После 2 недели, тераме нова тура сипаници- сега со сестричката. Дали има правило како се шират? За малиот ми рекоа наводно почнува од стомачето и меките места (зад уши, препони, пазуви) па се шират накај главата и кога ќе избијат на главата при крај се, и стварно така му беше; ама кај малава втор ден ѝ е и веќе има на главата неколку па некако ми е неверојатно дека сме при крај и дека ќе останеме на волку. Има некој шаблон или индивидуално е? Инаку има 10месеци и уште цица па тоа ми дава трошка надеж дека може нема да биде многу тешко, ама не знам дали си се тешам само :/
Кај двајцата почнаа од препоните, па врат, стомаче, глава и после насекаде. И јас мислев кај помалото малку ќе бидат зашто првите два дена имаше ептен малку, после од третиот ден нагло се исфрли секаде, премногу имаше. Големиот (3 год) помина потешко, со температура, малаксаност, на десетиот ден качи пак висока температура. Малото (6м) помина многу полесно, освен осипот немаше ништо друго ама стварно се исфрли ептен, немаше чисто место и многу се чешаше.
Кај моево прво беше во газе,па на стомак,врат,глава,насекаде..последни беа на бутовите позади,на 5тиот ден.
Малиот прележа сипаници пред еден месец и имаше на носот една поголема. Подолго и требаше да помине и после остана како мала лузничка. Сабајлево се разбуди ваков и сеа не знам дали е воспалено, што да мачкам? Спојлер
Abe da bese vozeasen ke ti recev kuterid ama za malo dete ne bi znaela da preporacam. Prasaj vo apteka treba da znaat da preporacaat nesto
Мене за бебе кога му го доотвараа к. ми даде Др да мачкам Белогент маст. Сум ја ставала и бремена меѓу гради кога ми се правеше како егзема од млекото кога цицаше другиот. Затоа и претпоставувам дека е и за бебиња/деца по потреба.
Не намачкав ништо зашто не знаев што смеам, во меѓувреме се наполни со гној и сабајле си ја откорнал на тепих Се надевам сеа конечно ќе помине без лузна ама фала ти, да знам за друг пат.
Колку време се познаваат точкички откако ќе се исушат/паднат сипаниците? Малиот прележа пред еден месец ама уште има точкички како белегчиња. Со што да мачкам да не му останат така?
Мојот пред скоро 2 месеци прележа,уште има флеки. Одреден период некои поголеми му ги мачкав со контрактубекс за да не останат лузни,па кој знае дали ќе се повлечат.
Mojot preleza sipanica vo fevruari no seuste celoto grbce mi e so tocki, ne pominuvaat so sto mackate za da pominat belezite Nie mnogu loso pominavme so sipanicata
Мамаситас,пред 14дена имавме контакт со дете кое после 6дена извадило сипаници.Знам дека тогаш било префатливо,кога да очекувам кај децава да излезат ако се префатени?А сме во план да одиме на одмор
Значи од денес до 24ти ден од контакт би дошло така. Едит Каде прво почнаа да излегуваат,и дали се онака одма полни со течност за да ги препознаам,или нема правило?
Па викаат дека инкубацијата трае 3 недели ама веќе со болестиве гледам дека нема правила. Може е и многу 10 дена ама 7 сигурно. Кај моите на препоните искочија прво, па гради, раце, нозе и насекаде ама главите преполни им беа. Не се полнат одма со вода, прво се како бубулици да речам и најчесто се полнат со вода тие што први ќе искочат, тие што се последни не се ни полнат. Третиот ден веќе ќе бидеш сигурна дали е тоа.
Никаде не можам да прочитам за нега на сипаници. На времето имаш слушано детето да биде облечено, полесно да избие, ама никаде не читам инфо. 4 дена висока тт, бевме петок крвна слика, вирус. Денес изби на стомак црвенила и на задниот дел на слабините. Му се прошири по ребрата. Сега гледам и на вратот и зад ушињата. Ама давав Блокмакс Одеше до 40 тт. Сега кога изби читам не требало Ибупрофен. Само парацитамол требало
Не сте знаеле. Ќе продолжиш сега со парацетамол, мачкање (најефикасна е белата пудра), чисто облека, менував постелнина секој ден додека излегуваа, туширање без средства и полевање со хиперманган. Нека минува со лесно