Секакво сирење и кашкавал, во сите комбинации, со благо, солено... Омилени козjo и фета, а од кашкавалите сакам димени кашкавали, проволоне, пекорино, danish blue итн. И едни преубави стапчиња од кашкавал, како врвки од димен кашкавал сплетен во jаже, ама ич не знам како се вика, ги нема каj нас... Како мала дома ме зафркаваа дека ке ме мажат за овчар, од пусти страв едно време не jадев сирење
Обожавам козјо сирење, но и кравјото ми е по мерка, секако не пресолено. Обожувам моцарела, гауда, гргонзола, пармезан, а од кашкавал кравји и козји. Денот без сирење, не ми поминува. Леб не јадам, ама минимум едно големо парче сирење мора да има во денот.
Сирење јадам само кравјо од здравје радово, а кашкавал го јадам ајдамер и гауда во пици, сендвичи,растопен врз леб во рерна , похован. ..
http://www.stocarstvo.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=8&tabid=28 Има контакт, па можеби ќе ти помогне
Обожавам сирење, јадам и кашкавал поретко, ама без сирење едноставно не можам. Со се можам да го јадам, секој ден, не знам колку ми е доста Најубави се на Здравје Радово и Идеал Шипка, а баба ми прави домашно козјо сирење, и тоа е превкусно.
Holandske,francuske i ostale vrste kackavala mozete naci u Tinex Delicatessen radnji... Nedavno sam otkrila i moram priznati da ima svasta..tartufi,belgijska piva,spanske slanine,italijanske paste itd... https://www.facebook.com/DelicatessenTinex/
До сега купувавме на Здравје Радово ама последниве неколку пакувања се катастрофа,колешка ми кажа сменет бил газдата и производите@referentka мислам дека го фалеше тоа од Смојмирово или како точно беше не знам,кај го има во Кам не можев да најдам
Не ги обожавам многу Сирење јадам само со ајвар, а кашкавал само во тост, а онака со никое друго јадење не би ги ставила во уста.
Bez sirenje i kaskaval ne funkcuoniram Sirenje vo poslednava godina samo Tome Brodec Kaskaval zavisi koga kako ama menuvam cesto
Обооожаааааааааавам и сирење и кашкавал. Абе жива да ме закопаш у нив, ќе излезам Омилено сирење ми е на Здравје Радово, особено биенооо... Охх
Сирење обожавам, можам да јадам и само сирење , без ништо. Омилено ми е Николови. Кравјо или овчо, мешано не сакам. Се надевам нема да го расипат и секогаш ќе си остане така убаво.А кашкавал пробајте Еко Шар мешан премиум. Како се топи во пица и тост, мх, мх .
Јас обожавам тост со растопен кашкавал и на средината малку сиренце, и лепчето со сусам одозгора.. Кашкавал повеќе сакам на пици, тостови и макарони, така растопен да се тегне, мераци. Ги сакам и оние тост кашкавалчиња, ко оние што се во Мекдоналдс и Бургер Кинг, знам дека се жив отров и пластика, ама многу ми се свиѓаат. Вака само кашкавал да јадам ретко се случува. Сиренце исто си сакам, најмногу во шпагети, или со путерче и шарена сол. Понекогаш ме фаќа некој стрв само за сирење и си го јадам без ништо.
Од твојов пост ми се пријаде сега еден тост проблем ми направи Да станам и да правам тост ме натера сега
@Crna Dama Тоа ми беше и намерата.. да настрвувам луѓе во доцните часови да изедат се по дома и после да се чудат. Шала на страна, касни си едно тостче за мене, зошто јас се протурив од јадење до сега, не смеам веќе ни да помислам на храна.