@blueeparadise Ете така убаво си направила ти, си се најала, наздравје нека ти е. Јас пошто сум мрзлива моментално ке си останам, и седам гладна
Дома се давиме во сирење. Затоа често го купуваме. Во последно време купуваме исклучиво сирење на Здравје Радово. Што се однесува до кашкавалот, го јадам исклучиво на пица или во тост. Не ми е баш омилен кашкавалот. Маско и Ѓорѓиеви имаат убави кашкавали, а евтини. Ги има во Стокомак. Ние такви купуваме. Еден прериод купувавме од оние растителните, ама не ги бива. Како гума да јадеш.
Ние дома со години јадеме сирење од млекара Бистра, го купуваме во Веро, само таму го имам видено. Според мене најубаво сирење што го има моментално на пазарот. Вкусот е секогаш ист и нема утка. Јас јадам овчо и козјо, двете се органски, што е реткост кај нас. Цената не се разликува од другите сирења, кои не се органски. Ми се пријаде сега
Сирење, кашкавал, зденки можам да јадам 24h, се што е од млеко направено убаво ми е. Сирење најчесто овчо купуваме од еден пријател на татко ми, вакумирано ретко ептен ако земеме кравјо само.
Препорака за убаво овчо сирење? Земав на Богданци, има ок шмек, ама мн е солено и силно... Овчо ама по меко на вкус сакам, и секако да не е пресолено.
Јадам и сирење и кашкавал . Омилено сирење ми е фета данското сирење и еко шар кравјото сирење . Од кашкавал , исто еко шар кравји кашкавал ми е многу убав и едамер . Имам пробано малешевско мешано сирење , но за мој вкус беше пресолено , сирењата и кашкавалите на здравје радово порано многу ги сакав , но сега не ми се нешто посебно веројатно се навикнав на нивниот вкус . Исто имам јадено многу убав растителен кашкавал како мала кај вујко ми во село го носеа , но не знам од која фирма беше и цел живот во потрага сум по тој кашкавал како бремена жена сум , душа давам да го најдам . Ги комбинирам со се и сешто , дури знам и само сирење и кечап да јадам . Единствено , биено сирење не јадам . Пресолено ми е и не го можам
Значи не е до мене , до нив е . Од Суташ не сум пробала , јас го земам Данското фета сирење и сум во состојба без ништо да го јадам . Пробај ако имаш во блиските продавнички или маркети , би требало да го има , во Тетово го има речиси секаде . Не знам татко ми зема едно од канта , ама не знам од која млекара е , веројатно од тетовскава е , ама не ми текнало да прашам . Слично ми е со данското на вкус и приближно слична текстура . Ниту пресолено , ниту се роне кога сечеш . Парчето останува цело . Бар јас такви сирења сакам
Не би сакала да те разочарам но ова дансково содржи палмово масло во составот.. За мене секое сирење што има повеќе состојки од млеко и сириште т.е маја е комерцијализирано сирење на кое не обрнуваат внимание на квалитет туку на квантитет.. Барајте си некое природно сиренце..
Знам дека содржи палмово масло , баш пред некој месец го читав составот. Меѓутоа , ова сирење го земам кога нема од она што го земам од кај татко ми бидејќи е најслично во текстурата , и не е пресолено. Земавме и од Берово од колега на мм ама не можев да го јадам јас, пресолено ми беше .
@mariz, дали го проба веганскиот кашкавал? Ако не си, би ти препорачал тие 100 денари на нешто попаметно да ги дадеш. Обичен растителен кашкавал со малку повеќе труд вложено во него. За разлика од обичниот растителен, овој се трпи во сендвич, иако не игра некоја голема улога. Јас не би го купил повторно. 200 грама кашкавал за 100 денари би требало да е многу повкусен.
Баш денес купив Ама читав состав, во другите растителни пишува дека имаат млеко Има и некои растителни француски сирења.. и во тие пишува дека имаат млеко. Инаку не го пробав сеуште кашкавалот, сирењето го пробавме како крем сирење е... не е лошо, очекував да е почудно, ама бар мене ми е добро.. на мм ич не му се свиѓа, но битно на синко му се свиѓа
Сирењето јас не сум го пробал, ама ќе му дадам шанда чим викаш дека е океј. Јас конкретно за овој зборам.
Да овој го земав... еве денес во тост го пробав, вкус класичен на растителен кашкавал... Пробај го, мене ми е океј, како фета.. но не е толку соленко
Да прашам нешто ...видов денеска во Тинекс фета сирење...кај шекери пишува 0.4 грама...и нели до 1 грам се ок за нетолерантни на лактоза... https://alittlebityummy.com/what-cheeses-are-low-fodmap-low-lactose/ а на сирењево пишуваше дека има лактоза ??? Кај го има кашкавалов?