Ти со температурата како јас со ушите на децата. Моиве не се некои кревачи на темп и кога се болни идела до 38,2-3. А ушни инфекции, бронихитис, бактерии без температура проаѓале кај нас.
здраво, ве молам за во моментов најефикасните реквизити за прележување на сипаници... од пудри,средства за мачкање, средства за бањање,.... ве молам да не барам низ цел форум... благодарна бескрајно!
Pox clin пена. После капење да го исплакнеш со хиперманган раствор и да не го плакнеш. Многу течности и вит ц
Кај нас беа ефикасни Poxclin пената и биодерма цицабио ( Lotion spray) , моите двајцата имаа температура, електролити давав, течности, парацетамол по потреба. Син ми бараше да го бањам цело време ( година и 9 месеци), додавав овес во водата, без ништо друго, го плакнев само и толку. Најстрашни ни беа деновите кога избиваа, проследени со температура и треска.. 4 - 5 дена па потоа станува полесно. Со лесно!
Син ми првиот ден 40.2 темп. Од нареден 38.5. Трет ден веќе немаше, го гледам сега, значи он исфрли четврток, а веќе се како красти.
Го броите ли и првиот ден кога кренале тт? Првава уште првиот ден се иссипа,вторава само неколку првите два дена,е вчера и денес е со премногу.Уште крева тт и се всипува.
Дали јас погрешно ја разбрав матичната или различна терапија даваат Купив витамин Б6, овде читам Б комплекс давате. Има голема разлика? Покрај тоа ни даде и вит ц и да си продолжи со Олиговит витаминскиот сируп кој неодамна почна да го пие. Инаку од вчера се појави осип ,дали 5-6 мозолчиња има во пределот на стомак и грб, едно на ноџе,едно на врат и едно во близина на препони. Не се жали,не го чешаат ,не ги ни забележа,дали секако треба да се мачкаат со Поксклин/Течна пудра или да почекам да се жали на чешање? Вчера крена тт,првата беше 37.6,потоа за 6 часа крена 38.9, дадов далерон а ноќеска се разбуди со треска и за 20мин од 37 отиде на 38.6. Дали пак ќе качува температура?
Додека имаат сипаници дали ги изнесувате надвор или цели 2 недели дома седите ? со помин да е на сите деца
Првата кога имаше врнеше цела недела и не излезе,после ја шетав и надвор беше колку сака. Малава првиот ден беше ладно врнеше, само на тераса ја вадев,после одеше надвор јер хорори беше ако не ја извадев. Па нормално си излегоа. Ќе се раководиш според детето. Уште денес и утре и завршувам и со вторава
Одлично , дека препораката беше да бидат на топло цело време па си прашувам како така се издржува дома без да се излегува ( башка немаме ни тераса ) пу пу да не се урочам , моментално нема ништо ама да си бидам спремна во секој случај
Нашава матична рече дека е дозволено, само да не се меша со луѓе првите 5-6 дена бидејќи е заразен. Потоа се очекува да се сушат и повеќе не се пренесува заразата.
И јас така мислев,па и јас кога имав седев дома две недели,ама и со тт,главоболки,гадење,па и не ми беше до излегување. Маливе супер беа,не креваа висока тт,па најпрвин убаво ае распрашав дали смеат надвор,па ги вадев.А со други деца не ги мешав се до 14 ден ради мој мир,а инаку што почнат да се сушат не се веќе заразни.
Nie ja setavme,bese maj mesec lani a taa ne odese imase 13 mes. Vo kolicka ja setavme, maticnata rece.ok e.nadvor ama da ne se mesa so deca
Првата недела не излеговме, потоа отидовме на гости(децата имаа прележано). Надвор не шетавме нешто посебно. До кола и назад. Првата недела неќеше да излезе ни на тараса воздух да ја фати. Откако почнаа да паѓаат почнавме да функционираме нормално, ама пак без преголемо мешање со други деца.