Иста е и мојата… мачкав сабајле и навечер, еднаш дадов само рупафин зошто мн ја чешаа, и пена по потреба.. денес ако добро рачунам 6-7ден и имаше уште 2-3нови… гледам првите почнуваат да се сушат веќе ама многу е мачно, јас мислев 2-3дена ќе вади нови она цела недела, а батко помал 3г е како почна така остана, него му е 5ти ден и од првиот ден дали 5нови има… Не за џабе рекле колку помало толку полесно… туку ме интересира после колку време сте ги пуштиле во школо? Мојава од вторникот е дома, па планирам таму средина на Февруари да ја пуштам ако е се океј.
Дали е можно да останат лузни кај дете од 9 год? Има вдлабнатина на една излупена точка на челото и се плашам дали ќе оздрави откако се изначитав дека може да останат лузни па можеби некој овде од искуство ќе ми каже што да очекувам. Утре ќе одиме на лекар да прашаме ама и вие од искуство ако има некој пишете дали сте коростеле нешто за побрзо заздравување на раните кога ќе се излупат за варичела прашувам. Секое мислење би ми значело зошто има повеќе такви длабоки но за на лицето ептен се грижам.
На ќерка ми и остана лузна мала на слепочницата на лицето, се зезнав, и ставав бела бебешка пудра и на соблекување блуза и се откорна. Сипаници прележа на 5 години но за жал остана така (не е многу длабоко и воочливо).
Благодарам за одговорот. Дали се сеќаваш по колку време и заздрави тоа место, нез што да очекувам има и на телото такви длабоки и дали имате користено нешто за да заздрави полесно и против лузни?
Сопругот и мачкаше некој мелем од кантарион, јас сметав дека треба на дерматолог да ја однесам да ни даде нешто ама не ја однесов и згрешив. Да ја однесев, можеби ќе ни кажеше некоја соодветна крема такада мој совет одете на дерматолог може кај вас ќе успеат да спречат трајно дупче.
После колку време ги пуштивте децата во градинка? Денес е 15ти ден , педијатарот ми даде потврда дека од утре може . Има неколку уште на грбот ама исушени. Неможе да седи дома , бара да оди во градинка што е чудно за него
Слободно пуштете го, откако ќе се исфрли детето повеќе не е преносител - така нас ни кажаа, единствено се препорачува да седи дома поради ослабен имунитет да не ви закачи нешто плус
Обично 21 ден е препорачливо дома да е. Он не е заразен, ама паднат имунитет и ќе закачи нешто одма..
Кај нас само недела дена даде докторот потврда да седе дома до кај 8ми ден се заразени. Ако сипаниците се исушени не е воопшто преносител, трае само подолго додека скроз ги снема.
Кога можам да ја избањам со шампон? Ја мијам само со вода ама од ова што се сушат и пудрава и што се поти ми замирисува. Од саботата сме со сипаници.
Цело време можеш, не знам каква користиш. Јас имам на Гамарде, цело време ја капев со тоа. Само ептен нежно треба. Инаку зошто пудра? Купи Поксклин пена, подобро е за сипаници. Пудра е застарен метод.
Катастрофа пената. Ништо не помогна. Прво почнавме со тоа, па се вративме на пудрава и одма видов подобрување. Сепак фала ти.
Во понеделник приметив на грбче 3 бубулички, ама мислев онака се исипал. Во среда имаше уште излезено на грбот и на стомаче. А на другото дете во среда две на стомаче. Ги носев на педијатар и ми рече дека е варичела. Вчера на првото детенце му забележав уште 2 3 нови а другите како да почнале да се сушат. Денеска како да избледуваат и на двајцата. Ги немам мачкано со ништо. Мене не ми се верува дека се сипаници. Има ли некој што така сте ги поминале или е грешка не се сипаници? Спојлер
Ве молам сепак ставете ги во спојлер. Голо е детево! Инаку и моето помина со 6-7 сипаници само. Да можно е. Исто не ми се веруваше ни мене, имаше ептен малку ама сепак се води како варичела
Можно е и така да помине. Јас би проверила ИгГ антитела за варичела месец дена по поминување на осипот.