Четврток се појави една точка сомнителна, а еве сабота и уште нема ништо друго. Инаку стомачен прележувавме неделава (сите по ред не помина) и можно е ради тоа да не избива? Да се бори организмот уште со стомачниот... па сипаниците да не избиваат? И башка трудна имам прележано со неа. Инаку апла сипаница е точкава (беше мала, порасна и се наполни со водичка), башка имавме и контакт. Спојлер: Слика
Абе колку сме вирусани периодов, веќе не се знае кој што има Од неделата до сега стомачен сите по ред.. она, па јас, па брат и се исцедивме. Денес маж ми температура дигна и коски го болат (колеги има на раб вака болни), па сеа уште тоа ни фали Сипаниците додека им дојде редот да избијат, ќе поминат
Treba da e sipanici Proveri vo kosa i pozadi ushi. Ako e sipanici mora da ima izbieno vo kosa i pozadi ushi. A nemora da e mnogu kaj mene golemiot pomina so 10 se na se niz telo ali malata beshe lom nemashe kade ne i izbija na telo
Има во коса од денес нови, а ова на грб и корупче почна да фаќа. После 4 дена од првото, нови почнаа. Може поради стомачниот да не избиваа...
Една недела пред осипот и после се додека не се исушат сите. Еве кај бебето се појави осип две недели после осипот на големиот.
Многу е една недела. Лани од синко никој не се зарази, а внуците беа со него вечерта пред да избие. Он се зарази на речиси 10 ти ден од возрасно лице. Мислев не е зарзна, ама беше. Прашувам џа бебе, имаше контакт со внукот два дена пред избивање.
Многу е индивидуално, на другарка бебето не се зарази од постарото братче, а 24/7 беа заедно, во иста соба спијат. Може не сум во право, така ми кажа докторката, а и инкубацијата е до 3 недели.
Заразни се два-три дена пред да избијат и додека не почне да се суши и последното. Период на инкубација 14-21ден. И како што ти пишаа не мора да значи дек ќе фати. Големиот не фсти кога прележаа сите кај его во градинка. Фати после три месеци појма немам од каде.
Ќерка ми имаше контакт пред три -четири дена со дете што завчера избило сипаници. Контактот беше на отворено, не знам колку блиску биле. Колкави се шансите да фати? Не ми е за неа, секако треба да прележи, но повеќе ми е за бебето.
Сестра ми се зарази од синчето пред да му избијат на него. Индивидуално си е. Јас тогаш којзнае од каде фатив, немав контакт никаков со некој што знаев. Некаде од маркет, од продавница си ги фатив..
Ова периодот на инкубација е дека пред 14 ден не избива или може и пред 14 ти ден? Зошто знам дека и на седмиот ден може да избие. Прашувам за да знам оти едната внука имаше пред точно една недела контакт со заразеното, а се гледа и со бебето па да знам кога да избегнувам контакти.
Сите 15тина случаи што ги знам јас, а се со познат контакт вадеа така 14-15 ден. Од градинка сите што беа со ист контакт од еден роденден истовремено извадија околу 14тиот ден. Ако ти е страв во наредниве две недели треба да избегнувате контакти.
Син ми ја прележа, бебево не, и не сакам сега оти до вчера пиеше атб и имаше воспаление на увото. Да зајакне барем. Ама како што е тргнато, до градинка се ќе прележе Нема како скроз да немаме контакт кога мора да се заедно понекогаш. Ќе пробам околу 14 ти ден да не се заедно барем.
Инкубациски период е од 7 до 21 ден, но најчесто избиваат околу 14 ден. Заразно е и 2 дена пред првите симптоми.