Slumdog Millionaire е филм кој ме остави без текст .. Еве на кратко што се случува во него : Во центарот на приказната е осумнаесетгодишниот Џамал Малик, сираче од улиците на Мумбај, кој се пријавува на квизот "Кој сака да биде милионер" само за да и ја докаже својата љубов на девојката која ја љуби, а со тоа ќе го доживее и најголемиот успех во својот живот. Во мигот кога целата нација го гледа, тој е на прашањето чиј точен одговор може да му донесе награда од 20 милиони рупии во индиското издание на квизот "Кој сака да биде милионер". Но откако ќе се изгаснат камерите, полицијата го апси и го обвинува дека мамел. Едноставно никој не верува како може дете од улицата да има толкаво знаење. Решен да докаже дека не е виновен, Џамал ја раскажува својата животна приказна. Тој раскажува како со брат му се снаоѓале на улица, се бореле со локални банди и зборува за девојката што ја сакал, но ја загубил. А секое поглавје од неговата животна приказна е одговор на прашање во квизот. По ова, му останува да се врати и да одговори и на последното прашање. Дали некој од вас го има гледано,и какви впечатоци ви остави ?
Милионер од кал (Slumdog Millionaire) Од кај па сеа Милионер од кал? Боооже какви се не преводи ќе начекам! Филмот Deadend го превеле Мртов Крај Кој ги става овие преводи бог да чува!??! Незнаеш дали да плачеш или да се смееш... On Topic==> Добар е филмот, посебно саундракот лани цела сезона не го извадив од плеер...
Сиромавиот Милионер (Slumdog Millionaire) Убав е филмот,ама јас сепак сакав оскарот да го земе Бенџамин Батон
Сиромавиот Милионер (Slumdog Millionaire) Филмот е екстра, има многу добри, поучни пораки во него. Но искрено мене ме измори. Трае премногу долго според мене Го гледав во два дена, ептен долг ми беше за наеднаш(немам стрпление за толку долго да седам и гледам филм ) ,но дефинитивно се исплати
Сиромавиот Милионер (Slumdog Millionaire) прекрасен филм,ги гледав и двата и бенџамин батон,два прекрасни филма.
Сиромавиот Милионер (Slumdog Millionaire) Одличен е филмот. Заслужено си зема оскар. Режијата е одлична, има кадри кои ме фасцинираат, приказната е убава, човечна, топла, глумата е супер, едноставно филмот остава без здив, кој се разбира од филмска уметност. Саундтракот е посебна приказна, мене омилена ми е оваа песна. http://www.youtube.com/watch?v=jwM0UKQnm9o
Сиромавиот Милионер (Slumdog Millionaire) Филмот е прилично долг, ама уживав додека го гледав. Можеш многу работи да научиш, доста поучен и тажен. Оскарот, заслужена ствар му е. http://www.youtube.com/watch?v=Z32SCbI4 ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=Kfjj8BOe ... re=related
Сиромавиот Милионер (Slumdog Millionaire) Мене ми се допаѓа филмот,ги заслужил оскарите! малку е тажен, битно на крајот среќно завршува,а и кореографијата е секоја чест :up:
Сиромавиот Милионер (Slumdog Millionaire) Еве ми го фејв`ритот: http://www.youtube.com/watch?v=__HQGvSqZ5I Кога излезе, го гледав и неможев да си ги соберам емоциите. Сега ми се веќе оладени бидејќи не се работи за нов филм, и не ми е гледан во скоро време.
Сиромавиот Милионер (Slumdog Millionaire) Филмот е прекрасен. Овој е еден од ретките филмови што сум го гледала со комплетна заинтересираност од почетокот до крајот. Не мрднав, ни да одам до вц, ни да земам грицки, ништо не можеше да ми го одвлече вниманието. Филмот е целосен, со прекрасна приказна пропратена со уште попрекрасна музика...
Сиромавиот Милионер (Slumdog Millionaire) Прекрасен филм. Уште кога видов дека Danny Boyle го правел очекував да е добар, и не се излажав. Одлична режија, извонредна камера, уште подобра приказна, и глумци со неверојатен шарм кои ќе ве повлечат во првата минута. Се на куп, како што треба! Јас Оскарите не ги почитувам ама ако верувате кога на овој филм му беше доделен оскарот, и кога излезе на сцена сета екипа од филмот, пуштив солза, две, затоа што бев навистина трогната. Можеби не толку за творците на филмот, колку за цела Индија. Ви текнува како беше проследена веста во Индија за оскарот? Каков фудбал, какви бакрачи! И знаеја зошто навиваа. Затоа што филмот не е само Боливуд сместен во премногу сурова средина, средина во која се осакатуваат деца за да се заработат тешки пари. Средина во која едно мало, преслатко дете нема проблем да рипне во измет за да стигне до својот омилен актер. Премногу тешки теми беа разработени во филмот, и таман кога ќе ви се смачи од цел свет и од сета расна, религиозна или национална нетрпеливост и омраза, режисерот ви нуди излез од сета сурова реалност и ви праќа сончев зрак на надеж, дека на некои луѓе, сепак, на крајот заслужено им се насмевнува среќата. А саундтракот беше само цреша на тортата. Некои од моите омилени песни беа спомнати погоре. Јас ќе ја додадам оваа. http://www.youtube.com/watch?v=-osWvzCMQ7s
Сиромавиот Милионер (Slumdog Millionaire) Навистина уште еден одличен филм кој задолжително треба да се гледа, Малку го имам подзаборавено, ама знам дека бев под големи ипресии кога го гледав...
Сиромавиот Милионер (Slumdog Millionaire) Еден од најубавите филмови кои сум ги гледала животното искуство е одговор на сите прашања...
Филмот ме остави без текст, без коментар, без здив. И јас не мрднав кога го гледав, го изгледав во еден ден. Преубав морам да напоменам и во ниеден момент не почувствував досада. Саундтракот - одличен, прави посилни ефекти и предизвикува посилни емоции.
Заслужено добиен оскар. Два пати го гледав. Односно првиот беше обид, се потресов и исклучив, имаше теми кои ме погодија и не можев да гледам, а потоа решив дека морам да седнам да го ѕирнам. На крај, ми се допадна, иако ми беше проблем долготрајноста, ама ете некако се решив и од неа.
Прекрасен филм, нешто кое никој не го очекуваше-дека веква приказна ќе добие оскар зашто за состојбиве сите знаат но тоа не е по ничија вина нели Филм кој ја раскажува суровата реалност не само во Бомбај/Мумбаи туку насекаде во светот... Деца кои страдаат за парче леб, живеат во беда и сиромаштија која носи ногу болести па уште и ги експлоатираат... Најжалосно е што дел од децата кои беа главните ѕвезди во филмот сеуште делумно живеат вака.