Моментално имаме сипаници и исто како на сликата се. Многу малце сме исфрлени, денеска е 7 ден а дали има 20 исфрлено. Со лесно и брзо да поминува.
Ќерка ми, 6г има сипаница, почна со исфрлање на интима, матична рече на интима само промивка со камилица, друго ништо. Ете трет ден долу има можи по 10 пликчиња од двете страни и кожата е црвена ко воспалено, цела ноќ плачи не можи да спие... некој искуство, како да и олеснам?
Иста мака имавме и јас да ти кажам пудра и ставав и ептен ја смируваше. Значи не внатре на нежното,само од горе(мислам ме сфати).
Здраво, Како одеше фазата на исипување кај вашите деца? Вчера сабајлето имаше 1-2, до вечерта се намножија на 5-6, сега има над 10 ама како бубулички се или како ранички од комарци, едно нема собрано водичка да речам сипаница е. Тоа првото па што му излезе баш како исушена бубуљичка му е, потемне и се смали. Утре секако одиме на лекар, ама многу чудно се осипува, нема други симптоми.. имал некој сличен случај? Фала
Бавно одеше и кај мојот. Првиот ден многу малку, само едно со водичка. Вториот и третиот по неколку ситни и мали кои не се наполнија најмногу исфрли четвтиот и петтиот ден од кои најмногу се наполнија. Веќе 6 тиот не вадеше нови. Тт имаше само еден ден пред да почне да вади.
Vcera se namnozija ima i na nodzinjata, na intimata i na grbot poveke. Na doktor ne se sigurni bidejki nemalo so voda polni
И мене прво на каснато ми личеше, а и досега требаше да се наполнат со вода. Да не е некоја алергија, нешто ново да не си дала?
Ne nisto nevoobicaeno, samo se somnevav za ubod od nekoj insekt, ama me cudi sto izlegoa i novi, a i vo gradinka od januari navaka celo vreme se javuva po nekoe dete so sipanici
На син ми вакви му беа исто, почнав да ги мачкам со пудра и не ни приметив многу дали се наполниле со вода. Мене ми рекоа сипаници. Ако не фати пак тоа било
Вакви се почетните. Исто и кај мене и кај децава беше. Кај него на чело излезе првото и беше како бубуличе само, немаше водичка. Ако тек и е втор ден, може до утре задутре да се направат со водичка...
Мајки совет, како ги баравте додека вадеа сипаници само со вода и после хиперманган? Некако без везе ми е без шампонот барем на газе од каки да ја одбијам убаво, а докторката ни рече само со вода? Друго кога чешаат овие 2 ден и е гледам ич не се чеша подоцна почнуваат?