Сипаници кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од maweja, 12 јули 2014.

  1. angel25

    angel25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    170
    Baby_Cream_175ml_700x963_01.jpg Мене оваа ми ја препорачаа во аптека, иако е за пеленски осип, ја користевме и за сипаниците и навистина ни помогна.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.008
    Кога ве читам за компликации коски ми се тресат,како бе и внатре излегуваат:o
    Среќа што моиве минаа на ред ќе си пукнев,и за среќа лесно минаа.
     
    На 24.07 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.246
    Допаѓања:
    27.878
    Многу се ретки компликации со варичела, ама пост ковид период, дали од изолација, дали од мутирани вируси и деца и возрасни све потешко проаѓаме.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    12.686
    Пол:
    Женски
    И мојов се жали на стомак уште пред да почнат осипот и температурата. Кажав на докторката кога бевме на преглед, ништо не ми рече претпоставувам нормално е.
     
    На mal.ecka и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  5. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.382
    Допаѓања:
    18.620
    Бевме на инфективна. Прокоментираа што сте чекале до сега.
    Детето и според нив е премногу исфрлано, за да се спречи понатамошно исфрлање му препишаа Панцеф сируп и Ацикловир таблети. Природно не престанало исфрлањето, па затоа вака да запре.
    Само со покс клин да го мачкаме,со хиперманган да го бањаме и контрола кај матичен во понеделник.
    Исфрлен е по стомак, грб, газе, јајциња, анус, лице, раце,нозе, глава, уши, очи(внатре во око на капак), нос(внатре и надвор), уста,грло,јазик...само нема на внатрешна страна на дланки и стапала. Катастрофа. Јас се убив од плачење што не можам да му помогнам повеќе.

    Му направија крвна слика (за прв пат од вена(facepalm) ) и направивме рентген на абодмен,уредно е се за среќа.
    Денес и температурата попушта околу 37.8 се движи,од ноќеска од 12 му немам дадено далерон.
    И тој малку апетит што го имаше го губи полека..
    Да ни даде Господ сила да издржиме уште малку,не знам што да кажам, пропаднав психички.:drunk:
     
    На azelea и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  6. TravellerS

    TravellerS Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2019
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.809
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja мајка со лесно нека минува.
    Мојата ќерка кога имаше сипаници со класична бела течна пудра ја мачкав, а купив и покс клин, но повеќе ефект имаше течната пудра.
    За жал мајките пребродуваат се што и децата, мораш да си цврста ќе помине се.
    Сигурно знаеш дека постелнината и се што носи во овој период треба да е пеглано ради хигиена, да не случајно нешто се инфицира.
    И да знаеш после сипаници имунитетот им е катастрофа, ќе биде поподложен на вируси, инфекции, настинки.
     
    На Sofi.ja и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.412
    Допаѓања:
    22.662
    Пол:
    Женски
    Мајка, кој ден ви е? Јас ќе ти кажам да не се секираш, мојата исто така беше премногу исфрлана, имам слики ставено во темата за сипаници. И во очи, и уста, нема кај немаше. Од глава и паѓаа красти 2 месеци.
    Вечност ми беше. Немаше слободно место на телото од осип.
    Тт немаше мн, ама ноќта 5ти према 6ти ден качи ептен висока, сигурно 40 ако не и повеќе и тоа беше пикот, веќе не качи.
    Само на матична пратив слика, ми рече нема место за паника.
    Никаде не ја носев. Само витаминска терапија.
    Мачно е, жал ти е да гледаш дете така, знам.
    Јас искрено не очекував да бувне толку зошто до 3 ден немаше ни 20 и викам ај уше толку да исипе топ.
    Ама 5 ден, цела мислам беше потечена во фацето.
    Јас ја бањав само до вода и на крај со хиперманган, па мачкав течна пудра. Во текот на денот само со пената. Пудрата ги суши побрзо и навистина тие што ми дозволуваше да ги мачкам на лице побрзо поминаа.
     
    На Skyler, Sofi.ja и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.768
    Допаѓања:
    145.270
    Мачни се ама ќе помине. Не се плаши. Штом немате наод, ќе почне да се суши и осипот.
     
    На Sofi.ja и mal.ecka им се допаѓа ова.
  9. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Мој совет само течна пудра да си земете. Онаа пенана ем скапа, ем никаков ефект немаше, освен што ги разладуваше. Три потрошив за џабе. На времето мајка ми ме чуваше во топло. Сега педијатрите не препорачуваат во мн. жешко. Често туширање исто е во ред. Моите воопшто не се чешаа, многу беа одговорни. Маж ми многу потешко мина. После сипаници имунитетот им е катастрофа. Нон стоп беа болни. Еден ден во градинка, другите дома. Мн лош период. Дури во март еве ги сврзаа месец. Се надевам толку беше. На моиве лузна им остана првата сипаница. На син ми на веѓа, а ќерка ми на чело. После сипаници убаво е телото со млеко за тело почесто да им се мачка. И во групава од децава еве повторно има сипаници, оние кои не прележаа пред Нова година сега се на ред. Тежок период, ама барем истовремено прележаа моиве во еден ден разлика. Да се утешам.
    Со помин на сите дечиња.
     
    На Ano, Skyler, Sofi.ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.862
    Допаѓања:
    202.990
    Пол:
    Женски
    Ќе пројде и ова, сигурно. И верувам дека ти е тешко, претешко. Ама ќе помине. И прашај за нешто за јакнење имунитет, дали изопринозин, цинк или нешто слично... оти после сипаниците имунитетот е крш, кај моево со Цинковит Ц го оправив после некој месец од прележана варичела.
     
    На Sofi.ja и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.008
    ^ Јас давам Мултивитамол сируп на др.Тајс,вит.ц два пати на ден,и на поголемава калциум ради алергијата.Кој знае дали е доволно,матичната ниш не кажа.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.382
    Допаѓања:
    18.620
    Ви благодарам на сите за утехата.
    Јас сум бремена и знам дека и хормони ми работат,ама секој пат кога ќе го погледнам ми доаѓаат солзи. Ми се упропасти детето. Претходно едно мозолче да имаше на лице цел ден ќе се туфкам,ќе чекам да помине,а сега ова е страшно. Плус тоа ослабнат,испиен во лице како пиленце.
    Но од вчера имаме подобрување,има тт но не е за сируп,веројатно престана да избива и осип,се надевам се ближи крајот.
    Пред да почне сипаницата му давав сируп Олиговит заради намален аптетит. Педијатарот рече да продолжиме со него и при сипаница. Веќе 3м јаде мед со матичен млеч,но сепак во март закачи и коксаки. Ќе прашам за нешто појако по сипанициве. Среќа татко му е дома до крај на месецов,па ќе го заштитиме и него колку толку од градинка.
    @Цвет88 по избивање на прво мозолче денес 7ми ден,по тт денес 6ти ден.
     
    На Ljubica87, 24.07, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.008
    Толку е,до седми ден е осипот па и тт.Сега ќе се сушат,ќе биде добро.
     
    На 24.07, duffi, Sofi.ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    12.686
    Пол:
    Женски
    И кај моево исто 7ми ден од осип, 6ти од температура, исто цело исфрлано (капаци потечени, куре црвено, низ коса, јазик) само грлото не му го видов ама пак јаде колку толку. Кога те прочитав на инфективна се исплашив, си викам да не треба да го носам. Тебе што те натера да го носиш?
    Јас летизен почнав да давам и ја преспа ноќта инаку претходните ноќи ги преплака во раце. Многу било тешко ова.
     
    На azelea, 24.07, Sofi.ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.382
    Допаѓања:
    18.620
    Мојов до сега многу пати бил со бронхит, се има исечено,изгорено,дупнато глава...ама како овој стрес со сипанициве што го окркав никогаш не сум се чуствувала волку беспомошно.
    Инаку отидовме на инфективна бидејќи беше 5ти ден со тт до 39,на секои 6 часа давав далерон,дете беше млитаво, се жалеше на болка во грло (исфрлано комплет со усна празнина и јазик) болка во стомак и се повеќе се исфрлаше со големи црвени мозолчиња.
    Давав и летизен до завчера,бидејќи веќе не се чеша не дадов вчера. Конечно преспа ноќ(со неколку плачки и претања) и стана во 10:inlove:
     
    На azelea, Coco31, 24.07 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.246
    Допаѓања:
    27.878
    Софи, готово поминува. Чим ве пратиле на контрола на матичен, добар е. Они точно знаат во која фаза е болеста според анализите и дали може да искомплицира. Стресот како мајка, наш си е. Така старееме.
     
    На duffi, Sofi.ja, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    33.253
    Пол:
    Женски
    Не е за дете, но незнаев кај да прашам. После колку време можи да се фарбам, дали можи кога ќе се исушат да се исфарбам или да чекам да изчезнат. @mariz @mal.ecka случајно дали знаете вие, дека имате прележано како возрасни.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. a.principessa

    a.principessa Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2022
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Дали секогаш се јавува температура? Завчера сабајле му приметив на ноџето бидејќи го чешаше, но мислев нешто го пролазело. Вчера вечерта имаше и на грбот и 2-3 на мешето...сабајле и по лиценце коса..можам да приметам дека имаат како ситно бубуличе со вода. Тука ги викаат водене козице...не сме дома и на Др. би го однела утре попладне да потврди дали се сипаници. Не се чеша сеуште и нема темп...но искачаат нови. Што да очекувам и колку денови искачаат нови?
    Фала Screenshot_20230411_112533_Gallery.jpg Screenshot_20230411_112500_Gallery.jpg
     
    На 24.07 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  19. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.008
    Незнам,не се фарбав тогаш.Ќе ја прашам братучедка ми и таа сега прележа.
     
    На 24.07 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.644
    Допаѓања:
    76.904
    Пол:
    Женски
    И јас незнам.. не се фарбав тогаш..

    @a.principessa до 3,4 дена може да избиваат, особено 3ти и 4то е најјакото. Зависи од имунитет до имунитет, но обично до кај 5ти ден избиено е се...
     
    На a.principessa и 24.07 им се допаѓа ова.