Погоре некоја членка имаше пишувано дека ако е многу нафрлана треба на инфективна да одите, може ќе ви дадат лекарства за да се превенира некоја компликација.
Тогаш не е страшно. Земи го и Bioderma Cicabio спрејот, добив препораки од неколку пријателки дека одма ги суши меурчињата и тие што влажнат.
Ние прележавме на 5 месеци...многу лесно без темп..тук там го исфрли ...не се будеше вечер ваљда не го чешаја..за разлика бато беше ренде..со темп и плачење навечер....
За навечер и давам сируп за алергија, ама се будеше да цица само што е во пелена па се нервира, дека се поти нонстоп а гола седи... најмногу има околу пелените сега за сега , колку дена траат меурчињата тие што се од вчера?
@Калатеа Досега помало бебе од моето со прележани сипаници немам сретнато, само 2 месеци беше, фати од брат му, помина прелесно, 30тина сипаници, си цицаше и гајле си немаше, тт мислам дека само првиот ден имаше до 37.8. Бато голем скоро 5 год беше лом, буквално цело тело со сипаници....
Мојот син (11год) пред точно две недели доби осип. Имаше неколку брунчиња на нозете, на раце скоро па ич и на тело, пазувите му беа повеќе иссипани и на лице. За точно три дена се исушија истите. Нит го чешаа нит го болеа а не беа ни со вода полни. Иако по цел ден е со активности и се дружи со деца, никој не кажа дека доби сипаници. Сега нема ништо. Во исто време стави и фиксна протеза. Инфектолог на трет ден рече дека се сипаници иако нема такви изгледи. Малото(3год) до сега не појави ништо. Дали да чекам сеуште, поминати се 15+ дена од исфлањето на брат му.
Мене за малата еднаш, и се појави како бело(не од кандида) на јазикот. Нешто како афта,ми дадоа метиленско, мала беше година ипол. А дали за сипаници смее не знам.
Мојата на два месеци прележа, мислам рекордери сме во темава спрема возраста Ги доби од брат и од градинка, сосема очекувано ми беше. Лошото беше што и јас немав прележано па заедно со нив двајцата фино лепо си го отседив цело лето дома. Мм мислам само пудри купуваше од аптека тој месец, од врата знаеја аптекарките што му треба Со малата лесно поминав имаше тек тука по некое. Повеќето на лице и на грб и беа. Поголемиот беше со темп и осип по цело тело,ама соработуваше за се и тоа беше олеснително. Јас подебелиот крај го извлеков. Имав и висока темп, и опструкции во дишење поради кои морав да одам два пати на инфективно. Примав и инфузии и можам да кажам стварно ми беше тешко тогаш и физички и психички. Кај неопоравена од пораѓајот во постпартум бев и уште тоа ми фалеше. На лице ми останаа две три дупчиња што јас сама си ги приметувам. Ваљда во спиење имам откорнато некое па затоа останале. Никако не корените ги и колку можи помалце чешање...
Па не се сечавам точно ама макс една недела почнуваат да горат после... а 4 5 дена избиваат нови..највеќе 3 и 4 ден избиваат .