Здраво, Не ја сретнав темава, ако ја има може корпа право Вака, го порачав сирупот по препорака од пријатели кои видно беа ослабени и го пијам веќе 3 дена. Можам да кажам дека столицатата ми е видно изрегулирана, за слабеење рано е да ви кажам. Се пие 43 дена, насабајле и навечер по една лажица и има резултати во обем видливи. Ме интересира дали вие имате искуство со овој сируп и дали сте го пиеле во бременост. Да напоменам дека е природен 100% се состои од мед, лелено семе, зелен чај, цимет и уште нешто имаше и пишува дека не се препорачува за доилки и бремени жени. Зошто е тоа така ако е веќе на природна база ме интересираше. Чекам ваши искуства.
Сум користел многу врсти на суплементи и на сите пишува дека не е препорачливо за трудници или доилки да пијат било каков додаток. Тие се правени лабараториски и не се знае дали има некое недозволено средство. Сите суплементи се правени на природна база но и содржат некоја супстанца која сепак штети за време на бременост.
ГО ПОРАЧАВ СИРУПОТ. ЌЕ КАЖАМ РЕЗУЛТАТИ. ПИШУВА И ДО 10КГ МИНУС СО ЕДНО ШИШЕ 1.КГ 1000ДЕН. ЌЕ СТИГНЕ ОВИЕ ДЕНОВИ ПА ЌЕ ПИШАМ. ДАЛИ НЕКОЈ ГО КОРИСТИ?
Не е само заради тоа. Првенствено бремени жени и доилки не смеат да држат било какви диети, поради штетноста од истите за плодот, најчесто поради опасност за намалување на квалитетот на крвта, преку која се исхранува ембрионот додека е во мајчината утроба, или намалувањето на количината на мајчиното млеко додека дои. Секако, во бременост воопшто не треба голем калориски внес, но балансирана и здрава исхрана која го снабдува плодот со сите потребни нутритиенти, а воедно и спречува создавање на прекумерна телесна тежина кај мајката. Па и покрај тоа, се препорачува дополнителен внес на фолна киселина, магнезиум,калциум, и ред други минерали, неретко и железо по препорака на доктор, секако. Друго, има многу природни состојки кои поттикнуваат контракции и поради тоа се одбегнуваат во поголемиот дел од бременоста, додека некои се употребуваат непосредно пред породувањето за да ги олеснат контракциите како урмите. Па можеби и овој лек има некоја таква состојка, или состојка за која не е испитувано како би влијаела, па за дополнителна сигурност не се препорачува во бременост или при доење, заради можност од нејзино излачување во мајчино млеко.
Многу нешта кои се природни не се препорачуваат во бременост. Зошто би пиела препарат за слабеење во бременост? Конкретно за овој производ - ленено семе и зелен чај не се препорачуваат во бременост, затоа колку и да е природен стои предупредувањето.
Се порачува од фб, honey slim Macedonia се вика страната, 1150 со се достава ми фати. Го пијам веќе 4 ден, околу 2 кг имам симнато. Јадам најнормално. Битно е да се пие една чаша вода одма после сирупот. Инаку не сум бремена, работам на случајот затоа прашував
А зошто сами не си го направите сирупов и ќе бидете сигурни дека сто процентно е на природна база без додатоци и разредувачи. За 1000 ден сум скептик малце дека е ол нечурал.
Јас си правам зелен чај, неколку зрна ким, неколку зрна лен, лажица мед и цеден лимон, пијам наутро и после ручек
Toп. Можеш и во чаша јогурт на празен стомак одсабајле смељано ленено семе да ставиш 2 3 лажици. Дава енергија, ем здраво и заситува ептен.
Го правев ова во кефир, но 3 недели со намена чистење на огранизмот. И секојдневна употреба на лен не чини.
И јас се хранам здраво, пазам што ставам во уста меѓутоа резултати не сум видела на линија досега. Секако се слабее ама побавен е процесот. Мене ми требаше за овој месец да видам резултати, го зедов сирупот и ќе го пијам секако, за понатаму ќе видиме, најверојатно нема да ми треба веќе. Откако видов резултати што се гледаат од авион, не ни размислив дали да го порачам.. одма другиот ден
Една моја познаничка го пие веќе нарача и второ шише. Вака од првото ослабна 6кг со видливи резултати баш околу стомакот се стопила со нормално јадење и без вежбање..е сега со второво шише не знам не сум ја видела.. Искрено и јас се мислам да си го нарачам..Инаку има профил и на фб и на инстаграм " Honey Slim Macedonija sirup za slabeenje"
Исто и јас прочитав доста негативни коментари па се мислам..Ако се идлучам да го нарачам обавезно ќе пишам
За 4 дена симнав 2кг. Се осеќам полесно како да ми е исфрлена вишокот вода што ја имав во организмот ( заради тироидната ), рано е за видливи резултати штознам, ама мислам дека другата недела веќе ќе се познава на мене