Па има. За сипаници се даваат сите Б витамини. За да се бори организмот. Само б6 не ти врши работа. Јас мачкав само течна пудра со анестезин. Има ист ефект како Покс клинот, а не е едно чудо пари. Веднаш ги суши брунките.
^Јас воопшто не сум задоволна од пената. Мачкав кај големата уште има флеки,а на малата само со пудра у веќе изчезнати се а е 12 ден,а големава месец одкако излегоа.
@mal.ecka кај девојките колку дена излегуваат нови? Кај син ми една недела. Прашувам дали кај сите е исто зошто и јас фатив еве 4 ден со тт болки во коски, зглобови и многу чешаат. Кај фатив сега баш за Велигден...А најсмешно е тоа што мајка ми тврди дека сум прележана
Па скоро по 7 дена кај двете. Јас 20 год.имав кога ги прележав,многу тешко минав. Уште излегуваат кај тебе?Уште ден-два би требало да почнат да се сушат. Со лесно
Како си му кажувала така ќе ти кажува Поголемава многу се жалеше на чешање,малава не.Мене ужасно ме чешаа.
Јас не ги држев децата на топло, баш педијатар ни препорача во поразладена просторија да седат, и топлото уште повеќе склет ке им прави, изгореа од тт 5 дена уште да беше многу топло незнам што ке се случеше,околу 21 степен држевме, ги бањав по 2-3 пати дневно,нема кај не се исфрлија, бебето уште корички има.Сега од како им испораката коричките како црвени флеки имаат, особено ако се расплачат се вцрвенуваат, дали бледнеат со тек на време? Со што да се мачка кожата сега после прележување?
И на мојата исто и се појавуваат при плачење, мачкавме со една крема на фрези дерм, таа ни ја препорачаа во аптека. Се надевам ќе се повлечат. А 2-3 сигурно ќе и останат лузни, баш тие што беа најголеми. Не ги чешаше ич, ама тоа е.
На лице стававте ли пена/пудра? Има едно баш над горната усна,ми е страв да мачкам од овие да не лиже,капнувам прополис. Леле дете изгоре 3 ден со тт ,уште колку ќе трае почна и да поткашлува,има врска со сипаниците? Денес ептен се исфрли...
Јас ставав. Иако не беше нешто многу исфрлен. Околу устата пак ич. Ама и да го лижне, талк е по состав. Ништо страшно. За кашлицата следи. Ако ти стои сомнително носи да го слушнат . Сипаницата знае да направи опструкција поради паднат имунитет. Има врска едното со другото. Темп мојот имаше додека се исфрлаше. Може да трае и до 7 дена.
Давај и лоратадин пред спиење. Има успивно дејство и смирува чешање. Инаку ставав и на лице пудра, секаде каде што има. Се кашла со сипаници. Во исклучително ретки ситуации прави и пневмонија. Ако ти е на мисла, и е долго со висока темп, однеси го во амбуланта на Инфективна клиника утре. Нема гужва за викенд.Ќе му направат и крвна слика и ќе го слушнат. Не треба упат, ги сметаат за итни инфективни состојби и плус е дете, сигурно ќе ве прегледаат супер.
И син ми кашлаше и грлото беше со пликови, имаше црвени точки по грлото и бели како пликови афти.Кога помина тт се смири постепено и тоа.
@duffi @KuklickaSk @macalavica Се смири кашлицата,еден ден му траеше. Меѓутоа се жали на болки во грло и болки во стомак. Матичната му рекла на мм дека некои и внатре се исфрлаат Грлото му е исфрлено со бели пликови, што да му ставам? Ако продолжи и денес тт ќе го носиме на инфективна. Инаку давам летизен пред спиење. Чешаат кога излегуваат или кога заздравуваат? На усната едно му загнои
Може да прскаш прополис. Инаку сите се сипаат и внатре. Затоа може да дојде до секундарна инфекција. Ако ти е мисла носи го на инфективна. Ќе го прегледат. Мојот се чешкаше кога се сушеа, претходно не. На загноените смееш да ставаш белогент или миробакт.