Четврток и петок имаше големата тт, 38.5-39.5. Денес, во градинка, рекоа дека има варичела во нњјзината група, дека не смее да оди до 20ти. Министерството за здравство стабило забрана за сите невакцинирани деца до тогаш. До кога би се појавил осип евентуално?
Две недели!Исто и кај нас во градинка имаше еден случај на варичела во групата кај што е ќерка,не не префати
Вакцинирана ли е малата кај тебе? Заборавив да прашам дали детето кое е болно е вакцинирано. Утре треба д вртам телефони, да видам што ќе се прави . Барем утре и контрола имаме закажано, за упути, кај матичната, ќе ја погледне, иако не верувам во оваа фаза да има нешто да се види. Веќе ми се вртат хорор филмови сите три истовремено да не фатат.
Во Германија се вакцинира ММР плус варичела. @danichap кај нас лани 2-3пати имаше известување во градинката за варичела ама немаше забрана.Мојата не беше вакцинирана лани.
Одма погледнаа во книшката за вакцини дали ја има примено. Оваа ја нема, а не е ниту задолжителна ниту па вакцинацијата е услов за прием во градинка. Како што ги сфатив 1/4 деца не се вакцинирани.
Да не е задолжително, ама кај нас побараа обавезно да ја има примено една од вакцините, што заборавив која беше, нешто со песокот поврзана.Само таа беше битна 6то валнтната.
Кај нас бараат да покажеме пасошот за вакцини, дека сме добиле советување, не дека и има некоја примено. Кај двете престанав кај ммр. Најмалото нема ниту една примено, нема ниту да прими. Баш денеска го правевме мубетот дека здравје боже, еден ден и нејзе таму ќе ја запишам, без ниту една примена вакцина. Ми нагласија дека вакцинацијата не е задолжителна и нема влијание врз уписот. Не останува ништо друго освем да набјудувам периодов.
Majki kolku vreme traat sipanicite. Kerka mi vo petokot pocna da vadi a uste malku ni e rodenden da znam od prilika dali ke pominat
После прележани сипаници е пожелно да нема мешање со многу луѓе во затворен простор. Многу паѓа имунитетот и најлесните настинки потешко се поминуваат.
И ние од денес со варичела... Со здравје да си ја носиме Едит: ако ми префати и бебево, после колку време ќе смеам да вакцинирам?
Кога имаше малава баш ја прашував матичната, ми рече пожелно е 2-3 месеци да поминат. Пред некој ден кога ја гледав докторката што беа со министерот на ТВ рече 2-3 недели (ако добро ја разбрав) Човек да не знае што да мисли. Консултирај се со матичната, верувам дека правилно ќе те насочи. Со лесно да ви поминат. Пази ја многу после. Ептен се нежни, имунитетот им е многу ослабен.
А колку време да не ја пуштам во градинка? Во вторник ми е план кај матичната да ја носам, денес да не ја мкнам на дежурно па да фати таму уште нешто. За малово повеќе се нервирам, не ми е вакцинирано, касниме со вакцини, а убедена сум дека ќе префати.
Мојава седеше 15-тина дена дома откако и завршија. Лето фати, помалку вируси имаше. Може и да не префати малото. Ако цица уште, заштитено е дополнително. Со лесно
@Kitten што подолго остане дома,толку подобро...претпоставувам уште сега ви е лудило Имунитет многу опаѓа после сипаници,колку и да го чував/пазев,мојов после 2 недели закачи бронхит и тоа речиси пролет бешеречиси сите од градинка закачија по нешто...
Китен остави ја подолго дома, пази ја, моиве и двајцата заглавија со пнеумониа после сипаници. За вакцина за малава ми кажаа околу пола година ама па и пнеумонијата и беше дополнително причина, може од сипаници само да се 3-4м доволно, сепак прашај доктор најдобро