1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сипаници кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од maweja, 12 јули 2014.

  1. badgirl2

    badgirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво!
    Дали некој имал ваква ситуација? Во сабота треба да одиме за Грција,се е резервирано одамна, но на син ми ќе му биде 10-ти ден од појавата на варичела. Сите брунчиња се исушени, ама се уште му се гледаат, особено на лицето.

    Знам дека не треба сонце, па планираме да одиме на плажа само рано наутро и навечер. Ама ме интересира дали може да ни направат проблем на граница поради видливите красти? Дали треба некоја потврда од лекар или не е потребно ништо?
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    1.496
    Малата имаше на 03.07 и беше премногу нафрлена, особено позади и сеуште и стојат точките....
    ние идеме на море следната сабота, ќе идеме по цел ден на плажа секако и ќе си спие на плажа ако не се буни здравје.. сигурно сите на плажа ќе си зборат ама што да правам кога им треба време на точките да ги снема.. не бива ни по дома да седиме
    не би требало да прават проблем , вие си знаете најдобро дека се исушени
     
  3. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.767
    Допаѓања:
    9.395
    Не е битно што се исушени, треба сувото да падне и да остане како белег пред да може да се бања и слично.
    Мојата дури и после 15 дена имаше суви и непаднати, па ја туширав и бришев набрзина да не се инфицираат.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    1.496
    А тие што се како белези, мазна кожа
    како да и поминат :( ептен беше лошо нафрлена посебно кај пелената отпозади
     
  5. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.767
    Допаѓања:
    9.395
    Мене ми рекоа на Ла рош кремата да ја мачкам, Цикапластот, и мојата има многу белези исто во тој дел, јас една од мене и ставам Фитостимолине, за резот однцарскиот ми ја дадоа, па ваљда и за ова ќе помогне.:?:
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    1.496
    Може слики од сите крема?
     
  7. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.235
    Допаѓања:
    1.807
    Пол:
    Женски
    Реално не смее да се помине граница со активен вирус, може да не ве пуштат, ама тоа повеќе за авионски транспорт важи. Е сега за Грција не верувам дека би се замарале, ама можеш да земеш потврда дека е неактивен вирусот, ако ептен се познава , има и тестови за Варичела, види со педијатарот.
     
  8. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    4.778
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми е трет ден со варичела и вечерва крена температура која се движи од 38 до 38.8С засега. Како ќе биде ноќва, ќе видиме.
    Прашањето ми е: Колку дена трае температурата? Што да очекувам од болеста?
     
  9. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.092
    Допаѓања:
    13.479
    Пол:
    Женски
    Син ми прво качи температура, па после 2 дена избија сипаниците мислам. Траеше 6 дена температурата и едвај се спушташе, кај твојата штом почнала покасно да качува веројатно ќе трае до 2-3 дена.
    Можеш да очекуваш паднат имунитет, да се разболува многу често во следните 6 месеци затоа почни уште сега со некој сируп за имунитет, поздрава исхрана и ако можеш да ја чуваш дома наредните месеци нека седи. Јас го носев поголемиот во градинка и секој вирус го префаќаше и малото, глава не кренав скоро цела година. Да знаев ќе ги чував дома.
     
    На Mimmi39 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  10. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.515
    Допаѓања:
    4.963
    Пол:
    Женски
    Температурата значи дека се уште вади нови меурчиња. Би требало да е два дена. Син ми прво имаше околу 37, извади осип. 2-3 дена беше ОК, после пак температура и нови меури. Нашиот лекар не дозволи да давам антипиретик, ама една вечер дадов, беше малаксан и ми беше страв да не качи многу висока тт. Читав овде, слушав и други мајки дури и антихистаминик препорачуваат лекарите за да не се чеша, ама нашиов доктор рече ни тоа да не давам. Хиперманган исто не дозволи, ама јас на своја рака користев и му помагаше.
     
    На dromka и Mimmi39 им се допаѓа ова.
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.606
    Допаѓања:
    121.179
    Пол:
    Женски
    Индивидуално е за температурата. Исто и за текот на болеста. Ќерче немаше температура и максимум 20тина брунчиња низ цело тело.
    Некои се опсипани цели баш цели.
    Антипиретик над 38.5, поливање со раствор од хиперманган и антихистаминик ако баш многу се чеша. Ништо страшно не е мами :hug:
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.914
    Допаѓања:
    21.878
    Пол:
    Женски
    Син ми воопшто не качи температура, ама не би требало да качува повеќе од 7 дена, толку денови вадат нови брунчиња. Дека опаѓа имунитетот после Варичела сигурно, ама сѐ зависи и до организмот на детето. Син ми имаше во Мај, после две недели откако прележа фати Коксаки и кога оздраве од Јуни до сега почеток на Октомври се немаше разболено воопшто, а цело лето одеше во градинка, освен една пауза од 15 дена кога бевме на одмор. И сега до душа имаше само воспаление на увцето, не беше нешто сериозно болен. Не се секирај, симнувај температура, разладувај. Ако не паѓа давај антипирерик. За чешањето пред спиење давав Рупафин и го смируваше доста.
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.370
    Допаѓања:
    28.284
    Давај парацетамол, не бруфен.
    Исто така со малиот син користев метиленско сино, многу помогна. Повеќе од покси пена.

    Јас секако давав и за алергија сируп.
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.920
    Допаѓања:
    8.162
    Пол:
    Женски
    Нема детево сипаници ама ме заинтересира ова со метиленско сино? Само во уста? Така сум го користела за афти или смее и на цело тело да се мачка?
     
  15. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    4.778
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам мајки на одговорите и советите. @Skylar07 @fana @DarkStormm @Bella_Stella @KuklickaSk
    Денес е пониска температурата 37.1-37.7C. Весела е, си јадеше.
    @Skyler оди во школо и нема да може да седи дома.

    Бебето само што наполни 40 дена и се плашам за него. Има шанси да префати?
     
    На DarkStormm и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  16. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.606
    Допаѓања:
    121.179
    Пол:
    Женски
    За жал да, има шанса да префати бебето. Варичела е еден од најзаразните вируси. Но и не мора да значи. Син ми два пати беше во контакт кога беше бебе и не префати (сеуште нема прележано). Ќерка ми исто беше во контакт кога беше бебе и не префати тогаш туку по две години од градинка.
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.370
    Допаѓања:
    28.284
    На цело тело со памукче по малку намачкано
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.280
    Допаѓања:
    330.887
    Пол:
    Женски
    И мојата од денеска има.Вчера крена 37,7 Т ,мислев грлото е ама сабајле видов 10-12 брунки на различни места.Утре кај матичен ке ја носам да потврди.Ама бидејки во клас имаат, верувам тоа е тоа и кај неа.
    Со ова ја мачкам.
    IMG_8546.jpeg
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.914
    Допаѓања:
    21.878
    Пол:
    Женски
    Може да префати, ама и не мора. Знам близначиња што како бебиња едното фати, а другото не. Во исто креветче спиеја. Помали кога се полесно поминуваат, така викаат барем.
     
    На SummerGirl и Mimmi39 им се допаѓа ова.