Да, мојава точно по 14 дена од контакт појави една точка. Еве сега и е 19 ден и денес веќе има по цело тело, но не многу. Се надевам дека нема многу да избие чим до сега нема многу...
Имам една дилема. Од топло се исфрлаат повеќе или само побрзо ќе исфрли? Гледам на пеленската регија е лом, едно до друго, има насекаде низ телото премногу ама доле е баш катастрофа. Ако на топло исфрлаат побрзо дали да го бањам со топла вода почесто да завршиме побрзо или?
Добро еве и така да направам, значи ќе избијат побрзо? Прашањето ми е дали така ќе направам повеќе да се исфрли? Затоа што веќе е премногу исфрлен, четврти ден е се уште искачаат нови
Ќе искачаат нови до 5-6 ден. Кај моето на 5ти спрема 6ти ден му беа последните на нозете од позади. Исто беше многу исфрлен кај гениталиите и се жалеше за газето го болеа.
И кај големиот така беше ама сега сфатив дека не биле многу во споредба со бебето. За греота е, премногу е исфрлен.
Јас незнам зашто ја нема кај нас вакцината за Варичела. Што фино во Србија, до 12 год по желба на родител, над 12 е задолжителна ако детето нема прележано.
До 5,6 дена секако ќе избива. Мојава од четвртокот почна, ама малку по малку до вчера и толку. Денес нема нови, а не е многу исфрлана. Секој различно... битно да избијат и да поминат. Со лесно
не го поти детето, старински совети што благе везе немаат. детето треба да е разладено и во полесна облека памучна и да не се поти. се иритираат и може да се воспалат па да настане инфекција
Така и правев досега, лесно облечен, на чисто чаршавче, луфтирање нонстоп, туширање онака колку да му олесни. По 15мин лежи гол неколку пати на ден ама ви викам околу пеленската регија е премногу значи, си мислев така побрзо да не излезат. Фала ви многу, најдобро да се стрпам.
Веројатно се спурува па затоа. Мене и двајцата по 3 дена се исфрлаа и после почнуваше сушењето. И само пудра течна со анестезин помагаше. Покс клин џабе фрлени пари. туширање со млака вода им олеснуваше многу
И јас не ја ни купив Поксклин. Тогаш за мене и за синчето ја земав и воопшто не ми помагаше, дури и повеќе ми гореа жареа сите точки кога ќе ја ставев... Мојава е голема склетџика и боса е сите овие денови додека избиваше и нагоре по маица сама се соблекува... Инаку 7 дена избиваше, ама не е многу осипана. Почнаа и корупки денес да фаќаат некои, така да толку е. Сега сушење само..
Веќе 4. ден како му избиваат сипаници на малиот и денес два пати поврати. Гледам дека има доста и на јазикот/ во устата, па не знам дали може да биде од тоа. Некој да има слично искуство?
Еве, после точно 2 недели и 2 дена доби и помалиот син сипаници. А веќе 2-3 дена коментирам како е неверојатно да не добие. Драго ми е што ќе го пројдеме ова во едно...