Дејството се одвива во град во Америка за кој постојат легенди дека во него некогаш живееле сирени. Серијата започнува со морнарско бродче кое во ноќта, со фрлени мрежи во морето лови риба, случајно една сирена се заплеткува во мрежата, рибарите ја повлекуваат мрежата на бротчето, сирената ги напаѓа и го ранува едниот рибар. Доаѓа воен хеликоптер и ја зема сирената и ранетиот рибар. Наредното утро нејзината сестра излегува на копно да ја бара. Во серијата сирените се представени како предатори т.е. исто како лавот, волкот и сличните на нив крволочни животни кои бараат плен за да го убијат и изедат, така и сирените во вода не се нешто убави и мили туку напротив, се со страшни заби, кожа меѓу прстите на рацете (исто како жабите) и се хранат со риби и ајкули. Меѓутоа на копно добоваат нозе и се многу убави и интелегентни, дури многу поинтелегентни и од луѓето. Серијата не е хорор како што изгледа на трејлерот, значи воопшто не е страшна. До сега имаат излезено 4 епизоди. Секој четврток во Америка се емитува нова епизода, а веќе во петок сабајле ја има на нет да се спушти или гледа онлајн. Серијата ми изгледа дека ќе биде многу интересна, па со нетрпение ја очекувам наредната епозода
Леле баш вчера се мислев да отворам тема за серијава, мислев никој не ја гледа. Ја изгледав првата епизода и мислам дека ќе биде прилично интересна. Ги спуштив и втора и трета епизода, ќе гледам викендов. Како помала гледав многу филмови со сирени такви митски суштества, многу се интересирав за тие работи. Оваа серија некако во поинакво светло ги прикажува сирениве, да видиме нешто поразлично од онаа клише приказна кога една убава сирена излегува на копно и се заљубува во некој тип.
Истово си го помислив кога ги видов, ама фактот што луѓето ги гледаат како плен малку тука буни. Е сега овој ја спаси, можеби ќе има нешто меѓу нив. Жал ќе ми биде за девојка му, ептен ми е мила.
И јас ја гледам, последната епизода не ми е изгледана само. Имам поделено мислење, така-така. Очекував нешто поинакво, но оставам простор да видиме како ќе биде понатаму.
А можеби само сака да го проба она што го гледа, оти таа со чудење ги гледаше Бен и девојка му додека се бакнуваа е сега незнам што се точно беше во првата, а што во втората епизода, да не ти откривам предвреме, ќе ставам во спојлер Спојлер: Спојлер Откако ги виде како се бакнуваат се обиде да го бакне Бен во присуство на девојка му и тој ја одби. После тоа кога остана на само со девојка му се обиде да ја бакне и неа. Е сега со тоа што и двајцата сакаше да ги бакне може да се гледа како љубопитност кон она што го прават луѓето, а таа никогаш не го направила или пак дека се создаваат во неа чувства на љубов кон луѓето, а со тоа можност и да се заљуби во човек.
Ги изгледав и можам да кажам дека ми се допадна серијава. Ке чекам нова епизода,ме интересира како ке се одвиваат работите понатака.
И јас ја загледав, ја има на hbo go. Интересна е, си ја сакам јас митологијата поврзана со сирени. Ми се свиѓа и главниот тип, некако чудно sexy e Спојлер Инаку и Хелен е сирена така?
Обожавам вакви серии.Ама незнам кој ден излегува, 3 епизоди веќе изгледав претходната недела. Спојлер Мислам дека со песната ги навлекува да се привлечени кон неа. Таа да се заљуби во него не ми се верува, ама тој во неа да.
@sweet-cherry Спојлер и мене на тоа ми мирисаааа. Или можда имала љубовник сирена незнам. Поќе ќе да е таа дека е сирена ама зошто се плаши од неа незнам
Премиерно во Америка се емитува во четврток на вечер, а веќе во петок сабајле ја има и на нет. Значи утре сабајле ќе има нова епизода.
Иако не мислев дека ќе ми се допадне, серијата ми го задржа вниманието и ја изгледав цела сезона за 2-3 денови. На трејлерот ми изгледаше некако досадно, ама бидејќи обожавам серии од ваков тип решив да му дадам шанса. Главната глумица е ептен погодена. Навистина чудно изгледа, баш ја гледав на фотографии и во приватниот живот и има многу специфичен лик. Добра серија, интересен развој на настаните, го задржува вниманието и дефинитивно би ја гледала наредната сезона, која патем ќе биди дури во 2019 год.