Сипаници,додека отидовме уште му излегоа. Витамин ц,д,б комплекс,пудра и лоратидин сируп ако многу го чешаат. Кажувајте нешто плус ако треба.
Бевме со другарчиња во игротека пред 2 дена и мајката ми звони денес дека детето има сипаници. Дали било заразно пред 2 дена? Кога е најголема веројатност за пренесување?
Викаат пред излегување на сипаниците дека е заразно, значи од пред 2 дена има можност за пренесување. 14 дена отприлика е инкубација, може да се случи и 21 ден во некои случаи.
Се додека излегуваат нови брунчиња, заразно е. После 14 дена може да се појават кај вас, толку е период на инкубација, а некогаш и повеќе, зависи. И да се заразило детенцето, ќе биде се добро, немој да се плашиш ич.
Да, на 2 месеци и 2 недели извади сипаници, од брат му ги фати. Точно 14 дена после првата сипаница од брат му ги извади бебето. Преплашена бев, многу плачев знам, оти и антибиотик прв пат си доби на 2 месеци па одма беше тоа шок нов со сипаниците, среќа бебето помина многу лесно, со малку осип, за разлика од големото тогаш 4 год и 10 месеци кое имаше премногу осип и секаде.
Здраво мајки, малата има сипаници и ме интересира вашето искуство. Како поминавте со сипаниците, колку дена траеја и дали ги бањавте децата додека имаа меурчиња?
Да бањаш немој да слушаш баби жаби На ова жешко рани од брунките уште да не го бањаш фали па да инфицира
Син ми цело време ми бараше да го бањам, беше многу страшно исфрлен (2 годинки имаше, за разлика од ќерка ми која се на се дали 20 брунчиња имаше) па се сеќавам дека му ставав овес во водата и доста му го смируваше чешањето.
Ја правев експеримент Прво се изсипа девојчето после 14 дена брати Неа ја бањав брат и не Исто поминаа во исто време се изсушија брунчињата Така да БАЊАТЕ
Ќе бањаш. Минимум по три пати дневно сум ја бањала и тоа со хиперманган. Толку подобро и беше од хиперманганот што ме будеше во 3-4 сабајле да ја бањам. 4 години имаше.
Ви благодарам искрено од срце. Едно може да ми предложете некој добар сируп за имунитет? За сега му давам sambucol сируп.