Сеа стварно се замислив, да не случајно не сум го разбрала докторот или лошо сум објаснила. Ама пренесувам на муж да не се јадосува сиротиот пошто му беше многу криво што пренел он. А мене сеуште не ми е јасно како воопшто јас не се заразив од синко а немам прележано, освен ако не бил осипот кој ми се јавил како реакција од какао уствари варичела.
Јас бев дете кое пие од исто шише, чаша со сестра ми, таа беше сипана со варичела, по неа се сипа татко ми,а јас не. Имунитет, кај секој различен.
Абе.. А се сеќавате порано шо праеја? На онаа детето има сипаници носи го на гости да прележи и твоето жими се ви кажувам намерно не носеа да прележиме варичела како деца..
И јас барам. До сега најдов ова https://www.gesundes-kind.de/impfungen/mumps-impfung/ Во 2016, 2/3 од заболените биле лица од 15 год па нагоре. 107 од нив биле со целосна и навремена имунизација Тука вика пола од инфекциите минеле без посебни симптоми па често и не биле приметено дека истата постои. Е тука сум изненадена...ќе барам и на други места дали исто стои Подоле стои дека може да дојде во некои случаи и до Менингитис и Енцалофитис. Претпоставувам од имунитетот зависи кој како ќе прележи. Едит: И на други интернет страни најдов дека голем дел од заболените се лица со целосна и иредна вакцинација. Претпоствувам точни им се информациите.
Мината недела во Задар почина девојче(9) од Мостар од последици од варичела. Заразните болести се тоа,некој ќе ги помине лесно некој нема да ги преживее.
Ако добро те разбрав, вакцинирани повторно се заразиле така? Не разбирам германски. Ако е тоа, да, секако вакцината штити одреден процент кај некои. Но конкретно вакцинирани деца, односно деца во периодот кога ја примиле вакцината, не ја шират болеста. Такви податоци не најдов. Исто и дека оние кои веќе ја прележале сипаницата, може пак да бидат носители на вирусот и да пренесат. Исто не најдов такви податоци. Јас на англиски барав. Те молам ако најдеш нешто плус, постирај и преведи ни.
Ама зборуваме за лице што веќе прележало, дали може да пренесува вирус без да се разболи, кога веќе знаеме дека не може по втор пат да прележи
Да да, точно си сфатила. Истото како тебе го барав, но само ова најдов. Impfdurchbrüchen, зборот од последната реченица во првиот скриншот, е терминот за тоа што се случило. Уредно и навремено вакцинирани дека меѓу голем дел од заболените. Значи не прележале, само редовномпримиле вакцини(германски, ама се подразбира) Ќе барам за прележаниве и понатаму.
Може и како дете да си ја прележала, со 2 или 3 брунчиња. Да не сте забележале, можно е Па и сега е така Јас и браќата се си прележавме заедно, на мајка ми и беше полесно така Не викае не влегуј болен е брат ти, туку спијте заедно И поарно ко дете, не дај боже возрасна па уште и како трудница да фатам нешто такво Затоа се прележува тогаш.
Еве конкретно во првите случаи на заболени што ги кажаа имаше едно девојче од градинката Бамби во Аеродром,невакцинирано што е во група со девојчето на комшииве.Девојчето беше задржано на инфективна со многу висока тт едвај и ја симнале,а после од неа морбили фатиле и родителите кои биле вакцинирани и многу полесно поминале,така да заболуваат и вакцинираните ама ваљда симптомите се полесни. @LiliBoz скроз си во право и јас се сеќавам дека сите не носеа кај тој што има сипаници за да прележиме и ние,така си беше. Еве ние веќе 14 ден откако ја ставивме вакцината и до сега не покажа реакција никаква.Девојчево е весело,триста на саат активно,јаде,пие и едвај чека да се врати во градинка.Се мислам од понеделник дали да ја пуштам и недостигаат другарчињата.Две недели пред вакцина беше дома,крвната слика и беше топ ,хемоголобинот јак и после вакцинирањето не ја мешав многу со народ низ молови,продавници,гости и слично цело време е дома ,евентуално кога воздухот надвор дозволува пешачиме низ маало за да излезе малку бидејќи и здосадува и нејзе.
Да.Компликации после варичелата, упала на плуќата и откажување на срцето,уште кога биле по пат накај Задар. Наводно без пропуст во лечењето во Мостар.
Да Лили,на 13 месеци немаше шанси бидејќи од 9 м тргна во градинка и цела година беше со вируси и бактерии,па и варичела на 20 месеци прележа не ни помислував да ја вакцинирам тогаш.Се милев лани летоска ама незнам се бев во некој грч дали да ја ставиме па ми беше во план сега на пролет лето,ама со ова што се случи вака одлучив сега бидејќи е здрава се нема разбоелно подолго време па веќе кога седи дома барем да ја помине и инкубацијата,и искрено нема кој да ја чува веќе мора да тргне во градинка.
Тука стои дека не би требало да се пренесе морбили од вакцимирано на невакцинирани лице . Телото најчесто се борело се вирусот за да не отиде кај крајниците оти тогаш можело ма трето лице да се пренесе. Да не знае некој нешто за ова со крајниците https://www.navigator-medizin.de/el...masern-auf-ungeimpfte-kinder-uebertragen.html @NarCis@ ова е најблиско пто најдов
Тоа важи за варичела зашто е со најлесни симптоми од сите. Значи кај варичела се оди на госит да се прележи додека си помал зашто кај возрасен потежок е текот на болеста. Рубоелата е опасна во бременост затоа само женски се ревакцинираат со неа на 18 години (за секој случај). Првите две дози за ова ги добиваат сите без разлика како пол (како дел од фамозната ммр), третата доза ја добиваат само женски и само за рубеола. Морбилите се нешто сосема друго. Тие се најзарасни и најопасни од сите три вида сипаници. Проблемот кај нив е што даваат лоши компликации. Инаку вакциниран тазе не пренесува болест на невакцинирани. Помали се шансите да заболи од сипаници и ако заболи болеста полесно ќе ја помине (односно се очекува без компликации). Е сега се зависи од тоа како имунитот систем на секој човек ќе изреагира на вакцината односно болеста.