Филмов е нешто што мора да се погледне! Не би го вброила во хорор повеќе ми е психолошки, не обожавам вакви филмови ама после овој останав Одличен!!!
Пред да го гледам филмот читав овде дека филмот е и дека е многу добар, па очекував дека и јас ќе останам таква. Ама не беше така. Според мене веќе видено во повеќе слични филмови, секоја сцена ми беше предвидлива, а крајот воопшто не ме изненади. Знаев дека девојката има некоја дијагноза. Се на се, просечен филм, ништо ново, воопшто не ме воодушеви.
Нека не ти е, не е воопшто хорор филм, нема некои сцени заради кои би морала да гледаш со едно око Значи филмот е психолошки трилер, навистина добар, ѕирни го.
Не е до толку хорор, дефитнивно психолошки трилер убаво сте кажале Спојлер Добра приказна и добра реализација, мене прво ми го раскажуваа затоа и знаев што ќе се случи, инкау никогаш немаше ад погодам дека девојчето има 40 години и е психопат со засотанат физички развој. Предобра глума, предобар филм, заслужува да се погледне!
Појезив филм немам гледано Спојлер .Приказната беше супер, глумата исто така, на крај мислам дека останав со занемена кога се откри дека девојчето е всушност 40 години стара.
Одличен психолошки трилер. Интересна приказна и добра реализација. Некои моменти од филмот се предвидливи, особено за оние кои често гледаат хорор филмови, ама како и да е, дефинитивно крајот е изненадувачки. Не читав кратки содржини, коментари, ниту пак го изгледав трејлерот, затоа што знаев дека ќе ми се изгуби филингот ако дознаам која е тајната на Естер. Ме копкаше цело време, за на крајот да останам подзината
Навистина одличен филм, одлична глума пред се на глумицава која ја игра Естер (сцената во која го свири Чајковски беше ). Во суштина приказната е нешто веќе видено, освен расплетот односно дијагнозата на Естер што е нов елемент. Но, фантастичната глума и контекстот односно прекрасните снежните пејсажи го прават овој филм посебен. Многу ме иритираше улогата на сопругот, кога во клучните моменти изразуваше недоверба и ја остави женава сама. Во секој случај, не беа залудно потрошени двата часа, иако мислам дека е сепак предолг.
Многу добар филм, навистина вреди да се погледне. Да не се повторувам, девојките пред мене кажаа дека крајот беше сосема неочекуван. Јас додека го гледав не знаев што да мислам за Естер, изгледа толку мило и фино, а всушност е далеку од мила и фина. Еден од моите омилени филмови, дефинитивно. И нека не ви биде страв да го гледате, воопшто не е хорор.
Не лупајте глупости, страшен бил. Трилер е, и многу е јак филмов. Нема страшни и грозни сцени. До самиот крај те држи во неизвесност.
ВРЕДИ ДА СЕ ГЛЕДА!! Отпрвин ми фуфкаше да го гледам, мислев којзнае колку е страшен и плус здодевен, но откога го гледав ме воодушеви. Предобра приказна. Неизвесноста во текот на гледањето си го прави своето
Значи после едно недела дена колебање и после прочитаните коментари од вас дека не бил ич страшен, седнав и го изгледав филмов.Предобар филм. 8/10
незнам зошто сите го сметаат за хорор филм, не ми е баш страшен.. итересен ми е премногу естер ми е прејака хахах
Некој линкче кај можи да се гледа онлајн?? Се токмам 61564245275 години да го гледам, сега го барам на филмовизија, го нема