Majki , Od prvata sipanica pominaa 8 dena ,vo faza na susenje se pola se veke padnati. Koga mozam da go banjam so sampon regularno? Ne e izbanjat kako sto treba ,dusickA. Mackavme samo pudra.so Hipermangan koga mozam da go isplaknam toa e za kraj ili?
Син ми имаше на почеток на јануари варичела, минатата недела ја прими ревакцината, т.е. после еден месец. Докторката рече дека доволно е само еден месец да помине. Инаку чисто најдобронамерно, давај нешто за имунитет сега, многу им паѓа имунитетот после сипаниците.
Добар ден , знам дека е групата за деца но гледам другата за возрасни и сипаници помалку активна е. Денес ми е 9 ден си де туширам од прв ден по препорака на матичен, но прашањето ми е кога можам да избањам глава со шампон бидејќи долга кода имам ќе треба и фен и се ?
Сакам за возрасен да прашам да ми дадете совет. Маж ми мислам дека нема прележано варичела, никој не памти ни он, ни неговите, нема ни една лузна. Прво ме интересира како може да провериме антитела, кој дава упат и кај се испитува. Второ ако нема прележано дали е паметно да бараме вакцина пошто ближи 40ка стварно не знам како се манифестира кај возрасни колку е сериозно, сите викаат страшно е. И мене повеќе за него ми е страв него за малава. Она уште нема фатено ама еве втор пат е во мн близок контакт со заразено дете, може и за 5 г ќе ги фати ние тогаш уште постари ќе бидеме.
TORCH тест. Можете и во Авицена. За вакцина за Варичела и мене ме интересира дали постои можност да се прими кај нас и како, ако дознаеш пиши. Инаку имам колега кој е во иста ситуација како маж ти. Му рекоа при први симптоми веднаш да се пријави на инфективно, да не чека да се влоши состојбата.
Не сум се распрашувала за вакцина сеуште, ама претпоставував ако треба, да ја земеме Грција, Бугарија па да ја прими овде. Не знам кај нас дали има и колкави врски ти требаат ако има за да примиш.
Има вакцина за варичела и кај нас од пред некој месец и генерално е наменета за повозрасни кои немаат прележано. Распрашајте се кај матичните или во вакцинален пункт.
Здраво. Ќерка ми пие антибиотик поради бактерија во грло. Денес е 14ти ден од контакт со дете до варичела и она има две брунчиња што мислам дека се сипаници. Утре ќе ја носам на лекар, само ве молам за искуство, дали антибиотиков може да направи некаков проблем?
Кој антибиотик? Моето пиеше панцеф кога имаше сипаници. Мислам дека нема да е проблем,само ќе и ослабне организмот повеќе. Појачајте витамини.
Дали кремата Bioderma cicabio ја мачкате од прв ден на излегување на сипаниците или откако ќе се исушат? Во врска со течната пудра за сипаници, дали има некоја посебна за деца или не? Доколку некој може да ми прати слика да знам која да ја купам (се работи за скоро тригодишно дете). Покси калм пената некако слабо помага кај нас.
Обична бела со анестезин и кај мојот подобар ефект имаше. Јас ставав мустела цица, ама откако се исушија.
По колку време ги вративте децата во школо по прележување и дали ви се разболуваа почесто од вообичаено?
Мојов кога фати варичела после 2 недели го пуштив во градинка и фати гнојна па после тоа не се разболе воопшто. Иако препорака беше 1 месец да седи домА.
Во градинка го пуштив после 4 недели од прв симптом. Со имунитетот потоа беше ок,после еден месец растечен нос.
Што давате за зајакнување на имунитет после сипаници? Колку време е потребно за целосно да се обнови кожата после сушење на сипаниците?