Во мене внесувам големи количини на кашкавал, што е и веќе застрашувачки. Моите не можат дома да стигнат на ред до кашкавалот од мене. Особено ако е Камко - кравји е тогаш му нема спас. Имам пробано и мувлосан кашкавал, но не ми се допаѓа. Сирење исто кравјо јадам, но поретко. Имаше едно Фетина мислам беше, многу убаво ми беше. Исто и она Беровското го сакам.
Алергична сум на двете ама кога бирам од кое би "умирала" тогаш дефинитивно сирењето. Кашкавал освен во пица и некои други јадења каде што е растопен не го сакам. А сирење понекогаш знам и да си замезам. Дома секогаш јадеме само кравјо сирење. Моите сакаат и биено ама мене не ми е убаво.
Обожавам и сирење и кашкавал,јадам само кравји.Инаку многу сакам и биено сирење кое го јадам само рендано врз шпагети или макарони со сос,а во Фета сирење се давам
Сирењето едноставно го обожавам а и кашкавалот исто така . Јас ако ме прашаш би го заменила месото со сирење.Најмногу го сакам овчото и тоа во последно време само од млекара Николови а јадам и кравјо .Моцарелата исто така ја сакам многу а Горгонзола и Бри сирењата ги сакам ама од нив се јаде само по малку како мезе не можам да јадам многу .Кашкавалот исто така го јадам многу било какаов а најубав ми е Подравец или Зелене Долине. Нешто што мразам тоа е растителен кашкавал. Тоа не можам да го јадам а сега скоро ви сите пицерии и сендвичари го ставаат и тоа многу ме нервира страшно е .
На кашкавалот му давам предност, повеќе сакам да го јадам, мада и сирењето не заостанува. Кашкавалот во комбинација со сувомесно, во сендвич или така мезе, а сирењето поише за со лепче ми е, за со патлиџан, пиперка печена, маслинки, лукче, совршен доручек. Инаку, мувлосаното сирење ми е слабост. Било кое, ама оние што горчат повеќе, поубави ми се. Стално си имам ,,уживанција,, најт, со сиренце со мувла, пршутка, винце. Од ова поубаво, здравје.
И едно и друго. Сирење во салата најмногу, врз кајгана, врз помфрит, на тестенини, во бурек. Особено па ако е замотано во сланина и печено на скара? Ухуу, со пивце, животов ми е рај Кашкавалот повеќе растопен, во пица или во печива, вака клот го јадам само ако имам појадок што подразбира комбинирање лепче со мачканици, и кашкавал одозгора. Похован, со тартар сос - неодоливо.
јадам и сирење и кашкавал ,обожавам и биено сирење ,она бабами што го правеше со топол леб исто така баба што го правеше и доматче мњамииии,кашкавал само топен и во пица го јадам,поинаку не ми е по вкус,а сирењето со секое јадење ми е застапено
Енца, дај си раче! Јас обожавам дали сирење, дали кашкавал, ма што и да е сиренкасто - bring it on! Сирење, со тазе, топло лепче и со патлиџанче? Па и без патлиџанче? Има ли нешто поубаво? Биено сирење, има ли нешто повкусно? Моцарела на пица или салата со моцарела, со босилок, балзамико и домат? И тазе ciabatta? Рокфор, или горгонзола или ткн. blue cheese. Мувлосано сирење, растопено или не. Камембер, повторно сирење со тврда обвивка на мувла а внатре мек и растечен, има ли нешто повкусно? Козјо сирење, ах! Пармезан - оргазам на сетилото за вкус. Колку пати само така си го јадам, цели парчиња. Врз тестенини и пица да не зборувам дека ми е a must! Кашкавал, la gruyere, eidam, emmentaler, gouda...стопени или не, секакви. Со добро винце и со оревчиња и грозје - абе убавини. Без сирење не живеам. И го обожавам, ама буквално ми е прехрамбена љубов.
Уф, крвник за сирење. Кравјо, овчо, мешано, биено, фета, пармезан, младо сиренце, постаро, ма секакво, од кал да е - сирење да е. Во шопска салата, тестенини, онака во мезе со некое сувомеснато, оревчиња, бадемчиња, похувано, печено на скара, мх мх, мераци. Мојата опсесија со сирење отиде дотаму што го јадев буквално со секое јадење - со сарма, со компирчиња, со грав, оривче, скара, тестенини... замислете какво било јадење и - додадете сирење. Сега намалив прилично многу, ама неизмерно го сакам. Кашкавал поретко. Најмногу во пица или онака некое парченце, без ништо, колку да му го осетам вкусот. Но, сирењето и јас... сме во долгогодишна Љубов.
За разлика од вас, во животот немам пробано сирење (знам знам многу пропуштам, ми имаат кажано ) Но брат ми го обожава, поготово овчото сирење, со се го јаде и често купуваме канти и ни стојат во подрум... Спојлер Кога некој ќе јаде сирење кај мене дома, јас сум ослободена од должноста миење садови бидејки неможам да го допрам ми се чини нешто ќе ми се случи
Живот без сирење- НЕ Е ЖИВОТ!!!!!! Во стомак ќе ми порасне Секаков јадам, само да не смрди, најчесто од офците е таков Најубаво сирење е Фета и Здравје радово
О- БО- ЖА- ВАМ !!!!! Топено сирење ... ммммммм Топен кашкавал - уште поголемо ммммммммммм Најомилено- тестенини, пица или тост со мнооогу мнооогу млечен кашкавал- стопен !!!! мх мх мх
мммм сирење многу си јадам само летото кога држев диета престанав да го јадам а за кашкавал не сум многу по него ретко ми се наоѓа на менито освен може во тост
Емиии добро де и кашкавалот е вид сирење. Јас порано не можев да јадам сирење, одвратно ми беше, па по некое време мајка ми како зависник од истото, ме научи и мене да јадам. И така сега можам со се да си јадам сирење. Си го обожавам.
И сирење и кашкавал си јадам секогаш А имам пробано и од оние муфлосаните сирења,неможам да кажам дека сите се одвратни има некој што се ставрно вкусни
Сирење и кашкавалче се моето второ име!!! Едноставно ги обожавам, а посебно во комбинација со: -пржени пиперки и јајца -пржени пиперки и домати -помфрит -шопска, грчка салата -тазе лепче домашно, од рерна извадено, што чури со крцкава коричка и буковец -во мајонез салата -во тост,пица, лазањи, канелони, шпагети, домашни кифлици, баница и сл. -летно време со лута пиперка, домат и крцкав геврек со многу сусам И највкусно ми е сирењето од „Идеал шипка“, а од кашкавалите „Кумановскиот“ од Здравје Радово.