошто цело време ми бараше да го бањам ( два најкритични дена имаше, го бањавме по 2 пати на ден). Да го споделам искуството, може некому ќе се најде. Кога ќе размислам, вториот ден и неколку дена потоа кога креваше тт, го мачкав со 3 различни работи, се чинеше ништо не помага... Со лесно да пројде!
И мојата бараше да се бања, за чудо, пошо обично е војна кога треба да се бања. Сеа исто два пати на ден сигурно туширав. Само со вода. Имаше премногу... Грев беше. Ама јуначки издржа. Пена, па пред спиење туширање, полевање со хиперманган, па течна пудра. До 3 ден имаше едвај 20, без тт. Затоа 4и5ти хорор. Ноќта 5ти спрема 6ти ден, качи ептен висока тт. Не мерев зошто немав кај да и измерам, секаде имаше. Ама ѓоја проценка е дека сиг беше 41, никогаш не била така жешка. Не се допираше од што беше жешка. Дадов блок макс и брзо спушти и толку. Утрото веќе спаднаа отоците и црвенилата останаа само пликовите. Ужас беше ама искрено на толку сипаници супер се држеше.
Поголемава прележа сипаници,уште истиот ден крена тт и се појавија над 20на грб и меше веднаш. Малава крена блага тт и само неколку брунчиња од вчера и тт која сама се спушта. Што да превземам за побрзо да излезат?
Не знам да ти помогнам, освен она по старо затоплена соба и во црвена боја блуза да избиеле побрзо ... сакав да те замолам ако можеш во пп да ми пратиш слика како изгледа имав и ја сомнеж дека малиов мој избива/има па да си споредам.
Ќе ти сликам ама лоша камера имам и плус се прекриени со пудра. Неколку се како со водичка полни,другите како обични брунчиња.Излегуваат без одреден распоред.На малава на газе првин и на врат,на поголемава на грб и гради.И тт двете.
Прво излегуваат на топли места. Под пазуви, меше, интима. Полни се со вода. Со врвче. @mal.ecka не се исипуваат сите деца исто. Мојот имаше 5 дена темп , не мн висока и излегуваа нови брунчиња. Секој ден по 5-6 . Не беше многу осипан. Добро поминавме.
Да,еве двете различно. Сега веќе и малава повеќе има. Само да не ми крева високи тт,засега е супер. Ве
Со лесно да ги помините @mal.ecka еве на мојов денеска 7 ден му е. Во петокот не го пуштив на школо носот чешма му беше и во неделата одручекта крена тт и се исипа. 4 - 5 дена тт до 39 но на 7 часа креваше, но не беше страшно. Па фативме кандида во уста, па капки, но фала му на Бога еве го се среди за 2 дена...барем почна пак да јади. Чувај ги во топла просторија,мачкај со течна пудра и пената помага многу за чешање.
Фала,имам и пудра и пена. Поголемава 5дена креваше до 39,првите 3 на 8 часа,па по еднаш во ден. Малава до 38.3 вчера и денес. Се надевам ќе мине лесно.
Моите ги поминаа сега, прво поголемото синче 5 год има, 5дена со тт висока беше дури до 40, нема кај не се исипа, го држев баш во поладна просторија да не му е склет, го бањавме секој ден дури и по 2-3 пати, имаше и во уста рани афти, и на грло, ептен страшно.Бебњто после 13 дена исфрли, тоа имаше 3 дена тт а 5 дена излегуваше осип, нема кај не се исипа и тоа, среќа што цица 6 м е, сега веќе му поминуваат, корупки имаат веќе сите.Кога може да се бањаат со маслена купка и да се мачкаат со млеко?Има ли некоја крема за белези да не останат, големото не се чекаше ама коричките после како за инат ги излупи па ми е страв да не му останат белези.
Нема правило. Мојава немаше температура а беше многу исипана. Знам и за случај на сипаници со 10 точки.