Сипаници кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од maweja, 12 јули 2014.

  1. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    1.292
    Пол:
    Женски
    По мое искуство доколку се исушат додека се помали нема да пораснат. По туширањето можеш да плакнеш со хиперманган, и тоа помага за да се сушат.
    А ако почне да фрла многу обавезно посети лекар, ќе му дадат терапија да престане со исфрлање. Кај мене малиот имаше премногу и доцна го однесов на лекар, требало на почетокот ми рече кожниот
     
  2. AnnaSofiaSarah

    AnnaSofiaSarah Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2023
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво, малиот пред да наполни година, на 11 месеци и некој ден фати варичела. Многу лошо поминавме 4-5 дена тт од 39.3 на секои 3 часа. Затоа подобро не мачкај од пудрата што ги затнува порите но само од пењата и ако можиш со многу благ раствор на хиперманган- едвај бледо розев да го плакниш на туширањето за дезинфекција.
     
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.252
    Допаѓања:
    258.970
    Мајки, бебка има и во газето, ја чеша и плаче. Што смеам да ставам таму, од пената не смеам нели?
     
  4. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    1.292
    Пол:
    Женски
    Туширај два три пати дневно, почесто да биде без пелена. Кој ден ви е? Ние бевме премногу ама доцна отидовме на лекар. Рече д-р дека имало некој антивирусни лекови што ги даваат за да престане да фрла нови. И плакни со хиперманган
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.252
    Допаѓања:
    258.970
    Тоа правам. Четврти ни е од прва.
    Плакнам со хиперманган. Ми рекоа да не мачкам со ништо. Многу малку е исфрлена, ама во газето има и е чеша.
     
  6. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    1.292
    Пол:
    Женски
    Таму најмногу исфрлаат, моите ги фати во мај месец, беше топло, не можеа да спијат, многу ги чешаше, па тушира и навечер. Малото беше целото краставо, дури не можеше татко му да го допре.
    Ајде вие со полесно да поминете. Јачајте имунитетот после варичела, нека поседи малку дома ако има кој да ја чува.
     
  7. ♡☆♡

    ♡☆♡ Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    51
    Ќерка ми на 5ти појави сипаници варичела. До кога е заразна ? И кога ќе може да се меша со деца?
     
  8. MorskaSirena

    MorskaSirena Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    1.410
    Допаѓања:
    3.839
    Пол:
    Женски
    За колку време се сушат брунчињата т.е пликовите? Вчера приметив едно брунче, денес веќе има неколку. Варичела е. Почнав сабајлево да ја мачкам со пудрата
     
  9. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    630
    Можда грешам ама колку што знам заразна е додека да избијат. Кога веќе е исфрлена или во фаза на сушење мислам дека не е заразна. Ова го најдов : Заболените од варичела се заразни еден до два дена пред појава на осипот како и во тек на осипот додека не дојде до појава на красти и комплетно сушење на промените на кожата, што обично трае од 6 до 10 дена по избивањето на осипот.

    Сепак имај на ум дека после сипаници имунитетот е прилично нарушен така што подобро е поконтролирана средина додека да зајакне.
     
    На Mother of 2boys и ♡☆♡ им се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.445
    Допаѓања:
    183.508
    Пол:
    Женски
    Читав на интернет дека дури до 21 ден може да се осипе. Има некоја искуство, на нечие дете да избие по кожа по 14 дена од контакт?
     
  11. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    1.466
    Пол:
    Женски
    Околу 16ти, 17ти ден на колешката ќерката изваде после братчето.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    1.292
    Пол:
    Женски
    Кај моите точно по 14 дена од кога се јави кај големиот почна да исфрла помалото.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.703
    Допаѓања:
    76.983
    Пол:
    Женски
    Јас ќеркичката намерно ја однесов кај пријателка да фати од нејзиното. Нејзиното беше втор ден со осип. Јас дека трудна прележав со неа и не знаевме дали има имунитет и си реков подобро да фати мала него како мене. Точно по 14 дена изби од контактот.

    А јас кога ги фатив.. избив некаде 6 август (на одмор бевме и по тоа памтам) и синчето на 23ти август... така е обично, по 2 нед минимум од контакт. Сестра ми и таа дојде намерно да фати од нас и за неа не знаеме од кој има фатено (најверојатно и она од мене), зошто она па на 1ви септември изби.
     
    На Mother of 2boys и Yowannty им се допаѓа ова.
  14. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.114
    Пол:
    Женски
    Што мачкавте што ви препишале за варичела?
    Нас ни го препишаа поксклин ама во зегин го немаа, па на мм му дале за замена ваков 20250112_135149.jpg
    Читам дека ги бањате кога тоа додека исфрлаат или кога ќе почнат да се сушат? Нас за хиперманган не ни спомнаа, кога може од тоа да се става?
     
  15. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.630
    Пол:
    Женски
    Јас си ги бањав зошто и онака ги мачкав за да не ги чеша па цели се лепеа и беа бетер.Нежно ќе го бришеш со тапкање.Не се сеќавам како се викаше ама мислам црвена бела боја беше опаковката,шишенцето.
     
    На Lady*Bug му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    1.292
    Пол:
    Женски
    Тоа е е раствор од хиперманган. Ќе расториш во шише и ќе полеваш на крај на туширањето. Нема да употребуваш ништо за туширање, само вода. И само тапкај да се исуши. Не триј со крпата.
     
  17. Lilith_3

    Lilith_3 Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2024
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Мајки кај големата во градинка, во нивната група има неколку дечиња со сипаници. Сигурна сум дека кај и да е ќе почне и таа да се сипе. Е сега, имам бебе 7м повеќе страв ме фаќа за неа. Вакцинирана е на време, но сакам да слушнам мислења и совет како сте поминале со сипаници кај мали бебиња :sweat: Ви благодарам :f:
     
  18. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.630
    Пол:
    Женски
    Вакцината нема врска со сипаниците.Ако цица уште поубаво,ако не ништо страшно.
     
  19. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    2.750
    Пол:
    Женски
    Можно ли е високо температура пред да избијат сипаници.Син ми 4 дена има висока темп што под 37,2 не се симнува. Денес му излегоа 3 брунчиња што мислам дека е сипаница.
     
  20. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.466
    Допаѓања:
    22.784
    Пол:
    Женски
    Може да.
    Секој организам е различен и различни симптоми може да има.
    Мојата два три дена пред да и избијат беше ко комирана.
    А една недела предходно изгоре 40 тт неколку дена.
     
    На perlaa1 му/ѝ се допаѓа ова.