Исто ти е. Прашај кој сакаш и ќе ти каже дека е штетен кашкавалот. Само што во странство уште повеќе хемикалии ставаат. Да беше здраво и нутриционистите ќе го јадеа. А за сирење, јас зимам од Веро едно козјо органско сирење. 400-500 грама 120 денари горе-долу е негде. Тоа ти е најдобро. И општо од сирења, козјото на прво место е за поздраво и поквалитетно. Ама гледам освен во Веро на друго место нигде го нема. Изгледа повеќе ги извезуваат надвор, а тука во Мк не ги продаваат.
Денес се вклучив и ја најдов темава,специјално за да го пофалам кашкавалов.... Ваков не сум јадела со години За сите оние што не го можат ајдермер(мек и лигав)ова е одличен сув и солен кашкавал
Козјо сирење има на Осогово,го има во Рамстор за Веро незнам. Мм го зема од продавницата на Осогово. А кое е тоа органско сирење од Веро? Инаку гледам за Суташ се фалите дека ви е добро јас не им верувам, на тие преваранти. Од причина што јогуртот им е 4 пати пастеризиран,бљак! Исто ко отров да пиеш,не се нормални 3 пати се расипувал. Ја тоа би забранила со закон да се продава. Којзнае и другите производи какви им се... Еве сликче од козјото
Абе сите млечни производи ги пастелизираат. Не е нешто ново тоа. Најубаво ќе е да се оди до таму кај што ги продаваат во планините по бачилата и од таму директива да се купи канта цела. Јас ова органското го купувам од Веро 2 во Тафталиџе, и убавко е, малку солено (ама јас си сакам солено) и цената не е нешто скапа 110/120 денари е 400-500 грама. Значи сирење чисто ако сакате само на бачило. Јас имам нарачано од бачило овчо сирење. Татко ми нарача. Ќе го јадам едвај, иако сум многу по сирењето. Али мрсно е тоа. Затоа преферирам козјо. Најздраво е. И најмалку мрсно. А ако има некој што знае човек што продава чисто козјо сирење нека ме информира.
Јас купувам од оние вакумирани сирења и во последно време не можам да си најдам асално кравјо сирење. Сите ги расипаа и на вкус и на текстура и по неколку дена во фрижидер почнуваат гадно да мирисаат. Конкретно осоговско и идеал шипка. Катастрофа. Вие какво сирење јадете?
Кашкавал строго само од посниот другите ич не ми се допаѓаат,топен кашкавал посебно мххмхмхм.. Сирење своемирско или мешано,може и кравјо
Кашкавал јадам секаков. Сирење само фета или едно друго има така како фета незнам како се вика татко ми го купува.
Сирење јадам овчо, кравјо и мешано. Од козјо ми се гади. Галичкото е најубаво од сите што сум ги пробала и најчесто такво јадам. Кашкавал јадам многу, не сакам растителен ко гума, се знае што е кашкавал - пребирливи сме по дома за овие работи.
Секогаш сум тука за добро сирење и и добар кашкавал, иако можам да кажам дека повеќе сум по сирењето. Го сакам тврдо, овчко а може и козјо само да не мириса, сакам и моцарела многу освежува, ддека кашкавалот сакам да е помрсен, највкусниот кашкавал го јадев летово во Шпанија само неззз како се викаше.
Нема храна што не ја сакам па и кашкавалот и сирењето не прават исклучок, посебно па кога се работи за некое добро сиренце или кашкавалче Најмногу ги сакам растопени
Козјо сирење од Сточарство Богданци, козјо сирење од Мелкара Николови, Фета сирење, моцарела, рокфорд, а од кашкавал Ајдамер и Гауда. Но и кумановското и осоговското не се лоши.
Кравјо, овчо, мешано, козјо сирење...ајдамер, гауда, осоговски, малешевски, кумановски...бреееј убавини. Све сакам!
Se davam vo mlecni proizvodi,osobeno sirenje I kaskaval.Ne prebiram mnogu ama najvkusno mi e Kozjoto sirenje, po moznost domasno od provereno mesto.Ne sekoj go podnesuva,no koga ne mirisa e super I najzdravo.Jadam I kravjo I ovcko,koga nema domasno na zdravje radovo ili bilo kakvo.Kaskaval Gauda,Ajdamer,Kumanovski mesan mi se naj.