Извини вака, сега стана од спиење? Прашувам зошто првата доза се зема сабајле (или поручек зависи) ама на гладно. И одма после тоа чаша вода
Станата Станата сум рано сабајле, ми стигна во 9 тогаш и ја испив првата доза, интернетот ме зеза и дури во 12:30 се објавило.
Демек сите тие во теретана шо вежбат, се будали што пазат на 300 исхрани, вежби, тренери а вие со шишенце со некаков суруп ќе ослабите до 10 кг ?
Ако имате бубрези за фрлање слободно земајтего сирупот. Читав на фб за 4 дена ослабеле 2 кг. Дал да плачам дал да се смеам..... Симнав 10 кг од кој миниум 6 кг се од вода итоа со диета carb cycle,тешки напорни вежби и со перфекна исхрана и суплементациа. Суплементов ви е само зелен чај и кофеин внатре и сите што го користат имат плацебо ефект. За ваша информација,овај производ се прави во визба во бугарија и се декларира во македонија со висока цена а набавна цена е 1 евро. Работев во бугарија и таму го пробав овај чудотворен напиток. Ќе си ги барате бубрезите,пазете што правите. Сепак само успех
Обично овие нешта најчесто се неуспешни. А во случајот кога се - најчесто не се трајни. Односно, симнатите килограми повторно се враќаат. Зашто, нели, не можеш цел живот да пиеш од сирупот )))) Останува само тоа дека исхраната и начинот на живот се пресудни. Може салото и со операција да ти го тргнат, ама ако после операција продолжиш да јадеш нездраво - килограмите, природно, пак ќе си се вратат. Плус, нус-појавите... Не знам. Советувам убаво да си размислите пред да употребите нешто вакво. Конкретно, не го познавам, не сум чул за чајов, да не испадне дека правам анти-реклама... Ако е функционален и се потврдило тоа - кулче.
Вака, нормално е дека ќе има скептици, ако нема скептици нема да има ни дискусија Сирупот е прво нешто што го имам порачано за слабеење ВО ЖИВОТОТ. Значи јас дури не видам со сопствени очи резултат, нема шанса да се избрзам и да порачам било што, а и плус ако не проверам претходно дали е се како што треба со состојки. Друга работа, ако гледаме така, дали ќе ги изгубиме бубрезите од едно шише, бубрези можеш да изгубиш недајбоже, ама буквално и од ништо. Смејте се и плачете колку сакате тоа со килограмите е точно. Тие што одат во теретана се упорни, јас не сум. Како што напоменав погоре, битно ми беше овој месец да симнам неколку кг (околу7-8 поточно) .. за после нема да ми треба и 100 кг да станам.
Во потполност се согласувам со тебе. И јас сум толку многу убедена дека ќе има позитивни резултати и кај мене.
одлично се мислам да го порачам, известувај што како а со храната како ти оди? за колку време ти стаса од нарачка?
Ми стигна одма утредента. За јадење јадам најнормално, како и пред сирупот. Погоре пишав мислам како се пие, да припазиш на тој дел.