Сирењето од Вардарец е убаво. Купувам овчо и козјо. А кашкавал менувам. Дали знаете од Кам оние германските кој е поував црвениот или жолтиот?
Веро и Рамстор.. искрена да бидам, затоа што не се вртам во СК, во последно време немам влезено во други маркети
И јас еден период го купував тоа сирење, ама последните 2 пати беше со грозен вкус. Сега купувам сирење на Здравје (кравјо или мешано) или Маврово (кравјо). Ги имам пробано скоро сите видови, ама овие два ми се највкусни.
Koj znae neka mi pomogne... Vcera si kupivme 2 kanti sirenje, ovco preubavo e no, PRESOLENO , sto da pravam kako da go otsolam, obicno mienje so oda ne pomaga... Se mislev da napravam domasno sololo so pomalku sol.... Ne znam... Please help...
Мене ми е супер, може е до пратката. Секој месец купувам по 5-6 парчиња и досега сите се исти. Порано купував овчо од Здравје, ама тоа на секое купување е различно.
Не прави ново солило, ќе си го расипеш сирењето. Обично миење не помага, но секое парче сирење откако ќе го извадиш и измиеш, остави го некое време во вода, покриено до горе. Така се отсолува. Солта го чува сирењето во состојба каква што е, инаку нема да трае ни приближно колку што трае. Нашето беровско мислам е шампион по сол ама знаеш како викаат... отсолување е за слабаци Без навреда ова..за шала е пишано
Те разбирам, сирењето е овчо од гари, перфектно е , ама незнам ептен штипе... благодарам на советот... Секое добро
Најубаво сирење е од Берово и околината. Претежно од таму зимам канти од човек што сам си прави сирење и си има свое трло овци. А од купечките Бучен Козјак кравјото ми е врвот, а добро е и кравјото на Идеал Шипка и овчото на Галичник кој се продава во мала кутија со расол. Здравје Радово најлошо.
Сирење на Хит Тетово, мислам дека беше, многу вкусно, нема мирис. Кашкавал класичен не, само ајдамер на Олденбургер.
Кравјо сирење Еко шар, кравјо Маврово и кравјо бело Бучен козјак. Кашкавали најчесто сецкани земам. Не сме баш љубители.
Обожавам Колку е постаро и потврдо сирењето, толку ми е поубаво. Биено сирење ми е хит во моментов, солено, мрсно, баш по мој вкус. Но не пребирам. Јадам скоро секакво сирење. Салакис, сецканото во кутија, ми е исто така многу убаво. Кашкавал сакам исто така, скоро ниедно јадење не ми поминува без него. Не ги сакам многу оние сецканите, преферирам јас да си исечам (на подебелки парчиња) Сецканите и завиткани секое во посебно најлонче ми имаат вкус на пластика а не на вистински кашкавал, а порано многу ги јадев и тие, во сендвичи.