Не се стопира тоа, јас ги туширав секој ден да им олесни. Само без шампони и внимателно тапкање да не откорнеш некое, па да се искомплицира.
Јас ги туширав и двајцата цело време. Син ми помина со минимален осип, неколку сипаници на грпчето, ќерка ми повеќе имаше. Значи нема врска осипот со туширањето , кај сите е различно. Бањај слободно и плакни со Хиперманган за дезинфекција. И не слушај баби.
Тоа со туширањето е останат мит.... слободно може да се тушира дете со сипаница, само да не се користат гелови и шампони кои би предизвикале дополнителна иритација.
Pa se poklopi deka posle tusiranjeto sabajle koga stana nemase novi bruncinja, cetvrti den denes mu e od prvoto brunce koga se pojavi,a ne e mnogu isipan i sea koga mi rekoa taka,aman belja mu napraiv na detevo si vikam da ne go mislam znaci eve i drugi kazaa deka tusirale vo denovi na osip
Тоа со туширањето е останат мит.... слободно може да се тушира дете со сипаница, само да не се користат гелови и шампони кои би предизвикале дополнителна иритација, и многу нежно да не се откорнат.
Не се сезонска болест, постојано ги има, во текот на целата година. Поголема активност се забележува во зимски, пролетни и есенски месеци, кога сите деца се во градинка/школо, во лето не дека ги нема, ама релативно помалку се застапени, поради сезоната на одмори.
Да, се додека избиваат може да има. Мојата качи само на 5тиот ден, многу висока, дадов сируп спушти и толку.
Додека не се исипе скрос ќе има температура. Јас како мала кога прележав ситната сипаници имав 40 температура 2-3 дена. Кога почнав по нозе да се исипам ми се намали температурата, така и докторот кажа.
Колку дена трае осипот? И дали се рачунс од прво брунче? И дали сите брунчиња ќе нараснат поголеми со тек на деновите и ќе имаат ко водичка, или некои се сушат од мачкање? за варичела сипаница мислам
Колку порано ги мачкаш, ќе се сушат побрзо и нема да пораснат толку големи. Туширање само со вода, нека се исуши телото и мачкај покс клин, ама да стое во фрижидер, потоа мачкаш со пудра.
Ве молам тие што сте прошле веќе со варичела кај помали дечиња, споделете како одат новите бранови осип, кога е пикот? Прво појавување на неколку имаше четвртокот… вчера утрото многу повеќе, кон ноќта не толку, денес исто имаше нови… Неколку пати на ден мачкам од пената и одма тапкам од пудрата секаде кај што има , скоро цел е намачкан… чекам некое време и го облакам, ваљда е ок вака. Некои брунчиња не нараснаа, само првите се поголеми и ко со водичка, дали значи дека и останатите ќе станат такви или?