Филмот е предобар! Зборови се излишни. Мене лично многу ми се допадна. Прашањата му беа веќе доживеани (ако може така да се каже ). Се присетуваше што и како било во неговото детството и така можеше да ги одговори прашањата. Прекрасен филм.
Би рекла супер филм и можеби еден од ретките оскаровски филмови во последниве 5-6 но и повеќе години да речам заслужи оскар. Одлична идеа, нешто ново а веќе многу познато, преставено на филм. Ми се допаѓа како е осмеслен целиот тој флеш бек и супер и улогите сосема на место. Мене лично ми е здосадено од едните исти Холивудски актери. Не ја сакам Индија воопшто, но на овој филм баш тоа и му даде посебен шмек, па и мене ми стана малку убава. Силна 9 од мене дефинитивно.
Прекрасен филм, многу ми се допадна. Јас ќе ја додадам оваа песна: http://www.youtube.com/watch?v=2HqPEoUinPE
Филмот вреди да се погледне, на тапет е сиромаштијата во Индија која подоцна по реализирањето на филмот беше критикувана, Пател стварно добро одглуми, но не беше во никој случај за оскар за најдобар филм, далеку подобри беа The reader и The Curious Case of Benjamin Button ден денес не ја преболив загубата, уникатна и фасцинантна приказна со Бред Пит
Сите три филма кои ги наброја се одлични но сепак постојат нијанси кои прават мала разлика а нијансите секогаш се оние одлучувачки - детерминирачки фактори, Сиромавиот Милионер е доста емотивна приказна со одлична улога на Пател и исклучителна режија на Дени Бојл, но ќе се надоврзам и согласам со твоето мислење за Читачот во режија на Стивен Далдри, особено Чудниот Случај на Бенџамин Батон е неверојатен, фасцинантен филм и уникатна приказна со одлична актерска екипа и маестрална режија на Дејвид Финчер