На здравје радово мешан кашкавал многу го сакам и мешано сирење на бучен козјак, а од село сега имам и козјо сирење преубаво е
Леле не знам дали некој од мене сака појше млечни производи, а поготово сирење и кашкавал. Јадам многу, буквално со се што можам ги комбинирам.
Кашкавал секаков сакам само да е солен. Сирење од здравје радово омилено ми е мешаното. Исто така и мувлосани сирења јадам. Има многу сирења што сум ги испробала а не ги ни знам како се викаат, и сегде каде видам некое ново чудно сирење пробувам обавезно. Исто и со кашкавал. Обожавам млечни производи.
Го пробав кашкавалот со мајчина душица и магданос и на толку фалење мене ми е многу лош вкусот, далеку е од кашкавал, повеќе е на солено сирење. Не вреди за тие пари. Препорака за кашкавал од Николови, го има во Мик месара на мера.
За сирењето не знам, овчо на Вардарец не ги менувам засега. Кашкавалот дали го имаат вакумиран на помали парчиња?
@Dust тука ќе те прашам да не одам офф на други места, што е тоа жежено сирење? И во темата Берово го имаше пишано па ко сирењељубец ме заинтригира. Од слики на младо сирење ми личи, а можда не?