Реалноста е дека може нема и да пројави малото. Ок, поголема е веројатноста да пројави, ама сепак може и не. Знам повеќе случаи кај што едното дете имало, второ не. Дури и близнаци (двојајчани) во различна година прележеа. Е сега ако имаш со кого да остане малото повеќе од месец дома, тогаш нека седи. Во секој случај 15тина дена би чекала дали ќе пројави, ако не пројави за пократко. И сигурно уште 15 додека би имало осип. Од морален аспект јас лично не би носела, нели да не се шири заразата, освен ако веќе нема заразени и други во група. Со едно дете сме и главна дилема ми беше кога прв пат се соочивме со сипаници во група, дали да оди и колку време би седела дома ако не ја носиме. 2 круга поминаа на сипаници, нема фатено засега.
Јас не би да го носам, баш од таа причина што знам дека може има и ќе пренесе на други, во јасли е, греотка се. Ама и нема кој да го чува... Ќе бараме чаре некое.
Дали овие се сипаници? Му искочи на вратот, после забележав на грбот. Сега има едно на главата и едно на рачето. Изгледа како убод од инсект, но има како меурче на врвот. Како и да е ќе го однесам утре кај матичната, но барем да видам друго мислење. Спојлер: Спојлер Ова се сите три убоди, има четврто на рачето
Сипаници се. Реалноста е дека ако појави сипаници малото, ќе појави за минимум 10 дена од сега и ќе шири зараза ден пред тоа. Следнава недела е ок да го носиш. Кога големата изби сипаница, малиот одеше 7 работни дена во градинка, на 9тиот ден качи температура, на 13тиот изби сипаница. Ниедно дете во неговата група не беше заразено.
@Annath @marrisa интересно или попрво жално што во Македонија немаат, дури и дел од лекарите поим немаат дека постои, вакцина Shingrix против херпес зостер (англ. shingles) кој може, но не мора, да се јави години, па дури и децении после прележаната овча сипаница (Varicella). Во скопски Центар за јавно здравје (нас. Пролет, кај тутунски комбинат) за возрасни имаат бесплатна MMR вакцина - таа е истоврмено против морбили т.е. мала сипаница, рубела и заушки т.е. мумпс(но не е против крупна т.е. овча сипаница - Варичела). Се прима во две дози, мислам во растојание од непол месец. Имаат висок процент на ефикасност (над 95%) и долгорочен имунитет (теоретски доживотен) доколку се примат и двете дози во предвиденото растојание. Тестирање може да се направи и во Институт за јавно здравје (не е исто што и Центар за јавно здравје), се наоѓа покрај министерство за здравство кај државна болница(Водно), но ќе ви треба упат од матичен. Тестирањето се прави со земање крв. Ако сте осигурени, цената на партиципацијата е неколку стотици денари. Можете истовремено да испитате и присуство на антитела и од некои други вируси, но тоа треба да биде наведено во упатот.
Мајки, малото е 2 години и фати сипаници. Најчудно ми е што има 5/6 вкупно, една по една му излегуваат. Очекував да е нафрлан целиот, матичната вика дека може и со 5/6 да помине. Колку се чека и се седи дома? 15 дена така? Без разлика што има толку малку?
Со едниот близнак така поминавме, вкупно 7 имаше, нит температура нит ништо, два дена искачаа за една недела се исушија ама уште не тргнале во градинка а еве 4та недела е, зашто имунитетот му е паднат и покрај тоа што лесно поминавме, 3 пати се разболе у две недели со минимален контакт со луѓе. Ако имате можност чувајте се
Да, се чуваме дома, но ептен ми е чудно што има толку малку. Тоа значи дека ги има прележано или може повторно да ги фати?
ако сте сигурни дека се сипаници, да има прележано и не може повторно да фати. Вирусот останува во телото и може да се реактивира ама како херпес зостер, не сипаници. Не се чуди што има малку, него радувај се што лесно сте поминале Кај нас, едниот близнак имаше исто малку, ама да речеме 20тина низ цело тело, дури и во уста, неколку на лице, и јасно беше дека има сипаници, другиов, да не знаев дека се сипаници тотално можев да го промашам, имаше една на главата, една ситна кај носето и 5 вкупно по грб и нозе и такви ситни што може да ги смешаш со инсект. Веројатно и јас сум прошла така, зашто мајка ми тврдеше дека немам прележано, и откако кажаа дека има сипаници во група испаничив дека ќе фатам и јас, напраив антитела и искочи дека имам прележано. Сакам да кажам да, можно е да се помине така Ама, како што веќе ти кажав, и тоа што така се манифестирала болеста, не значи дека не направила ршум во организам, внимавајте, врие од вируси, чувајте го да не закачи нешто
Фала ти многу! Морав да се советувам бидејќи матичната ми кажа иако се малку сепак ја прележал варичелата. Денес го однесов на кожно поради боледувањето, докторката вика ааа па нема многу, тоа значи дека може да му се врати вирусот повторно, пак да ги прележи, ни даде совет да го боцнеме за антитела во Авицена на пролет за да видиме дали го фатил “целосно” или не… Не знам што да кажам, затоа и сакав да се консултирам со мајка која поминала низ истото детето да има мал број на сипаници.
Од доктор специјалист да слушнеш дека вирус се фаќа половично или целосно покажува колку всушност си ја знае работата. Значи работава е до имунитетот колку ќе дозволи да се активира вирусот, толку симптоми ќе се појават, односно јачината на симптомите зависи од имуниот одговор. Кај мене големиот така ја прележа сипаницата, со неколку брунки, без температура, на нога, ама после глава не кренавме од разболување од октомври до март. Малиот уште нема прележано, иако одеше во пикот на сипаници и во градинка и во школо, па може и тој од нога го поминал, треба антитела да му проверам. Твоето дете си прележува регуларно, без оглед на тоа што е со послаба јачина на симптоми. Само како што ти спомнаа погоре, чувајте се после сипаницата, многу го намалува имунитетот. И тоа што нема јако изразени симптоми не значи дека пак ќе ја прележи сипаницата. Може евентуално како возрасен од јак пад на имунитет да се јави херпес зостер, ама не е тоа многу често.
Дали се мачка уште течна пудра кога веќе се слушаат и паѓаат? Го истуширав ама обична крема го намачкав веќе не се ни чеша, и за лузни да земам крема превентивно да мачкам ?
Дали даваше нешто за кревање на имунитет? како го поминавте периoдот? пошто ние глава не кренавме од октомври и онака зашто прв пат тргнаа у градинка тогаш, ама по сипаниците е друго ниво, давам сирупи за имунитет, балансирана исхрана, не одат во градинка, минимално контакт со луѓе и еве ги цело време се болни. Да не имаш некој совет како полесно да го поминеме периодот?
Ништо што давав не помагаше,се оправи кога почнав да давам цинк со витамин Ц и тоа на Хелтеид Цинковит Ц го крена најбрзо. Моево имаше мислам 4 години тогаш, поголем беше, па му давав по пола таблета да џвака. Не знам точно од која возраст може да се даваат, ама цинкот многу делуваше на ојачување. А може веќе и бил периодот на опоравување. Мачно ми беше оти секоја настинка на уши му удираше и нонстоп беше со антибиотик, за на крај да има многу лоша ментална реакција на Амоксиклав затоа што му ја утнаа дозата. Хорор ми беше тој период.
Со цинкот и јас би ти препорачала. Инаку можеш да пробаш и со Пробивал чоколадните мечиња, покрај пробиотик имаат и околу 2,5 мг цинк во едно мече - од прилика колку пола таблета цинковит. Плус и пробиотикот и малку Ц витамин што има ќе помогне во кревање на имунитетот.
Здраво, што сте давале/мачкале кога многу ги чеша? Ќере 3ти ден денес, исипсна максимално, нема кај нема… мачкам пена, пудра, плакнам со хиперманган, нема помош… сабајле и дадов рупафин ништо не и помогна.. сте давале ли сируп за алергии или не иде со ова? Немам памет веќе, жалче е само се жали дека многу ја чеша и не може да издржи… 8,5г е. Затоа синко 3г дали има 20 и нема гајле, ни тт ни чешање…
3 ден од варичела уште нови излегуваат најмногу ме загрижуваат на лицето како ги третирате нив дека пената не можам блиску е до очи ставаме само течна пудра на 12ч и тоа кај веѓите не, дали може и почесто? Дали поминуваат целосно на крајот и тие кај очите што не биле третирани ако има некој слично искуство мн ќе ми значи, мн е исфрлена насекаде но нема темп, ставаме пена многу пати на ден а на пудрата пишува на 12ч па така правам незнам дали смее почесто? Исто така колку долго ги туширате и со која количина вода со хиперманган на крај посипувате. Мојата е 9 год, од страв мнпгу кратко под туш неколку минути па незнам дали е доволно и 1л накрај со минимално хиперманган колку да се обои. Утре сме на контрола но секој совет е добредојден би сакала некој да ми пише отприлика колку долго ќе се мачкаме и за колку време би поминало се со оглед дека има голем осип :/
ацикловир таблети се даваат ама треба доктор да ви ги даде. Син ми беше така исипан. Нема кај немаше. Не мачкав едно по едно, туку ставав на раката и така го мачкав. Ги туширав по неколку пати на ден, сами бараа бидејќи многу ги чешаше. Пената треба да стои во фрижидер да биде ладна, така повеќе го смирува чешањето. Јас го однесов после една недела од исфрлањето, и доктор ми кажа за таблетите дека се давале, ама кај нас веќе беше при крај и ми рече да сум го однела порано дека ќе ни помогнеле да нема толкав осип. Има само еден белег. На грбот беше првото што се појави, ама не сум го приметила и порасна многу големо. Лицето му е чисто. Ќе помине за брзо, исфрлањето трае околу недела дена. После се суви и веќе нема да ги чеша.