Со лесно да ги помине. Можеби ме прочита во темава,моето имаше 5 дена константно температура,малку потешко ги поминува. Осипот почна со 2-3 на стомаче и врат,секој ден се повеќе се исфрлаше во следните 5 дена. Денес му е 9ти ден,веќе поситните почнаа да се губат,но има уште некое покрупно што изгледа влажно,додека другите почнаа да се сушат. Имало крај и на ова
Не. Син ми беше неприметно топол две вечери. Не ни меревме темп, онака на допир беше како да има 37.2/37.3. Не давав ништо. Може и вашето имало благ пик на темп и не сте ни приметиле. После 2 дена се исфрли и не качи пак температура. По сликава ова ви се сипаници. Кај син ми избиваа некои 5 дена, за околу 10 дека се исчистија скроз.
Па приметив дека нема апетит многу слабо јаде, што е невообичаено за него...фала ви, ќе пратам ситуација. Имам уште едно бебе значи ќе биде интересно
Колку пати даваше летизен, заборавив да ја прашам матичната. Дадов еднаш денес само јас рупафин , се мислам дали да дадам и пред спиење.
Летизен давав 1мл пред спиење (3 год е) ама еве бебево ми е 6 месеци и пие 2х1мл, значи може и повеќе.
Јас откако прима летизен,можеби некаде од 2год, секогаш по совет од педијатар давам доза од 3мл, еднаш пред спиење навечер. Сега за сипаниците давав 5-6 дена.
Денес го носев на Др и потврди дека се сипаници. 100 пати ја препрашав дали е нормално вака да е и рече да. Немаше темп. не е многу исфрлан и не се чеша! Т.е има 2 што ги чеша и толку..не дава да го мачкам, кога спиеше попладне на лице го намачкав, а по тело еднаш само, вчера. Ако тоа значи дека добро сме прошле- дај Боже сите така да пројдете...ама мене пак ми е сумљиво.
И едно може само да има и пак да се сипаници. Имаше неколку деца во група кај син ми вака пројдоа. И он ептен лесно пројде.
Што може да е ова сега, 39 температура, крајниците топки, му се гледаат потечени на вратот? Сипаниците почнаа од претходниот вторник, веќе заздравуваат. Цело време сме дома, не е мешан со деца.
Имаат сипаниците ретко плус симптоми/комликации. Јас знам на детенце позади уши му излегоа жлезди после 7,8 дена.. А има вируси периодов, па може и возрасен да му донесе, не само дете... Мојава беше во контакт на 31.03 со дете со сипаници (намерно ја однесов). Јас имам прележано трудна 28ма недела со неа и ми рекоа дека не се знае дали има имунитет од мене. Па си реков боље сега (5г има), него понатаму.. и еве ја изглеа избива, има сомнителни точки, до сабајле ќе сме сигурни ако се сипаници..
Имаше неколку топчиња позади уши, видливи беа ама сега ги нема. Еве пред малку само крајниците ги напипав. Оф аман значи, пак по дежурни треба да го носам. За Божиќ беа болни, сега и Велигден да го прославиме
Може и стрептокока да е, кај моиве при гнојни ангини крајниците однадвор ко топки се... Врие кај децава периодов
Постојат инекции наместо антибиотик да пие? Знам за едни јас стално ги примав за гнојни ангини ама не знам за мали деца како е. Не соработува за никаков сируп.
Прашај. Моиве или сируп или таблети, големиов со таблети ми е од три години (додуша и нив не ги сака, ама полесно поднесува од сируп), малово нема гајле за сирупи.