Здраво мајки Ги дочекавме и ние конечно сипаниците. Малово во последна тура во градинка ама ја стигнаа. Исфрлна е многу. Нема место каде нема. Малце ме фати паника и ја однесов на инфективна. И препишаа таблетки акцеловир ама не ни кажаа а не ни прашав колку дена треба да давам. Вие што сте давале колку време треба да ги зема?
,,Инкубациониот период е од 10 до 20 дена, начесто 15. ,, https://poliklinika-manolevi.mk/varicella/ Моиве деца (14,9 и 6) немале до сега типични симптоми на варичела,а биле изложени во училиште,неколку пати се појавуваше вирусот. Можно е и асимптоматски да ја прележале,без типичните симптоми.
@tambelina и кај мене големата 3-4 пати беше во контакт со деца кои појавија сипаници а она немаше ништо. Во моментов има малата, е ако и од неа не префати тогаш ќе ја носам во Авицена да ја проверат преку крв дали го прележала вирусот ,,на нога,, Друго да прашам. После колку време од кога ќе појават сипаници ги бањате убаво со купка? Мојава точно 2 недели има и остана уште некоја корупка да и падне. Сакам веќе убаво да ја избањам ама се мислам
На линкот во претходното мое мислење има совети и за хигиена кај дечињата со сипаници. Ма да штом се веќе исушени брунчињата, мислам дека не е проблем да бањаш со купка.
Дај боже да е и кај нас така, ама ние бевме ептен у контакт, ни беа на гости на викенд внуците и тука јавија симптоми, се гушкаа, пиеа од иста чаша, играа заедно два дена... Но тоа е тоа ако фатат се надевам со лесно ќе мине...
Веќе 3 дена сме со сипаница варичела, користиме PoxClin пена и сме задоволни, не го чешаат, арно ама има полно во уста, на јазик и на грло се жали нон стоп дека го болат, едвај голта, како да помогнам незнам, кажете лек или било што да му намалат болките....
После пената стави од течна пудра, побрзо ќе се исушат. Ако е многу исфрлен ќе ви дадат ацикловир таблети. Носи го на инфективна.
Прошлата недела во среда кај малечкото на мешето кај што и е памперсот приметив едно болченце, мислев од памперсот ама после кога и се појавија ушт 2-3 на нога, па и кај големава отидовме на доктор и потври варичела. Е сега, мене не ми е јасно нешто. Девојкиве имаат на нив 7-8 максимум и не ги чеша ич. Значи ни тт, ни чешање, ни да имаат секаде, скоз си се океј и тоа ме буни. Според доктор варичела е на прв поглед ама дали е нормално толку малце да имаат? Дали постои вирус кој прави сличен осип како варичела ?
@Bubish26 , нели имаше споменато дека примиле вакцини? Може ради тоа. Инаку може и без Тт и со толку малку осип. Знам не сте во Мкд ама не знам дали има опција по некое време да се испитаат антитела дали имаат.
Здраво, кога ги искапивте прв пат со шампон, и дали стававте нешто на кожата кремче бидејќи е многу сува и ако да какви и послем колку време и тоа. Ви благодарам
Јас од ДМ имав купено од оние шампони/гелови што се Сензитив, без никакви миризби и додатоци, со такви ги капев цело време, немаше проблем. А за кожата, и осипот ги мачкавме со кантарионово масло, со тоа кожата не беше сува, а осипот си помина без никакви лузни, зрнцата исчезнуваа многу побрзо со маслото кантарионово. Плус и помагаше и со чешањето.
Косата не и ја миев додека искачаа т.е недела дена, а телото со детско сапунче и го миев уште одма 2 пати на ден т.е пред секое мачкање со poxclin и течна пудра
Интимен дел мијам секој ден со бебешка купка Уриаж, секој ден го бањам и на главчето исто ставам купка, а надолу само со вода. Ако е нежна купка нема да направи иритација. На син ми му е 7ми ден денес.
Здраво, да ве прашам после колку време од варичела може да се прими вакцина? Сега требаше да прими на 18 м но избија сипаници. Благодарам
Почекај барем месец дена после поминувањето на сипаницата, многу паѓа имунитетот од неа. Има време за вакцина, не брзај, јачајте имунитет.