филмов е одличен ви го препорачувам да го гледате воопшто не изгледа за хорор повеќе ми изгледа како психолошки трилер, но сепак има некои сцени за да ги гледаш со едно око го гледав со една другарка и на крајот баш останав вака ви го препорачувам предобар е пишете ако знаете и други вакви филмови
Го имам гледано Интересно филмче на кое никогаш нема да му го најдеш крајот! Кога го избоде мажот сцента беше Го гледавме кај братучед ми и он дека помал кога го уби гулабот со камен се плашеше цела ноќ
Јас планирам да го гледам но другарка ми што го гледала вели дека е многу страшен.. јас сум голема страшливка но трејлерот не ми изгледаше како таков.. најверојатно ќе го гледам
Го изгледав, и навистина ме воодушеви значи филмов не е претерано хорор но има некои сцени што не ги гледав добро е што до крај те држи во неизвесност, и баш кога ќе помислиш дека завршил, уште продолжува Chocоlate.me а која беше последната сцена што ја изгледа ?
многу интересен филм со необична приказна нешто што не е видено до сега...посебно ме воодушеви глумата на црнокосото девојче Естер ли како се викаше во филмот навистина филмот е нешто уникатно и до крајот ме држеше до неизвесност, браво за режисерот/режисерката
Девојчето ми остави силен впечаток. Не ја погодиле само од аспект на глума (која е извонредна за девојче на таа возраст), туку и самиот изглед нејзин доловуваше нешто таинствено, нешто излезено од стандардот, шаблонот, лик кој ниту е девојче, ниту пак жена. Како што гледав, таа имала 12 години кога излегол филмот, па веројатно и самото тоа што се наоѓала на почетокот на еден таков меѓу-период си го направил своето. Не ми е омилен психолошки трилер, но добар беше.
Одамна го имав гледано филмов. Ми се допадна како психолошки филм и ми е дефинитивно меѓу првите такви. Има огромна позадина филмов и тоа најмногу ми се допадна. Глумата беше феноменална а и приказната воопшто не беше провидна и беше непозната се до крајот на филмот. Ме трогна навистина и имаше и страшни сцени (барем за мене беа страшни), така да може малце да припадне и во категорија хорор.
Крипи филмче, хорор не би рекла, повеќе трилер. Прочитав дека и во вистинскот живот девојчето било со оштетен слух
Го изгледа некој новиот дел? Многу ретко да ми се свиѓа хорор филм, но првиот дел секогаш ќе ми остане меѓу еден од најдобрите хорори што ги имам гледано. Новиот исто така ми се свиѓа (подобар е првиот дел), но кога дознав што се случува всушност..