1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сиромаштија, личен неуспех или вина на општеството?.

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Nezna28, 19 ноември 2013.

  1. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Па фала богу дека целата сиромаштија произлегува од трулото општество кај што живееме..
    Кога станува збор за овозможување на квалитетни работни места,кои ќе доликуваат за еден пристоен живот,нашата државичка е едно големо ништо.
    Џабе јас ќе работам во конфекција или фабрика за минимална плата,кога пола и повеќе ќе треба да ја трошам на скапата струја и плус триста други трошоци.Материјално осакатен народ сме,поради недобрите пресметки на таму горе таканаречените функционери кои ни ја водат државата.
    Да не коментирам што секој се фали со факултет,а е сиромашен со знаење и вештина и ќе постигне некоја видна фунција,а некој што си ја тупел глаата со години ќе работи во Комуналец(не дека е лоша работа).
    На вакви теми има огромни простори за дискусии,јас само едно ќе кажам,додека не ни се средат функционалните делови од државата,народот ќе си биде сиромашен и материјално и умствено.
     
    На skygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Секако дека сиромаштијата е личен неуспех, case closed за мене.

    Едноставно не можам да ги сфатам и разберам оние кои остануваат без работа по 10, 20 години, па тоа е пола работен век скоро. Исто така многу ме иритираат тие што наместо да се борат во животот, полесно им е да лежат на земја, да плачат и кукаат и од државата да земаат социјална помош како паразити. Зборам за физички здрави и прави особи. Едноставно не сакаат малку да го заморат мозочето и ако сфатат дека згрешиле професија или нема више перспектива, да се преориентираат кон друга струка, тоа е веќе нормално на западот, видиш едно не иде, пробаш друго нејќе ни тоа, па со трето ваљда ќе тргне матер му е*ам. :lol: Што се однесува до физичките работници и простата раја што прст пред очи не може да види, шта речи... не секој е роден со памет, мора да има и таква категорија луѓе. :D

    Можеби сум преостар ама мора малку мотивација за таквите лица, иако и самите се свесни дека се оперирани од мотивација. Животот е доволно долг за да може да се дојде ако не до богатство, барем до достоинствен живот. Оној што не е способен да се менува и прилагодува во денешно време, капитализмот ќе го изеде безмилосно. Оној што нема да напредува и да се усовршува исто така ќе биде покосен од немилосрдниот маркет.

    Никој не бара да имаме милиони, ама барем нормален живот можеме да си обезбедиме. Се е во наши раце тоа ми е поентата. Некој се раѓа во посиромашна средина, друг во побогата, ама тој што има волја и го бива ќе успее. Тој што се родил во посиромашна средина се во животот ќе му оди потешко за разлика од тој богатиот кој се ќе има на тацна, но ако се сака ќе се успее. До успех не се стигнува со трчање. Тој што сака да успее мора да е подготвен да ползи во дадени моменти, да помине многу тешки и фрустрирачки моменти, многу искушенија и на крајот успехот ќе си дојде.

    Најлошо е да се стои во место и ништо да не се прави. Таквите луѓе не ги жалам. Ако сакаат сожалување нема да го добијат. Да седиш, да кукаш и со мал прст да не мрдаш и да се надеваш на подобро утро, браво за таквите со таков “оптимизам“. Тоа е тоа премногу има за филозофија не ми се пишуваат романи. :D

    Квалитетниот секогаш испливува на површина и доаѓа до израз. :up: Гледајте да бидете во таа група. За се си треба само време и трпение, помеѓу другото.

    Можеби и грешам за некои работи, човек сум, кој работи тој греши. :)
     
    На elisabeta, sexybaby, Lemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Има луѓе кои се паметни, интелигентни, добри граѓани, културни, и се нај.

    Ама не се упикливи, трчи-лажи, снаодливи, нема кој да ги турне.

    Зошто денес такво е времето. Нема веќе поштеност. Ако си поштен, добар, ти си никој. Мора да си упиклив, да лажиш, да си малку злобен и итар за да се снајдиш.

    За жал !
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Ова е двонасочна улица бе луѓе, како можете така да размислувате?
    Не знам вие што подразбирате под општество, ама еве ви дефиниција - заедница на луѓе обединети со форми на заеднички живот, со јавна и државна власт и производствена дејност, материјална и духовна култура, општествен систем.
    Мораме заедно да функционираме, никој сам не може ништо. Не можете толку лесно да пресечете и да посочите која страна секогаш е виновна. Јас не можам да очекувам нешто од државата, ако не вложам ништо. И обратно.
    Конкретно за нашава ситуација и за тоа дека луѓето сами си се виновни - џабе ни се дипломите и знаењето, кога невработеноста е огромна. Освен тоа, платите тапкаат во место, трошоците од ден на ден се зголемуваат, а казните се несразмерно големи.
     
  5. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Се додека сите сакаат да се запишат на „модерен“ факултет, а занаети и индустриски гранки ни пропаѓаат на велико - нема фајде.
    Не е криво општеството што народот си задал некоја норма дека е срамота да се занимаш со сточарство и земјоделство. Не е криво општеството што сме си наметнале дека мора да се пие кафе низ град секој ден и да се има скап телефон, а притоа да се гладува дома... Еден по еден, ние го ствараме тој менталитет. Ние гласаме на избори. Ние одбираме да го продолжеме образованието во област каде таквиот кадар е пренатрупан и свесно се нема работа. Ние одбираме да не одиме на факултети кои се форсираат на тв за да привлечат студенти и кои би можеле да нудат, ако не друго, барем помала конкуренција при работа.
    Премногу ние има во текстов за да имаме образ да го окривиме општеството дека е виновно за нашиот неуспех.
    За да се промени општеството, првично треба да се променат поединците кои го сочинуваат...што значи: проблемот е во поединецот.
     
    На Nezna28 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.120
    Допаѓања:
    76.420
    Пол:
    Женски
    Ќе напишам само една позната изрека. Ако си се родил сиромашен, тоа не е твоја вина. Но, ако умреш сиромашен, тоа е твоја вина.
     
    На Rama, Srcka $, Alisa22 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Во општества како нашето - да, во глобала сиромаштијата е нивна вина, на нивниот трул систем. И тоа не е оправдување за навистина неамбициозни и мрзливи поединци (кои се како исклучок, а не правило), туку е реалната вистина за држави на толкаво ниво на развој, со толкаво влијание на познанства, врски и запоставување на вистинските квалитети.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nalutena1

    Nalutena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    Site tri se vinovni
     
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Се преплетува. Општеството сепак го чинат сите поединци заедно.
    едит Ова за во Македонија го зборувам, а во развиени, постари држави, секако дека е личен неуспех.
     
    Последна измена: 29 декември 2017
    На Црна Ружа и Briar Rose им се допаѓа ова.
  10. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    Човек што сака да работи ќе најде работа.
    Дали ќе мети улици, дали ќе копа, дали малтер ќе меша...
    Оној што се труди ќе има. Можеби не за раскошен живот, ама за една скромна живеачка ќе има. Барем нема да му бидат гладни и боси децата.

    Е оние што чекаат од небо да им падне не можам да ги сфатам.
    Способни за работа, ама пуста мрза. И се жалат дека немаат. Ни за леб, ни за облека, деца им трпеле.
    А секоја година по едно дете прават.
    Епа ете си имаат поубава занимација и немаат време кога да работат.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Генерално зависи од човекот, иако за жал има многу жртви од неправедна и криминална власт. Не само од затварање фирми и фабрики, туку многу луѓе се психички пореметени и емоционално исфрустрирани од одредена власт и изгубиле воља и за работа и за живот и животот им поминува во горчина и фрустрации од одредена власт.

    Но генерално, во земја на пример како нашата, ако си доволно здрав (пред се психички), немаш изговор да просиш за леб.
    Коцкање, кладилници, пороци (алкохол, дрога) исто така се генератори на сиромашни луѓе.
     
    На poenta, crimson, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    А во каков живот живеат оние што метат улици, копаат и мешаат малтер, ако не во онаков кој може да се опише со терминот „сиромаштија“?
    Сиромаштија не е само воопшто да немаш никакви примања.
    И да, човек со завршено образование и вистински интелектуални квалитети да остане на физичка работа како подолгорочно решение, а не како привремено снаоѓање - тоа е доказ за неправедноста и трулоста на општеството. Оние вицовите од типот „келнеров прави поубаво кафе оти е со диплома“ се повеќе тажни отколку смешни.
     
    На Sanjichka007, poenta, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  13. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    Оние што работат градежно, што мешаат малтер имаат дневница 500 ден.
    Оние што метат улици земаат 200 евра плата.

    А некои за леб немаат ама потценување им е да работат такво нешто.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Srcka $

    Srcka $ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2017
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    5.438
    Пол:
    Женски
    За општеството како општество не знам дали е виновно, но според мене државата е таа што одредува колку ќе биде минималната плата на секој работник а општество како народ не може многу да постигне ако е мала заедницата, еве на пример од кај нас платите се мали за да работеш во конфекција до дека во штип за некој процент се поголеми, значи колку општеството е големо толку и ќе бидат платите, но секоја работа има своја минималност до колку е платата.
    Не знам општо да кажувам но знам како е да живееш во сиромаштија, и не го укривувам општеството за тоа туку родителот, ако не е се потрудил да најде работа или само е чекал така да му најде некој, но никој така не дава, треба да се потруде да најде работа за да им обезбеде за дома но тоа некои не ги интересира.
    За младите што одат на факултет се надевам дека ќе си најдат работа според струката, но тоа тука во државава наша не е можно затоа што секаде е со врски со лаги со поткупувања и уште што не, и зошто да одам на факултет кога знам дека пак ќе работам за минимална плата, и ако веќе сум решила треба да имам цел за после јас да допринесам за општеството или за дома.
    Човек ако не биде упорен во тоа што си замислил нема да успее, и ако седе и чека и ќе си живее сиромашно.
    Некои луѓе сврзуват крај со крај, за тие што зимаат минимална плата.
     
  15. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    сиромаштијата преминува во личен неуспех само ако живее во развиено опшество
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.