Кај мојата 4 дена избиваа.Веќе од 5 тиот ден почнаа да се сушат.Ептен лесно ги помина.Температура имаше ден-два до 37,7 и толку.
И мене ме интересира истово.дали има вакцина,дали ја прими твпјот сопруг...и јас немам прележано ,а имам 2 мали деца кои одат во градинка...
Дали има некој што како возрасен прележал сипаници?како поминавте?немам прележано и баш ми е страв, децава имаа контакт викендов со дете што вчера се исфрла...
Мајки дали ова личи на сипаница? Дете вчера бил во директен контакт со дете од група што има потврдњни сипаници, и многу други деца од другите групи се болни. Ние го повлековме од градинка, ама нит температура,нит некој друг симптом само ова. Зарем е можно да е ова сипаница и дали да очекувам осип??
Можно е ама мораш да чекаш бар уште 2-3 дена дали ќе се појават нови. Посебно во коса, под пазуви итн. Од едно не може да е сигурно.
Можно е, до утре ќе знаете, ама тоа ако е сипаница не е од вчера, туку се заразил пред 2 недели отприлика. И немора да има други симптом, само осип може.
Какво е вашето искуство, подобро ви се покажа белата пудра или Поксклин пената? Не знам што е подобро да земам.
Прво ќе мачкаш со ладна пена, ќе ја чуваш во фрижидер, им помага да не се чешаат. Кога ќе се засуши ќе ставаш од течната пудра. На крајот од туширање ќе плакнеш со хиперманган. Јас ги тушира неколку пати на ден. Само нема да триеш со крпа. Нежно со водичка само. Мора да се исплакне пудрата за да намачкаш пак. И немој премногу да облекуваш. Нека биде во полесна облека. Со лесно, брзо ќе помине.
Кој ден од почетокот на сипаниците најмногу излегуваат? 3 ден им е, имаат дали 20 тина, дали да очекувам бура деновиве или да издишам дека добро поминуваат?
До седмиот ден му излегуваа нови на син ми. Ама он на почетокот, првите 3-4 дена изби со многу и после вадеше само по неколку дневно. Со лесно да ги поминете.
Не го сфаќам баш прашањето. Пример ти си прележала одамна, сега не можеш да пренесеш. Сипаници се пренесуваат 2-3 дена пред да излезат и неколку дена од почеток на излегувањето. Периодот на инкубација е околу 15 дена, а може и до 21 ден. Јас вака знам.
Не може. Сите што прележале го носат вирусот во себе. Е сега, може да се активира и да се јави херпес зостер , кога повторно е лицето заразно и тој што не прележал сипаници може да фати. Ова ако зборуваме за варичела конкретно.
Како што кажа членката, може ако ти излезе херпес зостер. Јас така за жал му пренесов на моето сипаници кога имаше само 10 месеци. Ми се појави еден мал круг со осип на реброто и ми потече лимфната жлезда... ми рекоа од бубачка на дерматолог...може да имаш и херпес зостер со минимални симптоми како моите.. после ми потврдија на инфективно дека било херпес зостер. Малото после две недели доби сипаници.
Друштво тие што сте со две деца, кога кај едното има сипаници, а кај другото нема, или бар додека се појават ги носевте градинка? Некако не ми оди да го носам малово градинка, големиов денес пројави осип.