Кравјо меко и биено сирење било кое мие прв избор. Дефинитовно во овај период од годината кога на располагање ги имаме доматот и крставиците, шопска салата е вистинска уживанција. Не ми се допаѓа и избегнувам сирења и кашкавали од растителни состојки.
Ако бираш за диети и слабеење, подобро е да одбериш со нормален процент на масти или повеќе. Мастите не дебелат. Дебелат јаглехидратите. Можеби ќе одбериш со помалку масти но со повќе јгх (лактоза) и притоа тоа обезмастено млеко најчесто е со додадени прашоци и адитиви за да се добие хомогена смеса на сирење зошто маснотијата и сурутката го прави сирењето а ако нема маснотија како ќе биде во тврда состојба. Кое и да го одбериш нее сирењето калорично, има од 150 до 200 калории само во 100гр.
Дали некое од овие сирења/кашкавали е ок за јадење? Интолерантна сум на лактоза, па барам алтернативи. Еднаш купив некое веганско сирење со кокосово масло и одвратно беше.
Предлог за растителен кашкавал кој нема многу лош вкус? Секако ми е за тост/пица и не очекувам да е нешто wow, ама знам дека има различни. Еднаш купив и беше како од Мек доналдс, еднаш како гума. Ама не запамтив од каде беа.
Омилени кашкавали од овие од маркет: -Алина Деј (Стокомак, Веро и некои месари) -Кравјо жолто сирење на Бучен Козјак (Кам, а и во мн други маркети) -Ајдамер Олденбургер и Милрам (Веро и Тинекс) Сирење: -Вардарец овчо (Стокомак) -Николови овчо (Стокомак и Веро) Било кое козјо сирење Има во Кам растителен кашкавал. Предобар е. Мали пакувања се, германски. Два вида има од истата фирма.