Кашкавал. Не го сакам ич тој мекиот како желе, за правење пица и така натаму. Го обожавам тој тврдиот кашкавал и комбиниран со кулен, го јадам наместо чипс.
Кашкавал јадам само во сендвич, пица и такви работи (мислам дека посебен стават во нив). А ваквиот дома што го купуваме ич не го сакам. Ми се гади од самата помисла на него. Додека сирење многу сакам и јадам. Кога не сум на диета си го јадам со макарони најмногу или пак вака само сирење. Со кифлички исто така, нема поубава комбинација. А го јадам и во шопска исто ептен. Не можам без сирење јас .
Мислам дека не би можела да живеам без нив. За доручек, за ручек и за вечера ми се на менито. Де кашкавал, де сирење. Оној кашкавал што го ставаат во пици, тостови и сл. мислам дека растителен го викаат и неможам да го поднесам. Ич не ми е вкусен, не да ми се гади од него, ама ете не ми е вкусен. А сирењето најубаво ми е кога не е многу тврдо и не е пресолено, златна средина. И скоро со се го комбинирам и во последно време специјалитет ми е тавче со сирење и колбаса. Поубаво здравје! А највкусно ми е пресно сирење, за време на подготовката кога е како желе и не е солено. Е кога баба ми прави сиреше тие денови сум и стален госитн. Многу ми е вкусно така, ама за жал неможам секогаш да го јадам. Ама ако и вака ми е убаво
Ооо многу сакам Моите го сакаат кашкавалот тврд и солен кога е ( демек така бил правилен, пф како не ), а јас па го сакам помек кога е.. Си сецкам и си се мезам И сирење кравјо Здравје - омилено!
Кашкавал не сакам многу и не го јадам којзнае колку. Обожавам сирење. Порано не пробував никакво освен кравјо, ама бев на гости кај баба ми, а тие дома имаат овчо. Абе милина. Па и посоленко така.