Сирискиот конфликт и мигрантската криза

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од okcenzi, 29 септември 2015.

  1. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.513
    ДЕВОЈКА ОД СИРИЈА ВО СРБИЈА ОТКРИ КОЈ СЕ ТЕРОРИСТИТЕ ПОМЕЃУ МИГРАНТИТЕ, ДЕВОЈКАТА ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ


    На протестот кој во неделата во Белград го организираше Српското народно движење,,НАШИ“ и ,,Србски Образ“, зборуваше државјанката на Сирија Рима Дариоус.


    [​IMG]
    Таа пред собраните граѓани отворено зборува за состојбата во Сирија, бранот на мигрантите и односот на Запад кон тој проблем.

    Говорот на Рима Дариоус го пренесуваме во целост:

    „Драги пријатели, овде сум денес пред вас како горд државјанин на Сирија. за да Ви ја презентирам состојбата во мојата земја.Некогаш бевме народ каде што луѓето се сакаа меѓусебно и се почитуваа. пред оваа војна наш најголем проблем беше Палестина.

    Сакавме да ги решиме малите проблеми во однос на она што го имаме денес, проблемот со бирократијата и корупцијата во некои државни сектори. Не знаевме за неправда, тероризам ниту криминал. Напорно работевме последните 10 години, пред оваа војна, и направивме големи чекори. Најважното е што немавме Сиријци како бегалци.

    Имавме силен национален идентитет. Тоа што треба да го знаете Вие, е дека лицата кои можете да ги видете денес на улиците, на границите, на патиштата кон Германија или Холандија, не се прави Сиријци. Не сакам да ме разберете погрешно, јас го сакам мојот народ, но моите луѓе се оние кои се борат за нашата татковина.

    Точно дека на мигрантите, бегалците, им е тешко, но на кој не му е тешко и кој не страдал во текот на оваа војна. Поради што остатокот во Сирија останува во земјата и продолжува да се бори? Ако тие се вистински бегалци тие ќе одбраа да одат во првото најблиско сигурно место, а не да се тепаат со унгарската полиција, затоа што сакаат да стигнат во Германија.
    Дозволете ми да поставам прашање: Дали западот ги сака или не бегалците, или не сакаат да умираат по морињата? Зошто тогаш не ги стопираат своите санкции против сирискиот народ? Нивните санкции Сирија ја чинеа 143 милијарди долари!

    Зошто Запад не им помогне на Сиријците да останат, зошто не и дадат подршка на сириската војска да се ослободи од терористите, и Сирија повторно да биде сигурно место? Зошто не помогнат да се обноват уништените куќи со парите кои ги трошат на мигрантите ? Тие сакаат да ја уништат Сирија и сирискиот народ. Тие ги земаат докторите и најдобрите студенти што ќе предизвика одлив на мозоци од една страна, а од друга страна мултинационалните компании посакуваат ефтина работна сила за да ја намалат платата кај луѓето.

    Нашиот народ изгуби преку 100.000 војници во борбата против екстремистите, до сега не слушнавме дека Западот плаче по нив, за оние кои ги положија своите души во одбрана на нацијата оставајќи ги зад себе горди семејства, е тие заслужуваат помош. Додека од друга страна западните медиуми ги сожалуваат само оние кои загинуваат во обидот да избегаат и да ја напуштат земјата, меѓу кои се и џихадисти кои имаат пари да платат повеќе илјади евра за таков пат.

    Дозволите ми да Ви кажам дека парите што ќе ги плати едно семејство од пет члена , за да дојде во Европа се доволни да купат куќа во Сирија и тоа во заштитената зона каде што нема војна, да започнат нова работа и да живеат во добар животен стандард. Тие не се бегалци туку мигранти со економски мотиви пред се. После 5 години војна нашата морнарица сеуште ги исполнува своите меѓународни обврски. Нашето крајбрежје е доброчувано , одтаму ниту еден мигрантски брод не тргнува за Европа.

    Уште еден тренд овие денови е дека во Европа се прифаќаат христијаните од Сирија. Тоа претставува празнење на првите христијански земји од христијаните… Запад го напаѓа нашиот идентитет, нашето единство и суверенитет.

    Ние со овие простори сме повеќе од поврзани, истите албански терористи од Косово, денес убиваат цивили во Сирија а тоа им го дозволуваат корумпираните политичари од САД и нивните сојузници во ЕУ.

    Драги пријатели се што барам од вас е да стоите позади нас, бидејќи ние сме народ кој се брани и си ја сака својата држава.



    Релната слика за Сирија кажана од оваа девојка.
    На нашите гранични премини поминуваат терористи со испрани мозоци спремни за напади во Европа. Замислувајки шеријати и исламски држави, глумат дека се бегалци, но со севе носат и оружје, еден куп пари, ајфони.
    Ако подобро се загледаме ке видиме дека помеѓу мигрантите нема 10% жени и деца и поголемиот де се црни ( што не е случај со сиријците).

    Вистината за мигрантите – зошто се нарекуваат Сиријци кога само 20% од нив се од Сирија?
    http://tocka.com.mk/1/171159/vistin...vaat-sirijci-koga-samo-20-od-niv-se-od-sirija

    И додека ние европејците, глумиме хуманитарно лудило, тие полека но сигурно Европа ја претвораат во калифат.
    Според некои статистики, за 15 год од сега, секое 3то дете ке биде муслиман, а за 25 год од сега Европа ке го изгуби својот лик и ке заличи на Африка.

    Еве некои видеа, за тоа како изгледаат големите градови денес.










    Што се спрема за Европа, нема да не одмине и нас.

     
    На honest girl и angelche16 им се допаѓа ова.
  2. Lefk

    Lefk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    124
    Ама че
    Ама чекај сеа ти ова ти е демократија, како така? мултиетничноста е најдобар начин за пропаст на држава,етницитет, само ајде докажи им на луѓето со големи срца за ова?
     
    На Tanjamm и okcenzi им се допаѓа ова.
  3. Lefk

    Lefk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    124
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.513
    Глуперда што да кажам за оваа. Пошто нели сексот е најбитен.
    Него она што страшно ме нервира е пто излегуваат гуски “хуманитарки“ што приплачуваат на тв и што трчаат по слава, додека светот околу нив се руши, ама нели тие се најбитни.

    http://livada.mk/humanosta-izzemena-od-nacionalnost-i-religija/


    Е оваа ми иде да ја здробам. Дали вака се заангажирала да им помогне за социјалните случаи, на децата без родители, на болните деца, е арно ама тамо нема камери и тесни хеланчиња.
    Истиве овие за некоја година ке и ја тормозат керката. Истиве овие за некоја година ке ја протераат од својата земја и дом или ке им биде роб.
     
    На honest girl, JuLleE, zvecarka и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.912
    Допаѓања:
    72.503

    Овие ко на пазар да одат, де овие пиперки ајварски да ги видам, де оние.... Ау не ми се свиѓаат.
     
    На Outlook, tessie, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    2.310
    Допаѓања:
    2.524
    Пол:
    Женски
    Побарајте низ фејсбуков ми се вретеше пред некој ден слика од типов што го има сопнато новинаркава http://www.vox.com/2015/9/10/9301989/syrian-refugees-petra-laszlo

    Прво жал ми беше, ама кога ги видов сликите... Типов е уставри терорист. Не можам да ја најдам страницата не ми текнува која беше, ама има поставено две слики од него на едната убаво се гледа каква униформа носи и какво оружје држи. А што е најжално ги имаат вработено сега во некое училиште, како тренер/професор по физичко. Господ нека ги чува тие деца со ваков човек за наставник.

    Налетав на уште неколку вакви колажи, од различни "мигранти" низ инстаграмов само штета не можам да ги прикачам сликиве не знам зашто.
     
    Последна измена: 29 септември 2015
    На Tanjamm и okcenzi им се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    50.673
    Пол:
    Женски
    А од каде знаеш дека не се заангажирала да помага и на болни и социјални случаи? Можеби се грижи за луѓето како луѓе, а не како националности? Многу глупаво е да мислиш дека е гуска која трча по слава затоа што помага. Гледаш човек кој има потреба и помагаш. Толку е едноставно.

    Кога ги гледате како толпа на луѓе меѓу кои има и сомнителни, лесно е да го гледате најлошото. Ама ова се посебни судбини, и повеќето се трагични до степен што не можеме да си го замислиме.

    Фотографот од Humans of New York моментално споделува такви судбини, баш дава една поинаква слика. https://www.facebook.com/humansofnewyork?fref=ts

    Зарем не заслужуваат шанса? Како да останат во некои 'заштитени зони' кога постојано стравуваат за безбедноста на семејството? Убаво е сето тоа што го кажала говорничката од воведниот пост, дека Западот треба на поинаков начин да помогне. Ама тоа дека вистинските Сиријци треба да останат каде што биле, знаејќи дека мали се шансите да преживеат, не знам баш. Плус, девојкава зборува во Белград, колку што разбрав? Кој е нејзиниот изговор?
     
    На Sanjichka007 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  8. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.266
    Зошто бегалците кои се 99% муслимани не пребегуваат кај нивните браќа по религија кои возат златни коли во Саудиска Арабија , Емиратите и Кувајт кои пливаат во нафта, туку трчаат на запад кон ЕУ кај "неверниците " :emo:
     
    На Outlook, Lefk, fairy88 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. real-man

    real-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2015
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    439
    Пол:
    Машки
    zatoa sto slobodata nema cena, izatoa sto ako otidat vo Saudiska Arabia Katar ili dubai, treba da se slugi n grst sheici sto vozat zlatni koli, kerkite ke im bidat 6-7 zeni po haremite na nekoi 16 godishni naslednici so izvitopereni umovi, a vo Eu se nadevaat na ramnopravnost e toa e toa, se nadevaat deka ke im se ceni individuata, i kaj nas site se za rusija a se tepat za rabota na zapad od slicni pobudi...
     
    На tessie и p.anka им се допаѓа ова.
  10. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.266
    Како така наеднаш се сетиле на слободата во рок од 2 години војна во Сирија и Ирак со ИД, како до пред овие 2 години војна не се сетиле дека во ЕУ има рамноправност и слобода и зашто пред војната не емигрирале :^)
     
    На Tanjamm и sjdgo им се допаѓа ова.
  11. p.anka

    p.anka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Prvo ke ti kazam so sigurnosty deka begaat od pred nekolku a ne od pred dve tri godini, toa ti go kazuvam so sigurnost, zasto uste pred 4-5 godini naletav licno na edna pogolema grupa megu tunelite vo demir kapija-preplaseni kutrite , sega eskalira vojnata i normalno e poveke da begaat i toa ne samo od Sirija aa i od Irak, inaku mozebi ima udel i sluzbite na Asad da gi nasocuvaat kon eu za da ima eden vid pogolem pritisok za ovie da se stavat na negova strana protiv Isil...
     
  12. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.266
    Бегалци имало и ке има, ама како сега масовно никогаш не се случило да преминуваат граница по 5000 или повеќе лица во еден ден , муабетот ми беше дека нема да биде иста Европа ако се продолжи вака како што се одвиваат работите
     
    На Tanjamm и sjdgo им се допаѓа ова.
  13. real-man

    real-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2015
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    439
    Пол:
    Машки
    Eve jas ke vi pisam i na dvajcata, ne samo od Asda mislam deka najmnogu se nasocuvani od rusite, mozebi i od bogatite arapi sto gi posocivme, celta ne bi bila samo pritisok tuku i eden vid destabilizacija-pred se ekonomska na Eu, a begalcite begaat od edna tiranija nema da odat vo druga, i koj sto saka neka kaze ama od Eu poslobodno nema, ati PANKE ko za zensko super se razbiras vo geopolitika
     
  14. real-man

    real-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2015
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    439
    Пол:
    Машки
    ada se soglusavam, ako ne prekine vojnata, odnosno vojnite, sirija, irak, afganistan, nigerija, mali.. evropa ke se smeni demografski , da. No poentata e mentalno i socijalno da ostane ista, odnosno da se prilagodat i socijaliziraat odnosno asimiliraat dojdencite
     
  15. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.266
    Баш заради тоа и реков дека ЕУ нема да биде иста ако се продлжи вака

    не можат да се навикнат истите тие луѓе (бегалци) на европска култура менталитет и да прифанат исти вредности нема шанси , затоа ке настане хаос
     
    На green.eyes и Tanjamm им се допаѓа ова.
  16. real-man

    real-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2015
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    439
    Пол:
    Машки
    ne e bas taka, azil nekoj ke dobiat nekoj ne, ke ima mnogu deportirani, e sega da se soglasuvam so tebe deka e opasnost posebno za posiromasnite i ponestabilni zemji , no nekako e prenapumpana celava rabota, i pak tvrdam odi vo korist samo na rezimot vo Sirija bogatite arapi i Rusija i tie go iskoristuvaat ova i gi saskat begalcive nakaj Evropa-(pred se ekonomski da ja oslabat), a narodot na Sirija irak,,ne veruvam deka bega iljadnici kilometri za nekolku iljadi evra, mir i sloboda se vo prasanje 100% sum siguren
     
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.773
    Допаѓања:
    194.150
    Пол:
    Женски
    Бидејки целта им е да ја уништат и да направат раздор во европа.
    Ова беше предвидувано и дискутирано години наназад, и ете се оствари, се случи за жал.
    Проблемот и ситуацијата е многу покомплексна и покомплицирана отколку што мислиме ние.
     
    На Nausicaa, okcenzi, citiesinflames и 7 други им се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.083
    Пол:
    Женски
    Dosta digate panika, Evropejcite ne se glupavi da gi snajde neshto slichno na fyrom.
    Lugjevo-begalci ne se svesni deka odat tamu kako evtina rabotna raka, ona shto Evropa go smeta za vishok, kje si dobie bilet za nazad vo dogledna idnina.
    Logichno e shto Sirijcive navalija da begaat posledniot period, tie tamu zhiveeja, tie najdobro chuvstvuvaa deka situacijata kje kulminira, kako shto vprochem bidna so ruskite bombardiranja.
    Inache, mislam deka duri i da se stavi kraj na siriskiot konflikt, isis kje prodolzhi da see strav i uzhas vo nova misija i na drug front.
     
    Последна измена: 2 октомври 2015
  19. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    2.919
    Јас видов еден од мигрантите што го сопна таа новинарката го земале за тренер во Шпанија. Па после излезе дека бил терорист. Но нигде не видов дека го избркале.
    Се надевам дека Русите со нивната колаиција ќе го спасат светот. Long live Putin !!!
     
    На Deadhalf и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.513
    Фото: Кој сѐ се крие меѓу вистинските бегалци

    Помеѓу илјадниците луѓе кои ги напуштиле своите домови за да избегаат од војната во Сирија, се кријат и многумина што не се само обични луѓе на кои им треба помош.

    [​IMG]

    Меѓу семејствата кои бегат од смртта, мајките кои бараат подобар живот за своите деца, не ретко се протнуваат и оние со многу поинакви намери и со не толку чисто минато.

    Taков е и примерот со Осама Абдул Мохсен, Сириецот кој наводно беше намерно сопнат од страна на една унгарска снимателка, додека тој бегаше од полицијата. Приказната веднаш беше прикажана низ сите светски медиуми, новинарката доби соскар, а Мохсен понуда за работа како тренер во училиште во Гетафе, Шпанија.

    На крајот се покажа дека неговата приказна не е толку невина. Во соопштение на партијата Демократска унија на Курдите во Сирија, беше објавено дека во 2011 година тој бил член на Ал Нусра, каде „извршик злосторства против цивилното малцинство, вклучувајќи и против Курдите“.

    Вакви примери се премногу:

    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    Фото: Мотика

     
    На honest girl, Outlook и Nausicaa им се допаѓа ова.